Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
ПРВ ДЕН 06.03 (четврток) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок со групата кај хотел Континентал околу 17: 30 часот, тргнување околу 18:00 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН 07.03 (петок) – БУДИМПЕШТА
Планирано пристигнување во Будимпешта во утринските часови, каде следува панорамски разглед на градот: плоштадот на хероите во Пешта, кој е Величествен архитектонски комплекс изграден кон крајот на 19-от век, Парламентот кој е една од најголемите згради од овој тип на светот, а тука се наоѓа и базиликтата на Свети Стефан, Кралската палата, потоа возењето продолжува кон авениите: Андраши каде се наоѓаат раскошни палати, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Ќе се насладите на прекрасните глетки од мостовите на градот, кои се симболот на градот. Ќе имате прилика да го видиме и познатиот Лавји Мост, кој ќе не однесе во Будим. По разгледот следува сместување во хотел, се до попладневните или вечерните часови кога се упатуваме на прекрасното едночасовно крстарење со брод по реката Дунав. Ова крстарење е неизбежен дел при посетата на овој град каде ќе уживате во прекрасно осветлените градби на градот.. по крстарењето враќање во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 08.03 (сабота) – БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Следниот ден после појадокот, следува околу тричасовна посета на престолнината на големото царство и уметноста, Виена и познатиот панорамски разглед на градот каде ќе ги видиме булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Свети Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за прошетка низ центарот на Виена и во договорено време враќање кон Будимпешта.
По стигнувањето, можност за посета на ЧАРДА, (по желба) место кое е познато по доброто расположение и стариот добар угостителски живот и како некогаш функционирале чардите. Тука ќе уживате во нивната музика, традиционалниот специјалитет гулашот и унгарските традиционални танци, каде ќе си поминете одлично и ќе ја доживеете културата на унгарскиот народ на вистински начин. Можност индивидуално со градски превоз да прошетате по улицата Ваци, која е најпознатата улица во Будимпешта, позната по кафулињата, рестораните и продавниците за шопинг.
Ноќевање
ЧЕТВРТ ДЕН 09.03 (недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА – СЕГЕДИН – СКОПЈЕ
По појадокот следува напуштање на хотелот и следи посета на барокниот град Сент Андреа, кое е доста живописно место, каде се негуваат народните ракотворби и старата архитектура. Изобилува со винотеки, музеи, галерии и цркви. По слободното време, се упатуваме кон градот Сегедин, најсончевиот град кој лежи на реката Тиса. Четврт најголем град во државата, најпознат по гулашот, но и шопингот. Сегедин е познат универзитетски град во кој ќе уживате во бројните туристички атракции кои го красат градот. После кратката прошетка и разглед на градот, слободно време за шопинг. Во договорено време, поаѓање за Македонија. Пристигнувањето е предвидено во доцните ноќни или утринските часови на 10.03 (понеделник) во зависност од гужвите на граница.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Цена со рана уплата до Jan. 20, 2025
149 ЕУР / Лице
Целосна цена
179 ЕУР / Лице
4 dena
March 6, 2025
March 9, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070