ПАРИЗ ЗА 8 МАРТ, ФРАНЦИЈА

Актуелно патување

ПАРИЗ ЗА 8 МАРТ
ПАРИЗ ЗА 8 МАРТ ПАРИЗ ЗА 8 МАРТ
ПАРИЗ ЗА 8 МАРТ ПАРИЗ ЗА 8 МАРТ

ПАРИЗ 08-11.03.2025

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

 

–       Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје

–       Аеродромски такси

–       Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

–       Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром

–       Сместување во Хотел 3*  на база 3 ноќевања со појадок.

–       Организиран разглед на Париз

–       Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

–       Дополнителен багаж: кабинска торба 10кг  (55 x 40 x 23 cm) , чекиран куфер до 10кг или чекиран куфер 20кг – цените на куферите ќе ги добите во агенција.

–       Туристичка такса 750 мкд  – се плаќа во агенција

–       Карти за јавен превоз (метро)

–       Патничко-здравствено осигурување

–       Доплата за еднокреветна соба 10.980 мкд

 

Цена на факултативи:

 

-Версај  –  вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич, трансфер

За возрасни 80 евра . За деца до 18 години   65 евра.

-Лувр –  вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич.

За возрасни 65 евра. За деца и младинци до 18 години 45 евра.

-Ajфелова- 22е (за младенци до 24 год - 11,20е), (за деца до 11год-5.70е), (деца до 4год гратис).

-Крстарење по Сена - 30е (деца до 12 год- 20е)

План за патувањето

Прв ден 08.03.2025 (сабота)

Состанок на групата на аеродромод во Скопје во 11:00 часот.Полетување за Париз во 13:10 и пристигнување во Париз во 16:20 часот.Сместување во хотел и слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

 

Втор ден 09.03.2025 (недела) ПАРИЗ - Ajфелова кула, Панорамски разглед на Париз, Лувр и Крстарење по Сена

Појадок.Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембур.Попладне, посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите…

Во вечерните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро).Потоа препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Mожност за посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Продолжуваме до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

Трет ден 10.03.2024 (понеделник) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ

Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило….Можност за прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер. Ноќевање.

 

Четврт ден 11.03.2024 (вторник) ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 16:50 часот. Пристигнување во 19:35 часот.

 

 

 

 

Цена со рана уплата до Feb. 15, 2025

439 ЕУР / Лице

Целосна цена

499 ЕУР / Лице

4 dena

March 8, 2025

March 11, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070