БУДИМПЕШТА ВО АПРИЛ, БУДИМПЕШТА

Актуелно патување

БУДИМПЕШТА ВО АПРИЛ
БУДИМПЕШТА ВО АПРИЛ БУДИМПЕШТА ВО АПРИЛ
БУДИМПЕШТА ВО АПРИЛ БУДИМПЕШТА ВО АПРИЛ

03-06.04.2025

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

 

-Авионски билет со вклучен багаж до 10 кг

-Аеродромски такси

-Трансфер аеродром-хотел-аеродром

-3 ноќевања со појадок

-Разглед на градот

-Пешачка тура со локален водич

-Посета на Сент Андреа

-Крстарење по Дунав

-Пратител од агенција за време на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

-Туристичка такса 10евра по лице за сите денови

-Патничко осигурување

-Индивидулни трошоци

План за патувањето

ПРВ ДЕН 24.11.2024 (недела) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на аеродром во 15:00ч.Пасошка и царинска контрола и лет за Будимпешта во 16:45ч.Пристигнување во 18:10ч. Трансфер до хотел и сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

ВТОР ДЕН 25.11.2024 (понеделник) – БУДИМПЕШТА

Појадок. Панорамски разглед на градот. Авениите: Андраши каде се наоѓаат раскошни палати, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Ќе се насладите на прекрасните глетки од мостовите на градот, кои се симболот на градот. Ќе имате прилика да го видиме и познатиот Лавји Мост, кој ќе не однесе во Будим.Цитадела — тврдина што се наоѓа на врвот на Гелерт брдото во Будимпешта, Унгарија. Цитадела е унгарски збор за еден вид тврдина. Зборот се користи исклучиво од други јазици за да се повика на тврдината Гелерт Хил која зафаќа место кое имало стратешко  значење во воената историја на Будимпешта. Тврдината била изградена во 1851 година од Јулиуш Jaцоб фон Хајнау, командант на Австриската Империја, а ја дизајнирале Емануел Зита и Ференц Кашелик, по унгарската револуција од 1848 година . Зафаќа скоро целата висорамнина височина од 235 метри. Тврдината е градба во форма на буквата У, изградена околу централниот двор, долга 220 метри, широка 60 метри и висока 4 метри. Тврдината содржела комплет од шеесет топови. Замокот Будим или Буда  е историски комплекс на замок во кој бил сместени унгарските кралеви. Се наоѓа во Будимпешта , Унгарија и бил целосно завршен во 1265 година. Во минатото исто така бил нарекуван е Кралска палата  како и Кралски замок.Замокот е изграден во јужниот дел на тврдината Хил, веднаш до стариот замок округ , кој е познат по средновековна историја , барок стилот и куќите и јавни згради од 19 век. Будим замокот е дел од светското наследство на Будимпешта  од 1987 година. Првата кралска резиденција на тврдината Хил била изградена од страна на кралот Бела IV  помеѓу 1247 и 1265 година. Најстариот дел на денешната палата бил изграден во 14 век од страна на принцот Стефан Андегавенски - Славонски , помладиот брат на кралот Лудовик Анжујски . Готската  палата на Лудовик I Анжујски била уредена околу тесна градина која се наоѓала веднаш до Стефановата кула. Црквата Матијас  е црква која се наоѓа во Будимпешта , Унгарија  и е во склопот на Римокатоличката црква . Црквата била изградена во 1015 година со готски  стил, и е втората по големина црква во Будимпешта . Во 1541 година била претворена во џамија. Рибарските кули  е бастион  составен од кули и тераса, изградени во неготика  и неокласицизам  сместени на западниот брег на реката Дунав , на ридот Замок  во Будимпешта , околу црквата Св. Матијаш. Кулите биле дизајнирани и изградени од 1895 до 1902 според планот на Фригис Шулек. Помеѓу 1947–48 синот на Фригис Шулек, Јанош Шулек, извршил реставрација на проектот бидејќи во Втората светска војна за малку ќе бил уништен. Враќање во хотел и слободно време на одмор.  Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН 26.11.2024 (вторник) – БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА 

Појадок.Следува пешачка тура на градот: плоштадот на хероите во Пешта, кој е Величествен архитектонски комплекс изграден кон крајот на 19-от век, Парламентот кој е една од најголемите згради од овој тип во светот, а тука се наоѓа и базиликата на Свети Стефан и Кралската палата. Следи посета на барокниот град Сент Андреа, кое е доста живописно место, каде се негуваат народните ракотворби и старата архитектура. Изобилува со винотеки, музеи, галерии и цркви.Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови враќање во Будимпешта каде што се упатуваме на уникатно крстарење по Дунав, едно од главните атракции во Будимпешта. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН 27.11.2024 (среда) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

 

Breakfast box и одјавување од хотел во 05:00.Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 08:20 ч и пристигнување во 09:45ч.

Цена со рана уплата до Jan. 20, 2025

399 ЕУР / Лице

Целосна цена

459 ЕУР / Лице

4 dena

April 3, 2025

April 6, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070