Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14.40 часот. Полетување за Барселона во 17.20 и пристигнување во 21:10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока, источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот. Во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани…
Пауза за ручек. Индивидуални активности, препорачуваме посета на некои од обележјата на Барселона, како на пример Аквариумот – еден од најголемите и најубавите во Европа, стадионот Камп Ноу, жичницата Монжуик која нуди уникатен панорамски поглед (патувањето трае приближно 10 минути) и посетителите ќе можат да ја видат Барселона и нејзиното пристаниште во сиот негов раскош. Ноќевање.
Појадок. Препорачуваме факултативна организирана посета со превоз и локален водич на Фигерас, каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Музејот е сместен во неговата фамилијарна палата, а изложбата – компилација на уметнички дела од различни периоди – ја поставил самиот маестро.
Попатно на враќање, посета на убавото, живописно место Герона, кое се наоѓа на североисток на Шпанија, непосредно до француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, Катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичните куќички на брегот на реката Onyar…
Во вечерните часови, препорачуваме фламенко – можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци. Ноќевање.
Појадок. Факултативно, препорачуваме посета на паркот „Гуел“ – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO.
Веднаш потоа посета на готската Катедрала Саграда Фамилија, единствен храм по своето потекло, основа и цел. Плод на работата на генијалниот архитект Антони Гауди, проект промовиран од народот за народот. Пет генерации го гледаа напредокот на храмот во Барселона. Денес, повеќе од 140 години по поставувањето на камен-темелникот, продолжува изградбата на базиликата.
Посета на Шпанското село, кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Слободно време за индивидуални активности. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 20:55 часот и пристигнување во 23:40 часот.
Цена со рана уплата до Dec. 31, 2025
449 ЕУР / Лице
Целосна цена
599 ЕУР / Лице
4 dena
March 12, 2026
March 15, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070