ЦРНА ГОРА ЗА 24ТИ МАЈ, ЦРНА ГОРА

Актуелно патување

ЦРНА ГОРА ЗА 24ТИ МАЈ
ЦРНА ГОРА ЗА 24ТИ МАЈ ЦРНА ГОРА ЗА 24ТИ МАЈ
ЦРНА ГОРА ЗА 24ТИ МАЈ ЦРНА ГОРА ЗА 24ТИ МАЈ

Црна Гора за 24ти Мај

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител на групата за време на целото патување

 

Во цената не е вклучено:

  • Факултативно КРСТАРЕЊЕ ДО СВ.СТЕФАН - 15е
  • Факултативно ДУБРОВНИК со вклучен траект на заливот Бока Которска 35e
  • Факултативно КОТОР, ТИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО – 25e
  • Патничко осигурување -Информации во агенцијата
  • Туристичка такса  по лице

 

  • НАПОМЕНА!!! Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта РСМ (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
  • Со оваа програма важат Општите услови на патување на ТА Амор Травел

План за патувањето

1.Ден Петок 22.05.2026  

Планирано поаѓање околу 22:30 часот. АГЕНЦИЈАТА е должна до два дена пред поаѓање да ги контактира пријавените патници за точно место и време на поаѓање зависно по градови. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2.Ден Сабота 23.05.2026 

 Пристигнување во манастир Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, изидигнад над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпосетуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетители од сите религии и нации и се верува дека моштите на Свети Василиј Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот,слободно индивидуално време и можност за факултативно крстарење до островот Св.Стефан. Сместување во апартмани. Ноќевање.

 

3.Ден Недела 24.05.2026 

ЗАДОЛЖИТЕЛНО Факултативен целодневен излет  Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Ноќевање.

 

4.Ден Понеделник 25.05.2026 

 Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

Цена со рана уплата до May 1, 2026

99 ЕУР / Лице

Целосна цена

129 ЕУР / Лице

4 dena

May 22, 2026

May 25, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070