САРАЕВО ЗА 8 МАРТ, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Актуелно патување

САРАЕВО ЗА 8 МАРТ
САРАЕВО ЗА 8 МАРТ САРАЕВО ЗА 8 МАРТ
САРАЕВО ЗА 8 МАРТ САРАЕВО ЗА 8 МАРТ

САРАЕВО 06-09.03.2025

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација
  • Сместување во хотел  на база 2 ноќевања со појадок
  • Разгледување на Сараево со водич
  • Придружник на групата
  • Посета на Вишеград

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 270 денари
  • Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар – 30 евра
  • Влезници за културно-историските споменици
  • Крстарење по Дрина 15 eвра
  • Разглед и посета на Дрвенград 5 евра
  • Туристичка такса 250 денари по лице

План за патувањето

1 ден (четврток) 06.03.2025 Македонија – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

2 ден (петок) 07.03.2025-Сараево
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант,  улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Од 20 часот следи факултативна свечена вечера или слободно време. Ноќевање.

3ден (сабота) 08.03.2025 Сараево – Мостар – Сараево.
По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со  водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање. Слободно време. Ноќевање.

ден (понеделник) 09.03.2025 Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кочани.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија

Цена со рана уплата до Feb. 15, 2025

99 ЕУР / Лице

Целосна цена

129 ЕУР / Лице

4 dena

March 6, 2025

March 9, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070