Атина, Пелопонез и Метеори за Св. Кирил и Методиј, Грција

Актуелно патување

Атина, Пелопонез и Метеори за Св. Кирил и Методиј
Атина, Пелопонез и Метеори за Св. Кирил и Методиј Атина, Пелопонез и Метеори за Св. Кирил и Методиј
Атина, Пелопонез и Метеори за Св. Кирил и Методиј Атина, Пелопонез и Метеори за Св. Кирил и Методиј

Атина, Пелопонез и Метеори

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организиран разглед на Атина и Метеори
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Влезница за Акропол - околу 30€ (цената е променлива)

- Влезници за Микена - околу 20€ (цената е променлива)

- Влезници за Епидаурус - околу 20€ (цената е променлива)

- Туристичка такса 1.5-5 € по соба од ден, наплата на рецепција во хотел (цената е во зависност од периодот на престој)

- Факултативна вечера во национален ресторан

- Влезници за музеите и културно-историските споменици

- Организиран разглед на Пелопонез и Арголида 35 €

- Патничко здраствено осигуривање

 

НАПОМЕНИ:

 

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници

- За овој аранжман важат општите услови за патување на Амор Травел 

План за патувањето

22 мај (петок)     СКОПЈЕ  АТИНА
Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

23 мај (сабота)     АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата портаСтариот Олимписки Стадион, Зевсовиот Храм,Атинската Агора,Древниот Акропол, новиот Акрополски Музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне. Можност за факултативна вечера во таверна на Плака со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

24 мај (недела)     АТИНА  ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (ги поврзува Егејското и Јонското море),Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Ноќевање.

25 мај (понеделник)     АТИНА  МЕТЕОРИ  СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири; нивните цркви, музеи и сувенирниции со несекојдневна можност за уживање ѝ во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Цена со рана уплата до Feb. 20, 2026

166 ЕУР / Лице

Целосна цена

166 ЕУР / Лице

4 dena

May 22, 2026

May 25, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070