БУДИМПЕШТА И ВИЕНА ЗА 24ти МАЈ, Унгарија

Актуелно патување

БУДИМПЕШТА И ВИЕНА ЗА 24ти МАЈ
БУДИМПЕШТА И ВИЕНА ЗА 24ти МАЈ БУДИМПЕШТА И ВИЕНА ЗА 24ти МАЈ
БУДИМПЕШТА И ВИЕНА ЗА 24ти МАЈ БУДИМПЕШТА И ВИЕНА ЗА 24ти МАЈ

БУДИМПЕШТА И ВИЕНА

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Како би ја опишале Будимпешта?

Стилски, космополитски, софистицирани и убави се зборовитe кои редовно се користат за да се опише Будимпешта. Препознатлива како Ѕвездата на Дунав со богатата култура, подземните пештери, реката Дунав, прекрасната зграда на парламентот, локални деликатеси и светски главен град на Спа центри. За распоредот кој ве очекува, енергија ќе ви дадат, вкусниот појадок и доброто кафе во некое од локалните кафе барови.

А Виена ?

Волшебна мешавина на старо и ново; гастрономија: културен лонец во кој можете да најдете јадења од секоја светска кујна, совршено надополнети со вкусни австриски колачи и одлично кафе; Виена е музика, дом на големите композитори како Штраус, Бетовен и Моцарт и домаќин на операта со светско реноме; Виена е култура, со повеќе од 100 музеи за избор.  Талкајте низ нејзиниот историски центар под будниот поглед на катедралата или уживајте во виенско кафе придружено со парче вкусна чоколадна торта Sachertorte.

 

Во цената е вклучено:

  • Авио превоз Скопје – Будимпешта – Скопје
  • Аеродромски такси – подложни на промена
  • Рачен багаж - ранче (40cmх30cmх20cm)
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок
  • Трошоци за организација на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • Факултативни излети
  • Градска туристичка такса
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Индивидуални трошоци на патниците

 

Факултативни излети:

  • Посета на делот Буда – 20 € по лице
  • Крстарење по Дунав – 25 € по лице
  • Повратна карта за воз на релација Будимпешта – Виена – Будимпешта (задолжителна доплата во агенција) – 55 € по лице

 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 14 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско или на жиро сметка.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

– ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.

-Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

-Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

-Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

-Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата.

План за патувањето

01 ДЕН (22.05.2026) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Пристигнување на аеродромот во Скопје два часа пред летот, кој полетува за Будимпешта во 11:55 часот и слетува во 13:20 часот. Организиран трансфер до хотелот, сместување и кратка пауза.
После паузата прошеткa и разглед на градот и околината – истражување на делот на Буда: посета на Цитаделата, Кралската палата, Рибарската тврдина и црквата на кралот Матејас – од каде ќе имате можност да уживате во погледот кон Парламентот. Враќање назад во хотелот во попладневните часови, сместување во собите и кратка пауза за одмор.
Во вечерните часови прошетка низ градот и можност за ноќно крстарење по Дунав. Враќање назад во хотелот и ноќевање.

 

02 ДЕН (23.05.2026) БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот започнува разгледот на градот: Посета на плоштадот на хероите (кој претставува еден од најголемите плоштади во Будимпешта), од каде се упатуваме кон градскиот парк и Замокот Вајдахунијад. Можност за факултативна посета на бањата Сечењи - една од најпознатите и една од најголемите медицински водени бањи во Европа и Зоолошката и ботаничката градина. Со метро се упатуваме кон Базиликата на Свети Стефан и панорамското тркало на Будимпешта, каде се наоѓаат најдобрите ресторани и барови - одлични за уживање во центарот на градот. Ноќевање.

 

03 ДЕН (24.05.2026) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот се упатуваме кон железничката станица, каде се качуваме на воз за Виена. Прошетката низ градот ја започнуваме со пешачка тура по Рингштрасе, каде најдобро ќе можете да ги разгледате уникатните градби на магичната Виена. Почнувајќи од Операта па се до Градската куќа, ќе имате можност да уживате и во прекрасната архитектува на Театарот, монументалниот Парламент, дворецот Хофбург и катедралата Св. Стефан- најголемиот симбол на Виена. Токму таму, на Стефанплац, ќе имате можност да се возите со кочии и да посетите некоја од другите градски катедрали. Ја продолжуваме прошетката кон музејскиот кварт- најкултурниот дел од градот. По прошетката, слободно време за одмор во некој од многубројните ресторани и кафулиња во центарот на градот – каде ќе имате можност да ги вкусите и виенските специјалитети како виенска шницла, оригиналното кафе и захер тортата. Враќање за Будимпешта со воз во вечерните часови.
Последната вечер во градот ќе ја поминеме во некој од бројните клубови и барови кои се наоѓаат во Будимпешта. Една од посебностите на градот се Party бродовите, кои нудат единствено искуство за ноќна забава на водите на Дунав. Ако сте љубители на цврсто тло и класични клубови и барови тогаш препорачуваме: Rocktogon – rock клуб во центарот на градот. Cotton Club, Piaf Club и Jazz Garden Club – за опуштање со jazz музика, Alcatraz, Morrison’s и Fat Mo’s Music Club – за љубители на танцување. После добрата забава се упатуваме кон хотелот. Ноќевање.

 

04 ДЕН (25.05.2026) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот во договорено време организиран трансфер од хотелот до аеродромот во Будимпешта со пристигнување три часа пред летот, кој полетува за Скопје во 13:55 часот и слетува во Скопје во 15:20 часот.

Цена со рана уплата до March 31, 2026

399 ЕУР / Лице

Целосна цена

499 ЕУР / Лице

4 dena

May 22, 2026

May 25, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070