Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Што е вклучено:
28.03.2025 (Петок) – Македонија
Состанок на групата во вечерните часови и поаѓање кон Црна Гора. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи.
29.03.2025 (Сабота) –ОСТРОГ – БУДВА
Пристигнување на Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, изидигнад над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпостуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетите од сите религи и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот,слободно индивидуално време. Сместување во хотел. Ноќевање.
30.03.2025 (Недела) – БУДВА – ДУБРОВНИК
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море. Разглед на градот со водич… Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва. Сместување во хотел. Ноќевање.
31.03.2025 (Понеделник) –ТИВАТ – КОТОР- МАКЕДОНИЈА
Одјавување од хотелот. Заминување на факултативните прошетки. Првото место што се посетува е местото Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно веме. Во договорено место и време се собират од Будва и поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија после полноќ.
Цена со рана уплата до March 10, 2025
109 ЕУР / Лице
Целосна цена
129 ЕУР / Лице
4 dena
March 28, 2025
March 31, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070