Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Цената вклучува:
-Авионски билет во вклучен рачен багаж 40х30х20 до 10кг
-Аеродромски такси
-3 ноќевања со појадок
-Пратител за време на патувањето
-Сите посети се вклучени во цената
Цената не вклучува:
-Туристичка такса 3 евра од ден по особа
-Патничко осигурување
-Индивидуални трошоци
Прв ден 14.02.2025 (Вторник)
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 19:30 часот. Полетување за Братислава во 21:50 и пристигнување во 23:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
Втор ден 15.02.2025 (Среда)
Појадок. Организиран трансфер до Виена и панорамски разглед на градот: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија и божиќен базар, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта…Пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан, симболот на градот и државата,Дворецот Хофбург кој бил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резиденција на австрискиот претседател… Слободно време за ручек со “вистинска” виенска шницла. Прошетката продолжува по познатата улица Mariahilferstrasse, можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Трансфер до Братислава со попатна посета на Парндорф, најголемиот дизајнерски шопинг центар во Австрија. Ноќевање.
Трет ден 16.02.2025 (Четврток)
Појадок. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Посета на Братиславскиот дворец, лоциран на ридот, со прекрасен поглед кон градот. Тоа е ретко место од каде во исто време може да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка.
Слободно време за слободни активности. Ноќевање.
Четврти ден 17.02.2025 (Петок)
Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време зa индивидуални активности до 14:00ч. Во 14:00 се упатуваме на уникатно крстарење.Крстарењето започнува со поглед на историскиот дел на Братислава, нејзиниот брег и замокот Братислава. Крстарењето продолжува под Новиот мост, мостот Лафранкони и завршува под замокот Девин. Средновековниот замок Девин (12. до 16. век) е национален културен споменик. Стои на рид - 212 m надморска височина. Изграден е на место на римска градба и великоморавска утврдена населба. Во 864 година бил познат како Довина. Во 1809 година наполеонските трупи го разнесоа замокот. Денес, овде можете да најдете археолошки музеј. По завршување на крстарењето се упатуваме на аеродром и лет за Македонија во 23:55часот.Пристигнување во Скопје во 01:30 часот.
Цена со рана уплата до Dec. 25, 2024
399 ЕУР / Лице
Целосна цена
459 ЕУР / Лице
4 dena
Feb. 14, 2025
Feb. 17, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070