ДУБАИ ЗА 1ви МАЈ, Дубаи

Актуелно патување

ДУБАИ ЗА 1ви МАЈ
ДУБАИ ЗА 1ви МАЈ ДУБАИ ЗА 1ви МАЈ
ДУБАИ ЗА 1ви МАЈ ДУБАИ ЗА 1ви МАЈ

ДУБАИ 27.04-02.05.2025

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Цената вклучува:

-Повратен авионски билет на релација ТИРАНА – АБУ ДАБИ – АБУ ДАБИ  – ТИРАНА

-Чекиран рачен багаж до 10 кг

-Трансфер аеродром Абу Даби – хотел Дубаи – Абу Даби;  

-Трансфер Скопје - Тирана - Скопје

-5 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга

-Организација и реализација на патувањето

-Локална асистенција во Дубаи (овластен претставник доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената НЕ вклучува:

-Влезна виза за  Дубаи   -  95ЕУР по лице (задолжително за сите лица)

-Патничко здравствено осигурување

-ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ (зависат од број на пријавени лица и протоколи за време на престој, редослед на екскурзии и саатници се подложни на промени согласно инфо на организатор)

-Останати тури и индивидуални излети – НА БАРАЊЕ

-Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи

-Туристичка такса 4 еур од ден по лице

План за патувањето

1 ден: СКОПЈЕ – ТИРАНА -  АБУ ДАБИ

Сoстанок на групата во 10:00 и  трансфердо Тирана. Лет  за Абу Даби во 17:15ч со WizzAir. Пристигнување во Абу Даби во 00:30 локално време. Трансфер од аеродром до хотел во Дубаи . Сместување во хотел 3*или 4* во зависност на избор на хотел од ваша страна во Дубаи. Ноќевање.

 

2 ден: OLD DUBAI И ПУСТИНСКО САФАРИ (80 еур)

Појадок. Се упатуваме кон стариот дел на Дубаи. Попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Dubai old souk. Ќе можете да осетите различни мириси и зачини од темјан и шиша до многуте билки што се користат во арапската и јужноазиската храна. Покрај тоа, неколку домаќинства, текстил, чај, темјан, килими и артефакти исто така се продаваат во пазарот на зачини.

Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато, еден од најголемите во Дубаи. Се упатуваме кон Dubai Frame - фото стоп . Рамката Дубаи е опсерваторија, музеј и споменик во паркот Забил, Дубаи. Го држи рекордот за најголема рамка во светот.Објектот е со висина од 150,24 метри и ширина од 95,53 метри. Зградата главно служи како опсерваторија, обезбедувајќи поглед на стариот Дубаи на север и поновите делови на југ. Во попладневите часови го напуштаме Дубаи и се упатуваме кон границата на Оман. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини . По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини. Kраток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден : ДУБАИ CITY TOUR - NEW DUBAI (  110 еур )

Појадок. Започнува нашата целодневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, Искачување на 240М View at Palm Jumeirah им ветува на своите посетители незаборавно патување и неверојатен поглед на хоризонтот на Дубаи преку неговата  висока палуба за набљудување. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате на места за застанување за фотографирање. Посета на Madinat Jumeirah луксузен комплекс со луксузни хотели и продавници. Продолжуваме кон Miracle Garden- цветна градина лоцирана во дистриктот DubaiLand. Градината официјално е отворена во 2013 год и е една од најголемите градини во светот со над 50 милиони цвеќиња.  Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Остануваме во трговскиот центар, за да ги гледаме вечерта распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 15:30-18:00 часот влезници 65 евра), за 124 и 125 кат. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

4 ден : АБУ ДАБИ ( 80 еур)

Појадок. Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината покрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по  многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Може да прими 40000 верници,а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата има 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*). НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони покриен глужд , долги ракави,а за жените е обавезна марама. Враќање во Дубаи. Ноќевање.

 

5 ден : KITE BEACH - DUBAI MARINA ( 65 еур )

Појадок. Слободно време за слободни активности , препорака за посета на една од најпознатите плажи Kite Beach. Во вечерните часови Марина show cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок). 

 

6 ден :  ДУБАИ - ТИРАНА - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел и заминување кон аеродромот во Абу Даби. Лет во 13:50 локално време. Пристигнување во Тирана 17:35 локално време . Трансфер до Скопје.

Цена со рана уплата до Dec. 25, 2024

649 ЕУР / Лице

Целосна цена

699 ЕУР / Лице

6 dena

April 27, 2025

May 2, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070