БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-РИМ, ИТАЛИЈА

Актуелно патување

БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-РИМ
БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-РИМ БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-РИМ
БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-РИМ БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-РИМ

БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-РИМ ЗА ПРВИ МАЈ

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Во цената е вклучено:

-Aвтобуски превоз за дадената релација

-3 ноќевањa на база со појадок

-Пратител за време на патувањето

 

Во цената не e вклучено:

-Индивидуални трошоци

-Патничко осигурување-300 ден.

-Туристичка такса 

-Пешачка тура со локален водич - 20еур

-Доплата за кабина 

 

Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 65 евра

Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 35 евра

Разглед на РИМ – Антички Рим –  20 евра

 

План за патувањето

Прв ден 29.04.2026 (Среда)

Состанок на групата во 10:30ч во Кочани. Излез од Македонија преку граничен премин Богородица. Пристугнување на пристаништето во Игуменица, слободно време до поаѓање на бродот за Бари. Ноќно пловење. (можност за доплата на кабина)

 

 

Втор ден 30.04.2026 (Четврток) - Бари-Алберобело

Пристигнување во Бари, посета на базиликата Св Никола во Бари и поклонение пред моштите на светецот кои се наоѓаат во гробницата на базиликата Св Никола. Околу 12ч патот продолжува кон Алберобело. Алберобело уште го нарекуваат и главниот град на трулите, бидејќи тука има повеќе од 1.500 трули кои се на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1996 година.Алберобело е мал италијански град во кој ќе се заљубите на прв поглед а медитеранската клима, специфичните градби и гостопримливите жители, го прават ова место идеална дестинација за посетителите. Попладне заминување за Рим, пристигнување навечер, сместување во хотел. Ноќевање

 

 

Третти ден 01.05.2026 (Петок)- Рим Појадок. Панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви... 

Прошетка преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, познат и како уметничка четврт на Рим. Можност за краток одмор со уживање во вкусот на италијанското кафе. Слободна вечер за индивидуални прошетки.Враќање во вечерните часови. Ноќевање.

 

 

Четврти ден 02.05.2026(Сабота)- Ватикан Појадок Факултативна посета на Ватикан: Сикстинската капела Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар…. Слободно време запрошетка.Враќање во Рим. Ноќевање.  

 

 

Петти ден 03.05.2026 (Недела) -Тиволи Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела.  уживање во убавините на градот:Во договорено време упатување кон Игуменица. Траект. Враќање за Македонија.

Цена со рана уплата до Jan. 30, 2026

329 ЕУР / Лице

Целосна цена

369 ЕУР / Лице

6 dena

April 29, 2026

May 4, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070