Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот... Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Ст. Тропе+Ница и Антиб+Монте Карло - 130€
НАПОМЕНИ:
1 ДЕН 01.10.2026 СКОПЈЕ
Состанок на групата во договорено време и место. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 02.10.2026 КАН
Oчекувано пристигнување во Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината..Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
03 ДЕН 03.10.2026 АНТИБ –НИЦА :
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб... Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)...и потоа посета на кралицата на Азурниот брег - Ница. .. продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан. Ноќевање.
04 ДЕН 04.10.2026 КАН - СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО
По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата... Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
05 ДЕН 05.10.2026 КАН – ФРАГОНАРД во ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 23 Еур). Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
06 ДЕН 06.10.2026 СКОПЈЕ: Очекувано Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена со рана уплата до June 30, 2026
269 ЕУР / Лице
Целосна цена
309 ЕУР / Лице
6 dena
Oct. 1, 2026
Oct. 5, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070