АТИНА - ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД, Грција

Актуелно патување

АТИНА - ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
АТИНА - ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД АТИНА - ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
АТИНА - ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД АТИНА - ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД

AТИНА - 28-31.03.2025

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Вклучено во цената: 

-Превоз со високо туристички автобус

-2 ноќевања со појадок во хотел okolina na Atina / Glifada

-Организиран разглед на градот со локален водич

-Организација и водство на патувањето

Не е вклучено во цента:

-Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 50е -

Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е ( задолжителна факултатива )

-Туристичка такса 1,5е по oсоба од ден

-Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)

-Патничко осигурување

Важно :Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари

За сингл соба цената изнесува 164 евра

Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79e Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот. Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна. Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

План за патувањето

Прв ден 28.03.2025 (петок) Состанок на групата во 22:00 пред TA DORI -Gevgelija Поаѓање во 22:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

Втор ден 29.03.2025 (сабота) АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.Смествање во хотел. Слободно попладне.Вечерта слободно време за одмор или индивидуална прошетка . 
 

Трет ден 30.03.2025 (недела) Атина-Коринт-Пелопонез

Појадок.Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна. Слободно време за одмор и / или препорачуваме ноќна прошетка .

Четврти ден 31.03.2025 (понеделник)

Појадок.Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.Слободно време и заминување кон Македонија.Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.

Цена со рана уплата до Feb. 20, 2025

129 ЕУР / Лице

Целосна цена

159 ЕУР / Лице

4 dena

March 28, 2025

March 31, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070