Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Света Гора или, официјално, Автономна Монашка Држава Света Гора – е автономна област на третиот крак од полуостровот Халкидики во Грција. Претставува еден од најзначајните православни центри во светот. Света Гора или Атос воедно е име и на познатата планина на полуостровот по која е наречена монашката држава. Според грчкиот Устав, планината Света Гора е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на Вселенскиот патријарх од Цариград. Покрај манастирите постојат уште и 12 скитови, помали монашки заедници, како и многу осамени монашки ќелии на целата територија на полуостровот. Само на монасите им е дозволено да живеат на Света Гора, и моментално на неа живеат околу 2.000 монаси. Ниту една жена нема пристап на Света Гора. Дури и животните женки се забранети (освен, како што велат, мачки и кокошки). Светогорските манастири имаат богати ризници на средновековни богатства, како икони, литургиски одежди, крстови, путири, кодекси и други Христијански документи, свети мошти и друго. Единствениот начин да ги откриете добро чуваните тајни, е крстарењето покрај кракот на дозволените 500 метри оддалеченост. На ова крстарење ќе почувствувате неверојатен мир и спокој, кој произлегува од чистотата, светоста и тишината на самата околина.
Уранополис е гратче на северот на полуостровот Атос, во подножјето на истоимената планина, и е последно туристичко место на границата кон Светата Гора. Воедно, неговото пристаниште е и појдовна точка за сите оние кои одлучиле да ги посетат манастирите. Со местото доминира стара византиска кула која датира од ХIV век – денес музеј во кој се наоѓаат христијански антиквитети од Халкидики. Во самиот град има многу продавници со разни верски мотиви и рачни изработки од монасите од Света Гора. Исто така, постојат и многубројни ресторани, традиционални таверни, барови, кафетерии, слаткарници…од кои се ужива во прекрасниот залез на сонцето.
Ден 1:
Тргнување во 23:00 часот на 30.04 од Делчево. Можност за организиран превоз од други градови. Патот води кон граничен премин Богородица. Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.
Ден 2:
Пристигнување во утринските часови во манастир Каково (посветен на мајката Божја т.е Источен Петок Балаклија) метох од манастирот Хиландар на Света Гора и отверен пристап за жени. Во необична природна убавина, во предворјето на Света Гора на исток од Халкидики , недалеку од Стагира, родното место на филозофот Аристотел, во подножјето на планината Какавос, по која го добила името, се наоѓа метох на манастирот Хиландар Каково. Се среќава при патување од правец на Ставрос, односно Стратони, на околу 7 километри пред Јерисос, десно. Зафаќа голема површина од 1650 хектари, од кои најголемиот дел е под шума. Ова е најважниот имот на Светиот манастир Хиландар надвор од Света Гора. Се упатуваме кон Уранополис од каде што започнува уникантото крстарење кон планината Атос (4 часа).
Цена со рана уплата до April 20, 2025
35 ЕУР / Лице
Целосна цена
40 ЕУР / Лице
1 dena
April 30, 2025
May 1, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070