АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ЗА 24ти МАЈ, Грција

Актуелно патување

АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ЗА 24ти МАЈ
АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ЗА 24ти МАЈ АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ЗА 24ти МАЈ
АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ЗА 24ти МАЈ АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ЗА 24ти МАЈ

Античка Македонија

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** во Паралија, на база на 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници при посета на музеите и археолошките локалитети
- Патничко здраствено осигуривање 
- Туристичка такса од 5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот

НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
- За овој аранжман важат општите услови на Амор Травел 

План за патувањето

23 мај (сабота)    СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 06:30 часот наутро. Поаѓање за Грција во 07:00ч. кон граничниот премин Богородица - Евзони. Попатна посета на Солун. Разглед на градот; Виа Игнатиа, црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7-ми век, Римскиот форум, црквите РотондаСв.Софија, плоштадот АристотелисБелата кула... можност за посета на Археолошкиот музеј во кој се изложени значајни ископини пронајдени на македонските - антички локалитети. Попладне, патувањето продолжува кон Паралија. Сметување во хотел. Слободно време за одморНоќевање.

24 мај (недела)     ДИОН – ОЛИМП – ЛИТОХОРО
Појадок. Заминување на прошетка низ регионот Пиерија. Посета на археолошки локалитет Дион со бројните ископини и остатоци од трите цивилизаци, посета на планинското градче Литохоро сместено во подножјето на планината Олимп кое нуди прекрасна можност за запознавање со старата архитектура во регионот Македонија, како и на етно селото “Palaios Panteleimonas” со можност за ручек во некоја од бројните таверни, или купување на етно-сувенири од домашно производство на локалните жители. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

25 мај (понеделник)     ВЕРГИНА – ПЕЛА – ВОДЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на целодневен излет низ регионот на Македонија со посета на археолошкиот локалитет Вергина (Кутлеш) - древната престолнина на македонскиот крал Филип Втори, локалитетот Пела (Постол) - престолнината на Античка Македонија од времето на Александар Македонски, градот Едеса (Воден) со неговите познати водопади како и Флорина (Лерин) со можност за куса пауза и попладневен ручек. Патувањето продолжува кон Скопје со пристугнување во вечерните часови.

Цена со рана уплата до April 1, 2026

109 ЕУР / Лице

Целосна цена

139 ЕУР / Лице

3 dena

May 23, 2026

May 25, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070