Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ВКЛУЧЕНО во ЦЕНА:
-Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 10кг
-Аеродромски такси
-3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Бари
-АРБЕЛОБЕЛО & ПОЛИЊАНО А МАРЕ(превоз, претставник од агенција)
-Превоз аеродром – хотел – аеродром
-Организација и претставник од агенцијата
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-екскурзии
-туристичка такса – 5 € по лице на ноќ (се плаќа во агенција)
-патничко осигурување
-влез во локалитети
ПРЕДЛОГ ЕКСКУРЗИJA
- МАТЕРА(превоз, претставник од агенција) - 80 € по лице
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЕКСКУРЗИИТЕ ПОТРЕБНО Е МИНИМУМ 16 ПАТНИКА !!
Ден 1
23.05. (сабота) | СКОПЈЕ – БАРИ
Состанок на групата два часа пред полетување, полетување во 21:55ч. од Скопје.Слетување во 23:05 ч. во Бари. По пасошки и царински формалности следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 2
24.05. (недела) | БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО - ПОЛИЊАНО а МАРЕ
Појадок.Предлог за денешниот ден е посета на Алберобело и Полињано а Маре. Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви, кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура. Локалните жители ја добиле идејата за изградба на трули, уникатни привремени куќи изградени од камен, со цел да избегнат високи плаќања кон владетелите во тој период. Процесот на трансформација и обнова, како и оригиналноста на делото, им обезбедија на овие градби признание за светско наследство. (УНЕСКО). А пак Полињано а Маре е едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља, која беше прогласена за една од петте омилени дестинации за летен одмор за Италијанците во 2016 година.Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери, му даваат посебен шарм на градот. Враќање назад во Бари каде што ќе имате слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Ден 3
25.05. (понеделник) | БАРИ - МАТЕРА
Појадок.Предлог за денешниот ден е посета на градот Матера. Возење низ живописната природа до градот Матера, кој беше Европска престолнина на културата во 2019 година и е на листата на светско наследство на УНЕСКО поради своите карактеристики. Интересно за овој град е што многу локални жители живеат во куќите на своите предци кои биле изградени пред повеќе од 9.000 години. Благодарение на својата местоположба, Матера го зачувала својот стар изглед низ вековите. Слободно време. Враќање во Бари. Ноќевање.
Ден 4
26.05. (вторник) | БАРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјава од хотел.Последниот ден е наменет за Бари. Прошетка низ историскиот дел на Бари, ќе ја разгледаме базиликата Св. Никола, каде се наоѓаат моштите на истоимениот светец. Ќе прошетаме по камените тесни улички , ќе можеме да видиме како рачно се изработуваат најпознатите тестенини во разни бои и форми Orecchiette. Слободно време за ручек, кафе, индивидуални прошетки. Во договореното време, трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 22:40 часот. Слетување на аеродром во Скопје во 23:50 часот.
Цена со рана уплата до March 31, 2026
409 ЕУР / Лице
Целосна цена
459 ЕУР / Лице
4 dena
May 23, 2026
May 26, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070