Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
• Рачен багаж до 8 кг.
• Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром
• 3 ноќевања со појадок во хотел Hotel Best Auto Hogar 3*(централно подрачје) ,
• Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
Чекиран багаж, цена 3-4 дена пред полетување
Туристичка такса се плаќа во агенција – 5 € по лице на ден,
Билети за јавен превоз со метро
Патничко осигурување
Доплата за еднокреветна соба – 120 €
ФАКУЛТАТИВИ :
• Организиран разглед на Барселона со локален водич – 35 €
• Посета на Парковите на Барселона (Цитадела, Шпанско село, Тибидабо) трансфер, водич и влезници – 80 €,
• Посета на парк Гуел – 28 € (влезница, индивидуално)
• Фламинко шоу со пијалок - 55 €,
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДВЕ ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ !!
ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ФАКУЛТАТИВИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ ВЛЕЗ ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ФАКУЛТАТИВА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
1 ден: (14.11.2026 – сабота) - СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата во 10:35 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 12:35 ч. Пристигнување во Барселона во 15:30 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Во попладневните часови препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани . Ноќевање.
2 ден: (15.11.2026 – недела) - БАРСЕЛОНА (ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД, ПАРК ГУЕЛ )
Појадок во хотел. Пешачки разглед - Готскиот кварт (Barri Gòtic), историското срце на Барселона, со лавиринт од тесни средновековни улици, римски урнатини и шармантни плоштади. Сместено во областа Ciutat Vella помеѓу La Rambla и Via Laietana, во него се сместени главните знаменитости како катедралата во Барселона, Plaça Reial и Еврејскиот кварт (El Call)...Со метро се упатуваме кон катедралата Саграда Фамилија .Слободно време за фотографирање, кафе пауза, ручек ... Во попладневните часови е предвидена индивидуална посета на најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел , кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат неговите идеи за единството на уметноста и природата. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: (16.11.2026 – понеделник) - БАРСЕЛОНА (3 ПАРКА – ЦИТАДЕЛА,ШПАНСКО СЕЛО И ТИБИДАБО - ФЛАМЕНКО)
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто . Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
4 ден: (17.11.2026 – вторник) - БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Организиран трансфер до аеродром , полетување за Скопје во 16:00.Пристигнување во 18:45 часот .
Цена со рана уплата до Oct. 15, 2026
499 ЕУР / Лице
Целосна цена
549 ЕУР / Лице
4 dena
Nov. 14, 2026
Nov. 17, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070