Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Венеција едноставно плени сос своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади… Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел.Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација… Црквата Св.Марко и огромниот истоимен плоштад се срцето на Венеција, каде што се почнува и завршува, па и волшебниот Венециски Карневал..Дозволете си романтична прошетка со гондола низ живописните канали и невообичаен поглед на прекрасниот мост Rialto, кој ги поврзува шесте квартови на Венеција.Венеција, едноставно, мора да се доживее, а воодушевувањето гарантирано нема да изостане…
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
Нема намалување на цената за сопствен превоз
ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст
НАПОМЕНИ:
1ден (четврток) 17.04.2025
Состанок на групата во попладневните часови пред ТА Амор Травел. Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.
2ден (петок) 18.04.2025 Трст –Оutlet Noventa Di Piave – Лидо Ди Јесоло. Пристигнување во Трст во претпладневните часови.Продолжуваме со панорамски разглед на градот со посета на Понторосо, црквата Св. Спириндон, Римскиот театар, црквата Сан Антонио Нуово, плоштадот на Италијанското единство.Слободно време за индивидуални активности.Состанок со групата на претходно договореното место во пладневните часови и продолжување во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Палманова. Патување и сместување во хотелот. Ноќевање.
3ден (сабота) 19.04.2025 Лидо Ди Јесоло – Верона – Милано
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет во Верона и Милано: градот на Ромео и Јулија, плоштадот Бра, Арена, плоштадите Ербе и Сињорија, палатата и гробницата на семејството Скалијери, куќите на Ромео и на Јулија. Враќање од Верона и посета на Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот. Дуомо–катедрала софасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.
4ден (недела) 20.04.2025 Лидо Ди Јесоло – Венеција – Кочани.
Појадок. Одјавување од хотелот. Факултативен излет во Венеција: Слободно време за индивидуални активности. Тргнување за Македонија во попладневните часови.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.
5ден (понеделник) 21.04.2025 – Кочани.
Враќање во Кочани во раните утрински часови во зависност од задржувањето на границите и условите на патот.
Цена со рана уплата до April 11, 2025
139 ЕУР / Лице
Целосна цена
159 ЕУР / Лице
5 dena
April 17, 2025
April 21, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070