Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Букурешт – „Малиот Париз на Истокот“ и мистичната Трансилванија. Ве очекуваат најпознатите романски бисери – кралскиот замок Пелеш, легендарниот замок Бран и шармантниот средновековен Брашов, во совршена комбинација од историја, легенди и модерна атмосфера за незаборавен празничен одмор.
Во цената на аранжманот е вклучено:
• Автобуски превоз на наведената релација.
• Сместување во хотел на база 2 ноќевања со појадок.
• Разглед на градот Букурешт.
• Организација и реализација со туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативен излет „Трансилванија“ : 60 евра.
- Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран како и посета на градот Брашов – возрасни 60€.
- Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 100леи/19€ за студенти 50/9€)
- Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
- Доплата за еднокреветна соба 60 евра за двете вечери.
- Патничко осигурување – 200 мкд.
- Туристичка такса 5€ по лице се плаќа во автобус.
Попусти и опционални доплати:
- Доплата за еднокреветна соба 60€/3.720 (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -80€/4.960ден
Напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
22.10.2026 (Четврток) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18.00 часот. Поаѓање кон Романија во 18.30 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
23.10.2026 (Петок) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Следи разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,Патријаршијата... По разгледот се сместуваме во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.
24.10.2026 (Сабота) ПЕЛЕШ – БРАН – БРАШОВ
Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.
Враќање во хотелот во Букурешт во доцните вечерни часови. Ноќевање.
25.10.2026 (Недела) ТЕРМАЛНИ БАЊИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за организирана факултативна посета на Термалните бањи лоцирани северниот дел на Букурешт на само 30 км од градот. Термалните бањи се уживање за сите сетила, имаме на располагање 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 водени тобогани. Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, орхидеи и ред други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот и за нови незаборавни спомени! Оние кои нема да ги посетат Термалните бањи ќе имаат слободно време во трговски центар. Поаѓање за Македонија во 15:00ч. Пристигнуавање во Kавадарци следниот ден во раните утрински часови.
Цена со рана уплата до Sept. 18, 2026
149 ЕУР / Лице
Целосна цена
189 ЕУР / Лице
4 dena
Oct. 22, 2026
Oct. 25, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070