Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Во цената на аранжманот е вклучено:
· Директен лет на релација Скопје - Будимпешта - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
· Мала кабинска торба до 8 килограми со димензии 40 x 30 x 25 cm;
· Сместување во двокреветни соби во хотел - 3 ноќевања со појадок;
· Трансфер аеродром - хотел - аеродром
· Пешачки разглед со локален водич;
· Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Посета на Сент Андреа – 35 €;
• Посета на Виена – 45 €;
• Крстарење со брод по Дунав – 25 €;
• Туристичка такса 12 € по лице, за цел престој (се плаќа во агенција)
• Влезници за музеите и културно - историските споменици;
• Задолжително патничко - здравствено осигурување;
• Доплата за еднокреветна соба - 96€;
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕДНА ДОПОЛНИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА !!
ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ЕКСКУРЗИИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИСТИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ РЕАЛИЗАЦИЈА ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ЕКСКУРЗИИ!!
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
• Организатор на аранжманот е ТА Амор Травел
• Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
• Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
• Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
• За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
• За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
• Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
• Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
• Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
• Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
(23.10.2026 - петок) | Скопје - Будимпешта
Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe во 09:55 часот. Полетување за Будимпешта во 11:55 часот. Слетување во Будимпешта во 13:20 часот. Следува организиран разглед на градот со локален водич – Црквата Св.Стефан, улиците Андраши, Ракоци, Ваци...Сместување во хотел.Слободно време. Ноќевање.
(24.10.2026 - сабота) | Будимпешта – Сент Андреа /крстарење
Појадок. По појадокот слободно време или предлог за полудневна прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата...Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта. Во вечерните часови можност за едночасовно крстарење.Враќање назад во хотел. Ноќевање.
(25.10.2026 - недела) | Будимпешта – Виена
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна посета на Виена (со доплата). Прошетка низ Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.... Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон Будимпешта. Ноќевање
(26.10.2026 - понеделник) | Будимпешта - Скопје
Појадок. Напуштање на собите и во договорено време следи трансфер кон аеродромот.Полетување за Скопје во 14:20 часот. Слетување во Скопје во 15:45 часот.
Цена со рана уплата до Aug. 31, 2026
369 ЕУР / Лице
Целосна цена
429 ЕУР / Лице
4 dena
Oct. 23, 2026
Oct. 26, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070