Бари во Октомври 17.10-20.10.2026, ИТАЛИЈА

Актуелно патување

Бари во Октомври 17.10-20.10.2026
Бари во Октомври 17.10-20.10.2026 Бари во Октомври 17.10-20.10.2026
Бари во Октомври 17.10-20.10.2026 Бари во Октомври 17.10-20.10.2026

Oктомвриска авантура во Бари

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Бари, по големина е деветти град во Италија и е  главен град на истоимената област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Св.Никола, бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано ги привлекувале верниците. Бари претставува свет полн со историја, превкусна храна и градби кои Ви го оземаат здивот. Овој град е спој на градски туризам и плажирање. Токму овде на Бари, ќе најдете најубава пица и незаменлив Аперол, како и локалци кои спремаат домашна паста во своите дворови.Не дозволувајте да ви раскажуваат, придружете ни се и бидете вие тие кои ќе раскажуваат.

 

 

Што е вклучено во цената

  • Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
  • Директен лет на релација Скопје –Бари -Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: аеродром БАРИ – хотел – аеродром БАРИ
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

 

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
  • Туристичка такса 5е од ноќ по лице (се плаќа на рецепција)
  • Факултативен излет Посета на Алберобело,Матера и Полињано а Маре -60е (се плаќа на лице место) ЗАДОЛЖИТЕЛНА

 

План за патувањето

ПРВ ДЕН 17.10.2026 СКОПЈЕ - БАРИ

Состанок на групата на Скопскиот аеродром  во 19:45ч.Полетување кон Бари   21:55ч.По слетување во Бари,трансвер кон хотел ,сместување и ноќевање.

 

 

 

ВТОР ДЕН 18.10.2026 БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-БАРИ

Појадок, се упатуваме  на целодневна екскурзија во Алберобело кое е познато по своите  традиционални куќи  кои претставуваат еден од најголемите  безвременски  примери на италијанската  народна архитектура.Локалните жители граделе ”трули” уникатни привремени куќи изградени  од камен.Прооцесот  на трансформација  и  обновување ,како и оргиналсноста на работа ,им обезбеди  на овие  згради  признавање на УНЕСКО како сдетско  наследство.Прошетка низ неколкуте  населби каде се наоѓа  најголемата концентрација  на Трули ,најголемата  Trullo  Sovrano ,poznata Oпштинска зграда ,неверојатниот видиковец  на квартот  на Трули, и секако специфичната катедрала  Сан Антонио,која  е изградена во истиот стил како и околните куќички .По прошетката ,следува слободно време ,за ручек ,аперитиво  и секако џелато .Во договорено време ,се упатуваме кон Бари. Ноќевање.

 

 

 

ТРЕТ ДЕН 19.10.2026 БАРИ-МАТЕРА-БАРИ

Појдок се упатуваме на целодневна  екскурзија во Матера .Градот Матера,кој беше европска престолнина на културата во 2019г ,стана познат во Италија по својот стар град,по познатите Саси ди Матера .Прошетката започнува на плоштадот Виторио Венето,движејќи се низ малите сокаци и скалите низ населбите кои се викаат  Саси,ќе ги видиме  и познатата Базилика  Дева Марија ,која е изградена од локалниот камен ,пештерската црква  св.Марија ,познатата шопинг улица  Corso ,Поради зачуваниот стар град ,кој поради неговите карактеристики  се најде на листата на светско наследство на УНЕСКО.Денешниот град брои  околу 60.000жители а интересно е што многу локални жители  живеат  во нивните домови  на предци  кои биле изградени  пред повеќе од 9,000 години.Благодарение на својата локација,Матеро го зачувала  стариот  низ вековите .Слободно време .Враќање во Бари. Ноќевање.

 

 

 

ЧЕТВРТИ ДЕН 20.10.2026 БАРИ-ПОЛИЊАНО А МАРЕ-БАРИ-СКОПЈЕ

Појадок .Напуштање на собите,и одјавување од хотелот.Во утринските часови  се упатуваме кон едно од најпознатите  летувалишта во близина на Бари, Полињано а Маре.Специфичната  локација  е местото  каде се наоѓа најпознатите плаж,и во регионот ,и местото каде водата е најчиста,благодарение на карпите  кои се направени од камен  Варовник, и придонесуваат за неверојатната тиркизна боја на Јадранското море .Овој град е изграден на самата карпа. Слободно време од неколку часа за прошетка низ градот .Се враќаме во Бари ,и прошетка низ историскиот дел  на Бари ,каде што се наоќа базиликата  Св.Никола,каде што се наоѓаат и моштите на истоимениот  светец.Ќе ги видиме  и норманскиот замок Свево и секако познатите баби  кои на улица ги прават познатите тестенини  Orecchiette. Слободно време за индивидуалнни активности.Во договорено време ,трансфер од хотелот до аеродром . Полетување за Скопје 22:40ч.

 

Цена со рана уплата до Sept. 16, 2026

379 ЕУР / Лице

Целосна цена

419 ЕУР / Лице

4 dena

Oct. 17, 2026

Oct. 20, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070