СВЕТАТА ЗЕМЈА
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Подетални информации за целокупното патување
Во цената на аранжманот е вклучено:
- повратен авионски билет
- аеродромски такси
- трансфер од/до аеродромот во Софија
- 4 дена/3 ноќевања на база на полупансион (доручек и вечера шведска маса) во хотел со 4 ѕвезди по локална категоризација
- сите трансфери и посети според програмата
- стручен водич и организација на патувањето
- багаж – една мала торба со димензии 40см х 30см х 20см
- Патничко и здравствено осигурување
- Свештеник
- Претставник од агенцијата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Одежда за влез во реката Јордан 10 евра
- Сертификат издаден од Ерусалимската патријаршија – 30 евра
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:
- Во случај на помал број од 15 пријавени патници, агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
- Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
- Плаќањето за екскурзиите и доплатите во врска со ова патување, патниците го вршат со целосната уплата на патувањето 4 недели пред тргнување.
- Содржината на дневните тури и секојдневните разгледи се подложни на промени (условени од оправдани причини: застој во сообраќај, локални штрајкови, политички собири, немири, лоши временски услови).
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби, поглед на море, базен или соба со балкон, агенцијата не може да гарантира.
- Категоризацијата на хотелите е врз основ на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и партнерот. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот, а пратителот на групата само ги доделува клучевите од собите.
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплатата за истите.
- Еден хотелски ден како и услугите во истиот започнуваат од 14 часот од денот на важноста на аранжманот до 12 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот.
- Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14 часот / последниот ден по 12 часот се подложни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштање на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните/помошните кревети се на расклопување и најчесто се со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат дополнителен кревет и во истите децата го делат со родителите.
- Агенцијата не сноси одговорност и не може да влијае доколку некој од патниците биде задржан или вратен од царинските или полициски служби или имиграционото биро на аеродромот при влез во Израел.
- Во случај ако некој патник биде вратен од безбедносните служби на израелскиот аеродром, уплатените средства не се враќаат од причина што сите услуги и трошоци според програмата однапред се плаќаат.
- Израелските служби на аеродром имаат право да повикаат некој од патниците на разговор по нивен случаен избор.
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ, кои се составен дел на оваа програма.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА!
План за патувањето
1 ден (вторник) 26.05.2026
Состанок на групата на Ул.Македонија пред Шпаркасе Банка (до Хотел Бристол) во 22.00 часот навечер на 02.06.2026. Трансфер до аеродромот во Софија, Бугарија. Директен лет за Тел Авив во 05.45 часот . Пристигнување во Тел Авив во 08.15 часот (локално време)
По пристигнување на најголемиот аеродром на блискиот исток ‘’Бен Гурион” се упатуваме кон главниот град на Израел започнуваме со посета на космополитскиот град Тел Авив и стариот град Јафа, некогаш управуван од фалангата на Александар Македонски.
- видиковец со поглед на песочните плажи
- Мостот на желбите
- Уметничкиот перформанс “Окованиот Портокал”
- Слободно попладне за уживање и прошетка
- Продолжуваме за Витлеем. Сместување во хотел
2 ден (среда) 27.05.2026
Доручек и посета на следните локации
- Градот Назарет, во кој живееше Господ Исус Христос до својата 30та година, колевката на “ Словото кое се овоплоти”
- Црква во чест на Архангел Гаврил при изворот на Дева Марија каде ја прими Благата вест. Од овој извор и Самиот наш Господ Исус Христос додека живеел во Назарет полнел и пиел вода.
- Храмот на Благовештението над домот каде што живеело семејството
- Посета на црковна сувенирница
- Симболично потопување во светите води на реката Јордан
- Магдала, родното место на Марија Магдалена, се наоѓа на западниот дел од Галилејското Море
Околу 20 часот враќање во хотел и вечера.
3 ден (четврток) 28.05.2026
После доручекот се упатуваме кон Витлеем и Ерусалим
– Храмот на Исусовото раѓање во Витлеем
– Витлеем – “Градот на Царот” и “Дом на Лебот” Млечната пештера
Се упатуваме кон Ерусалим
– Светата гора Елеон каде Господ Исус Христос беседел со апостолите и го оплакувал Ерусалим
– Маслиновата Гора
– Гетсиманската Градина, местото на гетсиманската молитва пред затворањето, судењето и крсните страдања и предавството на Јуда Искариот
– Руски манастир во чест на Марија Магдалена
– Храм на Успение на Пресвета Богородица и нејзиниот гроб, Чудотворната икона на Богородица “Ерусалимска”
– Патот на страданието (Via Dolorosa), патот по кој одел Господ Исус Христос до Голгота
– Храмот на Господовиот гроб (Воскресение Христово)
– Плочата на миропомазание и Голготата
– Ал Акса и Златната Купола – свети места на муслиманите
– Ѕидот на плачот – свето место на Евреите
Околу 20 часот враќање во хотел и вечера.
4 ден (петок) 29.05.2026
После доручекот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот Бен Гурион лет за Софија 09.10 часот.