Будва-Нова година 2027, Црна Гора

Актуелно патување

Будва-Нова година 2027
Будва-Нова година 2027 Будва-Нова година 2027
Будва-Нова година 2027 Будва-Нова година 2027

Новата година започнува во Будва!

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:


 - Превоз со високо туристички автобус според програмата,
 - 2 ноќевања во вила/апартман/студио,
 - Пратител и организација на патувањето

 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:


- Туристичка такса – 3 еур/лице (за двете ноќевања)
- Задолжително патничко и здравствено осигурување – 6 еур/лице (може да се изготви и во агенцијата)
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети (Дубровник 40е)
- Разглед на Котор, Тиват/Порто Монтенегро со локален водич – задолжителен излет – 25 еур.

 

 

Со цел навремена резервација и соодветна организација на посетите и излетите, секој патник е должен при уплата да се изјасни за кои е заинтересиран. Накнадно пријавување ќе биде возможно само во зависност од достапноста на слободни места и влезници. Агенцијата не сноси одговорност доколку при дополнително пријавување нема можност за обезбедување на истите.

 

 

НАПОМЕНА:


– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– За реализација на факултативите потребно е да има пријавено минимум 25 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
– Сместувањето во собите е после 14:00 часот, а напуштањето на истите е во период од 08:00 до 09:00 часот
– Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
– Сместувањата имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби
– За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
– Организаторот не може да влијае на сместувањето(соба, спрат и сл). Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Амор Травел ќе ги проследи барањата до сместувањето, но не гарантира за исполнување на истите
– Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот
– Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Патниците кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надомест поради промената
– Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
– Агенцијата не сносува одговорност за евентуални задржувања на патувањата поради гужви на границите, сообраќајни застои или други околности надвор од нашата контрола
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде што е возможно да се застане

План за патувањето

1. ДЕН - 31.12.2026 СКОПЈЕ-БУДВА

 

Состанок на групата во претходно договорено време (во периодот од 22:00 до 23:00 часот). Точното време на поаѓање се добива 1–2 дена пред патувањето. Поаѓање кон Будва преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Следува слободно време за индивидуална прошетка и запознавање со градот. Сместувањето во собите/апартманите е предвидено по 14:00 часот. По сместувањето, слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови, прошетка до плоштадот пред Стариот град во Будва, каде ќе се одржи организираниот дочек на Новата 2027 година. Ноќевање.

 

 

 

 

2. ДЕН - 01.01.2027 ДУБРОВНИК

 

Можност за факултативна посета на Дубровник. По пристигнувањето, следува разглед на Стариот град во придружба на локален туристички водич, при што патниците ќе имаат можност да се запознаат со најзначајните културно-историски знаменитости. По организираниот разглед, слободно време за индивидуални активности, прошетка или уживање во празничната атмосфера на градот.
Во договореното време, поаѓање кон Будва. Пристигнување во вечерните часови. Слободно време за индивидуална прошетка низ Стариот град и плоштадот. Ноќевање.

 

 

 

4. ДЕН - 02.01.2027 КОТОР-ТИВАТ/ПОРТО МОНТЕНЕГРО-СКОПЈЕ

 

По напуштањето на сместувањето, следува поаѓање кон Котор. По пристигнувањето, организиран разглед на Стариот град со локален туристички водич, при што ќе бидат презентирани најзначајните културни и историски знаменитости на овој град, кој е под заштита на УНЕСКО.
По разгледот, патувањето продолжува кон Порто Монтенегро, каде е предвидено слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во попладневните часови, поаѓање кон Македонија. Патувањето продолжува со дневно и ноќно возење, со предвидени попатни паузи за одмор и завршување на граничните и царинските формалности. Пристигнувањето во Скопје е предвидено по полноќ на 03.01.2027.

 


Цените се дадени по лице.

Двокреветна соба 99€
Трокреветна соба 95€
Четворокреветна соба 89€

 

Цена со рана уплата до Dec. 17, 2026

99 ЕУР / Лице

Целосна цена

89 ЕУР / Лице

4 dena

Dec. 31, 2026

Jan. 3, 2027

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070