Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ПАКЕТ со сите излети во вредност од 65 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 60 евра (плаќање во автобус)
ПРВ ДЕН – четврток (06.03)
СКОПЈЕ –АТИНА
Состанок на групата кај хотел Континентал во 17.00 часот. Поаѓање за Атина во 17.30 часот, преку граничен премин Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН – петок (07.03)
Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич, разгледување на најпознатите плоштади Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол (факултативно). Влезница за посета ова најзначајно здание во Атина е 20евра и е по желба. Се плаќа на лице место.
ЗОШТО АКРОПОЛ?
Кога ќе се спомене стара Грција, веднаш ве асоцира на Атина, на Акрополот со неговите познати храмови, на совршениот склад на убавината и беспрекорноста, на “симбол на вистинскиот хуманизам“, на центарот на класичниот свет.
Според преданијата, Athena и Poseidon некогаш се спореле околу превласта над градот Атина. Poseidon ја докажувал својата сила удирајќи со својот тризабец по карпата Акропол, а веднаш после тоа од истото место започнало да извира вода. Божицата Athena, после тоа, на голата карпа засадила маслиново дрво кое веднаш почнало да цвета. Poseidon, признал дека бил победен, а светото маслиново дрво на божицата Athena го бранела Акрополот од сите надворешни напади. Врз основа на докази, утврдено е дека жолто-сината карпа од вар, која се издигнувала 156 метри над морето, а 80 метри над Атина била наречена Акрополис – овој назив значи “Горен град“ и многу често бил користен за ископувања и за истражување на стара Грција – уште од неолитско време, пред 4000 години, се смета дека бил создаден. Првата утврдена палата, била изградена во времето на микенската цивилизација. Остатоците на ѕидините од тоа време, околу 1200 години пред нашата ера, останале зачувани. Грците во шестиот век пред нашата ера, меѓу останатото, изградиле и еден храм посветен на божицата Athena, монументална влезна врата и светилиште на богот Nike. На сите овие градби, не им било судено да опстанат долго време. Персијците во периодот од 480-479 година, ги срамниле со земја. Temistokle и Kimon наредиле да се израмнат само рововите и повторно да се изградат. Како материјал ги користеле остатоците од старите храмови. Подоцна ископувањето овозможило да се здобијат со драгоцени податоци за изгледот на првите грчки градби на Акропол. Меѓу останатото, биле пронајдени склуптури од старите храмови обоени во јаки бои. Војсководецот и диктаторот Perikles, од 461 година пред нашата ера, владеел со Атина и наредил на ридот Акропол да се изградат градбите на чии што остатоци и ден денешен се воодушевуваме. Во 448 година, била основана комисија на градители, меѓу кои биле истаканати вајари – меѓу нив и Fidij – архитекти и сликари. Сојузната благајна била против повторното градење, бидејќи биле потребни огромни количини на парични средства за реализација на овој проект.
Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН сабота (08.03)
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Одиме во посета на Коринтскиот канал, познатиот канал кој го дели полуостровот Пелопонез од грчкото копно, односно ги поврзува Саронскиот со Коринтскиот Залив во Егејското Море, со само 21,3 метри во ширина и е еден од најтесните поморски канали во светот, кој претставува вистинска туристичка атракција во светски рамки. Коринтскиот Канал е долг 6,4 км, висок 63 м, но поради неговата „кнап“ ширина им претставувал ноќна мора на многу капетани на бродови кои морале да минуваат низ него. Името го добил по блискиот град Коринт кој се наоѓа во западниот краен дел на каналот.
Следува посета на најакустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус. Грчкиот географ Паусанија, од вториот век н.е., напишал дека во Епидаурус‚ се наоѓа најзначајниот театар на античкиот свет. Иако римските театри се повеличествени и поимпозантни, ниеден архитект не може да се натпреварува со убавината и складноста на театарот во Епидаурус, кој бил откриен од страна на љубопитен грчки археолог во 19 век и започнале ископувања. По шест години напорна работа, ископувањата изнеле на виделина еден импозантен, речиси неоштетен театар. Според археолозите, овој театар го изградил некаде околу 330 пр.н.е. Поликлет Помладиот, прочуен вајар и архитект од блискиот град Аргос. Современиот архитект Манос Перакис го одразува општото гледиште на истражувачите кога го нарекува Епидаурус „најпрочуен и најзачуван грчки театар“.
Откривањето на театарот во Епидаурус е важно и за археологијата и за архитектурата. Додека повеќето од преостанатите антички театри претрпеле делумно уништување или биле реконструирани, театарот во Епидаурус останал неоштетен низ вековите затоа што бил на сигурно, покриен со повеќе од 6 метри земја.
Театарот во Епидаурус е прочуен по својата извонредна акустика. „И најмалиот звук — длабок здив или кинење хартија — може јасно да се чуе дури до последниот ред седишта“, вели професорот по археологија С. Е. Е. Јаковидис.
Кога го посетуваат овој театар, многу туристи сакаат да застанат на средината на оркестарот и да рецитираат поеми, да пеат песни или да им шепотат на своите пријатели кои седат во највисоките редови. Тие се импресионирани од извонредниот начин на кој звукот се пренесува до секој ќош од овој голем аудиториум.
За ваквата добра акустика е заслужен амфитеатарскиот, полукружен облик на театарот во Епидаурус.
ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ВО ТЕАТАРОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНА ВО ПАКЕТОТ И Е ПО ЖЕЛБА – 12 евра по лице
По овој неверојатен театар, следува посета на уште поневеројатен град, гратчето Нафплион – Првата престолнина на Грција. Се наоѓа во периферијата Пелопонез. Градот Нафплион е значаен во историјата на современа Грција како нејзина прва престолнина во периодот од 1829 до 1834 година, за подоцна градот Атина да ја превземе оваа улога. Градот е сместен на мал полуостров на врвот на Арголискиот залив. Денес, овој шармантен град претставува важен туристички центар во Грција, кој привлекува голем број на туристи поради прекрасната архитектура, малите тесни сокачиња. Слободно време за прошетка или кафе.
Денот го завршуваме со посета на Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Позната како дом на легендарниот крал Агамемнон кој Грците ги повел во Тројанската војна. Кралскиот гроб кој го има откриено Шлиман успеал да зачува големи богатства, меѓу кои најзначајното е позната златна посмртна маска. Овој антички град не без причина се нарекува лулка на Грција. Тој е максимално исполнет со духот на античките херои кои извршиле подвизи во име на боговите на Олимп, како и невиден луксуз, на кој би можеле да позавидат сите царства на светот.
ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ЗА МИКЕНА ЧИНИ 12 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (не е задолжителен влез)
Во вечерните часови предлагаме прошетка на Монастираки, Плака или најпознатата улица Ерму, популарна за шопинг.
Ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН недела (09.03)
По појадокот се одјавуваме од хотелот и одиме на прекрасен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион – најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон, како и омилена точка за дочекување на зајдисонцето на атињаните. На околу еден час возење од Атина, со филмски сцени, се стигнува до Сунион. Иако неговата позната статуа е одамна е безбедно затворена во Националниот археолошки музеј во Атина, големиот Посејдон не бара бронзен реквизит за да се осети неговото присуство.
ВЛЕЗНИЦАТА ЗА ХРАМОТ НА ПОСЕЈДОН Е 10 евра.
По посетата, патувањето продолжува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во раните утрински часови 10.03
НАПОМЕНА:
Цена со рана уплата до Jan. 15, 2025
135 ЕУР / Лице
Целосна цена
169 ЕУР / Лице
4 dena
March 6, 2025
March 9, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070