ЕДРЕНЕ ЗА 8ми МАРТ, ТУРЦИЈА

Актуелно патување

ЕДРЕНЕ ЗА 8ми МАРТ
ЕДРЕНЕ ЗА 8ми МАРТ ЕДРЕНЕ ЗА 8ми МАРТ
ЕДРЕНЕ ЗА 8ми МАРТ ЕДРЕНЕ ЗА 8ми МАРТ

8ми МАРТ ВО ЕДРЕНЕ

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ЕДРЕНЕ е пограничен град на 18 км. од границата помеѓу Бугарија и Турција. Со многу интересна историја, различна култура ,многу вкусни специјалитети и најевтин ШОПИНГ.

Градот е многу интересен за истражување со своите затворени чаршии, прекрасните џамии, со фонтани од конзерви во центарот и прекрасните добро сочувани дрвени куќи со посебна декорација, со своите големи паркови и мостови ги импресионира сите што го посетуваат овој град.

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

1 ноќeвање со појадок вo хотел во Едрене

Превоз со високо туристички автобус

Посета на центарот на градот Едрене

Посета на црквата Свети Константин и Елена

Посета на џамијата Селимије, симболот на градот

Посета на синиот пазар,Margi Outlet

Посета на трговскиот центар ERASTA MALL

Посета на складовите за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени

Придружник од агенцијата

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Патничко осигурување (задолжително)

 

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење,земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.

 

План за патувањето

1 ден 06.03 Петок  – Состанок на групата (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница,Мак. Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Преминување на граничниот премин Андреево-Капи Куле.

2 ден 07.03 Сабота-ЕДРЕНЕ

Пристигнување во Едрене во утринските часови. Се упатуваме кон познатиот трговски центар во градот ERASTA MALL.Слободно време за шопинг околу 2 часа. Потоа се упатуваме кон уште еден Outlet – Margi Outlet во кој  има продавници со многу квалитетна облека по многу ниски цени…. и Синиот пазар кој се наоѓа во непосредна близина на аутлетот..И на крај се упатуваме кон центарот посета на симболот на градот Едрене – џамијата Селимије, изградена е по наредба на султанот Селим Втори помеѓу 1569 и 1575 година и претставува вистинско архитектонско ремек-дело. Секое од нејзините 4 минариња, високи над 70 метри, открива неверојатен поглед на градот, што ќе остави траен спомен на вашето патување до Едрене. Во непосредна близина на џамијата се наоѓа и покриениот пазар познат како „малата Капала Чаршија“ каде ќе имате слободно време за шопинг. Од подножјето на џамијата Селимије започнува лавиринт од мали улици кои водат кон главната улица во Едрене, Сарацлар Јадеси. Тука ќе најдете многу шарени и живописни продавници за секаков вид стока, како и многу слаткарници и кафулиња. Ако сакате да јадете некои традиционални турски колачи, одете во слаткарницата Мадо на врвот на главната улица. Тука има бесконечна разновидност на пецива – ве советуваме да пробате кунефе, што е еден вид сирупски десерт од кадаиф и урда. Бадемовата паста е исто така нешто по што е познат градот Едрене. Направен е од горчлив бадем и има многу специфичен вкус. Друго специфично јадење од Едрене што треба да го пробате е Порција со црн дроб – ова е пржен црн дроб, исечен на тенки парчиња и се служи со немилосрдна лута пиперка. Сместување во хотелот. Ноќевање.

3 ден 08.03 Недела

Појадок. Одјавување од  хотелот. Се уптуваме кон православната бугарската црква „Св. Свети Константин и Елена “, која со својата прекрасна градина е омилено место на туристите кои го посетуваат Едрене. Храмот е изграден во 1869 година и се наоѓа во близина на местото каде реката Тунџа се влева во реката Марица.

Се упатуваме кон  складовите  за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени во Турција. Тргнување од Едрене по претпладневните часови. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови

Цена со рана уплата до Feb. 15, 2026

89 ЕУР / Лице

Целосна цена

129 ЕУР / Лице

2 dena

March 7, 2026

March 8, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070