Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Во цената е вклучено:
-Авионски билет Скопје-БАРСЕЛОНА-Скопје
-Организиран трансфер Барселона аеродром-хотел-Барселона аеродром
- Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 40х30х20 см.)
-Сместување во хотел 3 ноќевањса на база со појадок
-Разглед на Барселона со водич
-Пратител за целото патување
Во цената не е вклучено:
-Факултативна посета - Жирона и Фигуерас - 80еур
-Факултативна посета- трите парка - 60еур
-Факултативна посета- Фламенко (по договор)- 55еур
-Патничко осигурување- 250ден. ( за сите денови)
-Туристичка такса 3еур (по ден од лице)
-Индивидуални трошоци
*Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција. Минимум број на патници за реализација на факултативните излети е 15.
ВАЖНО : Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници и се организирани од локална агенција.Странскиот партнер ја сноси целата одговорност за спроведување на факултативните излети.
НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Прв ден -10.05 (сабота) СКОПЈЕ-БАРСЕЛОНА
Состанок на групата во 17:00ч на скопскиот аеродром. Лет за Барселова во 18:50ч, предвидено време за слетување во 21:40ч. Трансфер до хотел. Ноќевање.
Втор ден 11.05. (недела) КОЛУМБО, МОНЖУИК, ШПАНСКО СЕЛО
Појадок. Поаѓање на панорамски разглед на градот со автобус со локален водич (српски јазик)…споменикот на Колумбо, Монжуик (опсерваторија), обиколка на Олимпискиот стадион, Шпанското село, Волшебните фонтани, продолжување до Шпанскиот плоштад, Gran Via, Paseo De Grazia, поминување покрај куќите на Гауди – Battlo и La Pedrera и прошетка околу Sagrada Familia (без влез). Враќање во хотел. Слободно време за слободни активности. Ноќевање.
Трет ден 12.05 (понеделник) ЖИРОНА И ФИГУЕРАС
Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување и шопинг. Можност за организирање на факултативна екскурзија – полудневен излет за Жирона и Фигуерас со обиколка на музејот Салвадор Дали. Поаѓање за Жирона, град кој се наоѓа во близина на границата со Франција. Посебен шарм на овој град му даваат ѕидините кои биле создадени како дел од одбраната на Еродро, кои датираат од римскиот период. Кулите се претворени во видиковец со прекрасен поглед на околината. Разглед на градот: прошетка низ центарот на стариот град, разглед на еврејскиот кварт, готската катедрала…слободно време. Патувањето продолжува до Фигуерас..посета на музејот на Салвадор Дали, кој е единствен во светот по својот необичен амбиент и фасцинантните експонати. Музејот е сместен во семејна куќа, а музејската поставка ја поставил самиот Дали. Враќање во Барцелона во доцните часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.
Четврт ден 13.05 (вторник) БАРСЕЛОНА
Појадок и одјавување од хотел. Можност за организирање на факултативна екскурзија (т.н. „Трите Паркови“) – Ciutadella, Tibidabo и Pueblo Español (Шпанско село), Ciutadella е поранешна тврдина и денес најубав парк во градот. Прошетка покрај Зоолошката градина во Барселона, Парламентот на Владата на Каталонија, романтичното езеро и централната фонтана, која е дело на каталонски архитекти, меѓу кои и Антоние Гауди. Потоа заминување до видиковецот Тибидабо, од каде можете да уживате во прекрасен поглед на Барселона. Панорамска обиколка на неоготската црква Sagrat Cor. По турнејата, патување до етнo – селото Пуебло Еспањол, кое е создадено во 30-тите години на 20. век како дел од проектот кој требаше да ја покаже различноста на шпанската селска архитектура. Слободно време. Лет за Македонија 22:15ч предвидено време за слетување во 01:00ч по полноќ.
Цена со рана уплата до Jan. 25, 2025
449 ЕУР / Лице
Целосна цена
499 ЕУР / Лице
4 dena
May 10, 2025
May 13, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070