ПАТУВАЊЕ ЗА ДУШАТА
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Подетални информации за целокупното патување
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Повратен авионски билет Софија – Тел Авив – Софија
- Аеродромски такси
- Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија
- 5 ноќевања на база на полупансион (доручек и вечера шведска маса) во хотел со 3 ѕвезди по локална категоризација
- Сите трансфери и посети според програмата
- Стручен водич и организација на патувањето
- Претставник од агенцијата
- Свештено лице на патувањето
- Еден куфер (ранец) со димензии 40х30х20 максимум 10кг и мала рачна ташна
- Патничко осигурување
- EVISA (агенцијата аплицира и е вклучено во цената)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Екскурзија број 1 – Возење со жичара, ручек и влезница на организирана плажа на Мртво Море – (70$)
- Екскурзија број 2 – Тура со брод по Галилејско Море со ручек во рибен ресторан – (70$)
- Одежда за влез во реката Јордан со сертификат – 10$
- Грамота издадена од Ерусалимската патријаршија – 30$
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:
- Во случај на помал број од 20 пријавени патници, агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
- Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
- Плаќањето за екскурзиите и доплатите во врска со ова патување, патниците го вршат првиот ден по пристигувањето во долари или евра.
- Содржината на дневните тури и секојдневните разгледи се подложни на промени (условени од оправдани причини: застој во сообраќај, локални штрајкови, политички собири, немири, лоши временски услови).
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби, поглед на море, базен или соба со балкон, агенцијата не може да гарантира.
- Категоризацијата на хотелите е врз основ на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ИНО партнерот. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот, а пратителот на групата само ги доделува клучевите од собите.
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или колемината на креветите, освен во случај кога има доплатата за истите.
- Еден хотелски ден како и услугите во истиот започнуваат од 14 часот од денот на важноста на аранжманот до 12 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот.
- Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14 часот / последниот ден по 12 часот се подложни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштање на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните/помошните кревети се на расклопување и најчесто се со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат дополнителен кревет и во истите децата го делат со родителите.
- Агенцијата не сноси одговорност и неможе да влијае доколку некој од патниците биде задржан или вратен од царинските или полициски служби или имигранционото биро на аеродромот при влез во Израел.
- Во случај ако некој патник биде вратен од безбедностните служби на израелскиот аеродром, уплатените средства не се враќаат од причина што сите услуги и трошоци според програмата однапред се плаќаат.
- Израелските служби на аеродром имаат право да повикааат некој од патниците на разговор по нивен случаен избор.
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ, кои се составен дел на оваа програма.
План за патувањето
1 ден Витлеем
Состанок на групата на Ул.Македонија пред Шпаркасе Банка (поранешен Хотел Бристол) во 20.00 часот. Трансфер до аеродромот во Софија, Бугарија. Директен лет за Тел Авив во 05.40 часот . Пристигнување во Тел Авив во 08.15 часот (локално време)
По пристигнување на најголемиот аеродром на блискиот исток ‘’Бен Гурион” се упатуваме кон Витлеем. Сместување во хотел. Разглед на Витлеем.
- Храмот на Исусовото раѓање во Витлеем
- Витлеем – “Градот на Царот” и “Дом на Лебот” Млечната пештера – исцелително место
- Враќање во хотел и вечера.
2 ден – Назарет
После доручекот во 6 часот одиме кон северот на земјата
- Градот Назарет, во кој живееше Господ Исус Христос до својата 30та година, колевката на “ Словото кое се овоплоти”
- Црква во чест на Архангел Гаврил при изворот на Дева Марија каде ја прими Благата вест. Од овој извор и Самиот наш Господ Исус Христос додека живеел во Назарет полнел и пиел вода.
- Храмот на Благовештението над домот каде што живеело семејството
- Посета на црковна сувенирница
- Галилејско Езеро со факултативна можност за крстарење и ручек автохтоната риба Петровка
Околу 20 часот враќање во хотел и вечера.
3 ден – Ерихон
- Ерихон, најстариот град на светот
- Со жичара се оди до Манастирот на искушението, каде Исус ја имал средбата со ѓаволот и каде 40 дена се молел и постел
- Дрвото на Закхеј
- Потопување во светите води на реката Јордан
- Ручек (факултативна опција да се посети локален ресторан)
- Посета на мини фабрика за урми по набавни цени
- Бањски туризам на Мртво Море со посета на организирана плажа каде има наоѓалиште на лековита кал
Околу 20 часот враќање во хотел и вечера.
4 ден – Ерусалим
После доручек во 7 часот заминуваме во целодневна посета на
- Светата гора Елеон каде Господ Исус Христос беседел со апостолите и го оплакувал Ерусалим
- Маслиновата Гора и црквата каде Исус се вознесува на небото
- Гетциманската Градина
- Руската православна црква Марија Магдалена
- Храмот на Пресвета богородица
- Патот на болката и страданието
- Храмот на Исусовото Воскресение
- Плочата на миропомазание и Голготата
- Ал Акса и Златната Купола – свети места на муслиманите
- Ѕидот на плачот – свето место на Евреите
Околу 20 часот враќање во хотел и вечера.
5 ден – Тел Авив
Организирана литургија во црквата на Исусовото раѓање.
После доручекот се упатуваме кон главниот град на Израел започнуваме со посета на космополитскиот град Тел Авив и стариот град Јафа, некогаш управуван од фалангата на Александар Македонски.
- Најубавиот видиковец со поглед на песочните плажи
- Мостот на желбите
- Уметничкиот перформанс “Окованиот Портокал”
- Слободно попладне за уживање и прошетка
- Враќање во хотел и вечера.
6 ден
Напуштање на хотелот. Трансфер до аеродром. Лет за Софија во 09.15 часот. Пристигнување во Солун во 12 часот. Трансфер до Скопје. Пристигнување во 17.00 часот.