Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Во цената е вклучено:
-Две ноќевања на Сребрено езеро
-Автобуски превоз
-Пратител за време на патувањето
-Посета на Манастир Тумане
Во цената не вклучува:
-Факултатива: Teмишвар-45е
-Факултатива: Белград- 20е
-Туристичка такса 2е од ден по лице
-Патничко осигурување 200ден
-Голубачка тврдина- 800RSD (400ден.)
06.03.2025 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ-ТУМАНЕ
Состанок на група во Кочани во 23:00ч. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија. (трансфери од Штип / Св Николе / Велес / Скопје / Куманово )
07.03.2025 (ПЕТОК)- ТУМАНЕ И ГОЛУБАЧКА ТВРДИНА
Пристигнување во манастир Тумане. Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година. Слободно време за пристуство на света литургија и поклонение на моштите на Св. Зосим И Јаков. Присуство на заедничка молитва за здравје. Можност за посета на нивната испосница која се наоѓа на 2 км оддалечена од манастирот . Во договорено време се упатуваме кон Голубачка тврдина.
Можност за посета на Голубачка тврдина. ( факултативно) Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац, Србија. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335, 1337и 1342 година. Точно не е познато кога била изградена, но се смета дека била изграена во времето на Српско Царство. Кулите во времето на Османлиите биле сместени нивните топови каде го заштитувале градот, а во почетокот на 15век, тие изградиле уште една кула. Тврдината е разделена на предна, задна и горна. (околу 1 час).
Во попладневните часови се упатуваме кон Сребрено езеро - Сребрено Езеро —вештачко езеро на десниот брег на Дунав и ја претставува неговата поранешна речна притока, која денес е затворена со двете брани. Се наоѓа во областа на Браничевскиот замок во источна Србија, на два километри од Велико градиште. Има просечна ширина од 300 m и просечна должина од 14 km. Слободно време за слободни активности. Можност да ја вкусите храната од локалните ресторани како и посета на шеталиштете. Ноќевање.
08.03.2025 (САБОТА) ФАКУЛТАТИВНА ПОСЕТА НА ТЕМИШВАР- 45е
Се упатуваме на целодневна факултативна посета на градот ТЕМИШВАР. Темишвар во западна Романија е прогласен за европски град на културата во 2023 под мотото – Нека блесне вашата светлина! Тој е најголем град во Банат и исто така е наречен „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт. Различноста во градот се огледа и во градската архитектура. Во центарот се три поврзани плоштади кои заедно ја формираат пешачката зона низ улиците поставени во форма на ѕвезда. Плоштадот на операта или Плоштад на победата, Катедралниот плоштад и Плоштадот на обединување или Плоштад Слобода.Од балконот на Операта во 1989 години е објавено ослободувањето од комунистичката диктатура. Се посетуваат: Плоштад Победа,Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата - поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,... По разгледот имаме слободно време за индивидуални активности. Враќање на Сребрено езеро. Ноќевање.
09.03.2025 (НЕДЕЛА) ФАКУЛТАТИВНА ПОСЕТА- БЕЛГРАД- 20е (задолжителна)
Одјавување од апартманите. Се упатуваме кон Белград. Пристигнување во утринските часови.. Посета на храм Св. Сава, Калемегдан, Кнез Михајлова, Белград на води и трговски центар Галерија. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните часови.
Цена со рана уплата до Jan. 20, 2025
79 ЕУР / Лице
Целосна цена
109 ЕУР / Лице
4 dena
March 6, 2025
March 9, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070