7 ноќно крстарење во Грција, ГРЦИЈА

Актуелно патување

7 ноќно крстарење во Грција
7 ноќно крстарење во Грција 7 ноќно крстарење во Грција
7 ноќно крстарење во Грција 7 ноќно крстарење во Грција

7 ноќно крстарење во Грција

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ВКЛУЧЕНО

  • ✅ Сместување во внатрешна кабина ( за надворешна кабина со прозор се доплаќа)
  • ✅ 7 Ноќевања, 8 дена на бродот крузер Celestyal Journey
  • ✅ Пакет (појадок, ручек , вечера)
  • ✅ Безалкохолни пијалоци,газирани и негазирани пијалоци,сокови,филтер кафе, чај ,за време на оброците во вклучените ресторани на бродот.
  • ✅ Разглед на Атина со локален водич - (Вклучено во цена за патниците со организиран превоз)
  • ✅ Прошетка во стара чаршија Кушадаси со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Прошетка во Родос со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Прошетка во Крит (Агиос Николаос) со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Прошетка во Фира - Санторини со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Прошетка во Адамас - Милос со претставник од Кри-Турс
  • ✅ Пристанишни такси (289 €) вклучени во цената
  • ✅ Шатл за Миконос
  • ✅ Шатл за Санторини
  • ✅ Шатл за Милос
  • ✅ Дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација, забавни програми , претстави , музички програми во барови , анимации (јога, танц, итн)
  • ✅ Користење на базен и џакузи( согласно временските услови) фитнес центар и сауна
  • ✅ Бесплатен основен Wi-Fi Основниот Wi-Fi овозможува основно пребарување, е-пошта и пораки. Социјалните медиуми и стримингот бараат надградба, достапна на бродот.
  • ✅ Претставник од Кри-Турс во текот на цело патување и крстарење
  • Кабини

    ✅Внатрешна без прозор

    ✅Надворешна со окно

    ✅Надворешна со прозор

    ✅Надворешна со прозор (повисока категорија)

 

НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • ❌ Организиран автобуски превоз до Атина (Поаѓања од Скопје, Велес, Неготино, Битола) - 100€
  • ❌ Патничко осигурување
  • ❌ Факултативни екскурзии кои се организирани или надградени на лице место
  • ❌ Жичара за качување и слегување на Санторини (околу 10 евра по правец)
  • ❌ Услуги во салон за убавина и спа центар
  • ❌ Медицински услуги
  • ❌ Индивидуално користење на екскурзии ,кои бродот ги организира како факултативи со доплата
  • ❌ Влезници
  • ❌ Групни или индивидуални трансфери
  • ❌ Владина такса на островите: (Мај) – Миконос и Санторини 12 еур/лице, останати пристаништа 3 еур/лице || (Јуни - Септември)– Миконос и Санторини 20 еур/лице, останати пристаништа 5 еур/лице.

 

План за патувањето

ПЛАН И ПРОГРАМА

1 Ден - (петок) - Состанок на група и поаѓање за Атина
Состанок на групата во вечерните часови во Битола, попатни трансфери од Скопје, Неготино, и поаѓање за Атина, преку граничен премин Богородица - Гевгелија
 
2 Ден (сабота) - Качување на крузер во Атина
Пристигнување во пристаништето на Атина во утринските часови, чекирање на крузерот, сместување, и можете да започнете со истражување  и  уживање на  крузерот, храна, забави ...Во 17:00ч. крузерот  го напушта пристаништето на Атина, ја започнува својата пловидба и се упатува кон Кушадаси…
 
3 Ден - (недела) - Кушадаси (Турција)
Пристигнување во Кушадаси (Турција) во 08:00ч.
 Испловување за Родос во 18:00ч.
 
4 Ден - (понеделник) - Родос (Грција)
Пристигнување на Родос (Грција) во 08:00ч.
Испловување за Агиос Николаос (Крит) во 18:00ч.
 
5 Ден - (вторник) - Крит - Агиос Николаос (Грција)
Пристигнување на Агиос Николаос (Крит) во 08:00ч.Испловување за Санторини во 20:00ч.
6 Ден - (среда) - Санторини (Грција)
Пристигнување на Санторини во 08:00ч. 
Испловување за Миконос во 22:00ч.
 
7 Ден - (четврток) - Миконос (Грција)
Пристигнување на Миконос во 08:00ч.
Испловување за Милос во 02:00ч.
 
8 Ден - (петок) - Милос (Грција)
Пристигнување на Милос во 08:00ч. 
Испловување за Атина во 18:00ч.
 
9 Ден - (сабота) - Атина (Грција)
Крузерот не враќа во пристаништето на Атина, од каде што го започнавме нашето крстарење.Слегуваме од бродот, но нашата приказна сеуште трае, продолжува, во Атина, градот  именуван по  божицата Атена, славна и безвременска, каде што античките урнатини се среќаваат со просперитетна метропола, од  иконскиот Акропол кој величествено гледа на градот до раздвижените таверни кои нудат  деликатеси, Атина плете волшебна таписерија од историја, кујна, уметност и ноќен живот што сигурно ќе ги зароби сетилата ...

Разглед панорамски на Атина со локален водич.(Разгледот е вклучен во цената за патниците со организиран превоз). Во 14:30 ч. поаѓање за Македонија, попатни паузи...Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Термини

Поаѓање Враќање Цена
17.07.2026 25.07.2026 799.00€
07.08.2026 15.08.2026 899.00€
04.09.2026 12.09.2026 799.00€

 

Цена со рана уплата до June 30, 2026

799 ЕУР / Лице

Целосна цена

899 ЕУР / Лице

7 dena

July 17, 2026

Sept. 12, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070