Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
1 Ден : СКОПЈЕ – СОЛУН ТЕЛ АВИВ 06.04.2026
Состанок на групата пред хотел Холидеј Ин во Скопје во 10.00 часот. Трансфер до аеродромот во Солун.Полетување во 18:45 часот, слетување во 21:10 часот. Трансфер до хотел. Вечера. Ноќевање.
2 Ден : ВИТЛЕЕМ – МАНАСТИР СВ. НИКОЛА – ЈУДЕЈСКА ПУСТИНА – МАНАСТИР СВ. ТЕОДОСИЈ ВЕЛИКИ – МАНАСТИР СВ. САВА ОСВЕШТЕН – ПОЛЕ НА ПАСТИРИТЕ – ЦРКВА РОЖДЕВСТВО ХРИСТОВО 07.04.2026
Појадок. Се упатуваме кон Витлеем (градот на лебот) во хотелот каде што ќе се сместиме и малку одмориме и веднаш почнуваме со посета на светите места. Прво место кое што ќе го посетиме е манастирот Св. Никола во Бет Џала. Во овој манстир се чуваат мошти од овој голем светител а во криптата на манастирот се наоѓа пештера во која се подвизувал. Потоа се упатуваме кон Јудејската пустина, каде најпрво ќе го посетиме манстирот Св. Теодосиј Велики, кој е подигнат на местото каде што мудреците одмориле кога се враќале, откако се поклониле на Богомладенецот Христос. Потоа ја посетуваме Великата Лавра Св. Сава Освештен, еден од најзначајните манастири во христијанскиот свет од 5 век. Во овој манастир престојувал и Св. Сава Српски за време на неговата посета во Светата Земја. Овој манастир се наоѓа во срцето на Јудејската пустина и претставува вистинска духовна оаза низ која тече потокот Кедрон. Во овој манастир е дозволено да влезат само мажи, додека жените на тремот кој е пред манастирот ќе имаат прилика да се поклонат на светите мошти кои се изнесуваат од манастирот и ќе слушаат за историјатот на манастирот. Потоа се упатуваме кон полето на пастирите, каде Ангел Господов им ја јавил радосната вест на пастирите дека се родил Богомладенецот Христос. На крајот се упатуваме во црквата на Рождевство Христово, каде во пештерата се поклонуваме и бакнуваме местото каде што се родил Господ Исус Христос, како и местото каде што Пресвета Богородица го положила во јасли Богомладенецот. Враќање во хотелот.Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН: ВИТАНИЈА – ГРОБОТ НА ЧЕТИРИДНЕВНИОТ ЛАЗАР – МАНАСТИР СВ. МАРТА И МАРИЈА – ЈЕРИХОН - МАНАСТИР НА ИСКУШЕНИЈАТА – МАНАСТИР СВ. ПРОРОК ЈЕЛИСЕЈ – МАНАСТИР СВ. ГЕРАСИМ ЈОРДАНСКИ 08.04.2026
Појадок. Потоа се упатуваме кон Витанија, во посета на гробот на четиридневниот Лазар, којшто беше воскреснат од Господ Исус Христос и манастирот посветен на Св. Марта и Марија, сестрите на Лазар. Потоа се упатуваме кон Јерихон, најстариот град во светот кој се наоѓа на палестинска територија и се наоѓа на 258м надморска височина под морското ниво и е најнискиот град во светот. Потоа со пешашење се упатуваме кон манастирот на Четириесетницата (Искушението), каде Господ Исус Христос веднаш после крштевањето 40 дена се подвизувал на ова место и бил три пати искушуван. Најсвето место во овој манастир е каменот на којшто стоел Господ Исус Христос додека ѓаволот го искушувал. Потоа го посетуваме манастирот на Св. Пророк Јелисеј, каде што се наоѓа Закхеевото дрво, на кое се качил овој покајан цариник за да го види Господ Исус Христос. На крајот од денот го посетуваме манастирот на Св. Герасим Јордански, кој се наоѓа на Јорданската обала. Овде се наоѓа пештерата во која што ја минале ноќта Пресвета Богородица, Јосиф и Богомладенецот додека бегале за Египет. Овде се наоѓа една од најубавите икони на Богородица Млекопитателница.
Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 ДЕН: ГАЛИЛЕЈА – МАНАСТИР СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ТАВОР) – НАЗАРЕТ – МАНАСТИР БЛАГОВЕШТЕНИЕ – КАНА ГАЛИЛЕЈСКА – РЕКА ЈОРДАН – ГОРА НА БЛАЖЕНСТВАТА – КАПЕРНАУМ – МАНАСТИР НА 12 АПОСТОЛИ 09.04.2026
Појадок. Се упатуваме во Галилеја. Ја посетуваме гората Тавор и манастирот посветен на Преображението Христово. Овде Господ Исус Христос се преобразил пред своите тројца апостоли: Петар, Јован и Јаков. Од гората Тавор се упатуваме во Христовиот град Назарет, во манастирот на Св. Архангел Гаврил (Благовештение) каде што и се јавил на Марија дека ќе го роди Спасителот на светот и местото на бунарот каде што се случило тоа. Од Назарет се упатуваме во Кана Галилејска, да ќе ја посетиме црквата на Св. Великомаченик Ѓеоргиј подигната на местото на првото Христово чудо (претварањето на водата во вино на свадбата на Симон Зилот), каде ќе ги видеме оригиналните садови. Потоа се упатуваме во Јерданит на реката Јордан, кадешто се верува дека тоа е автентично место на крштевањето Господово. Овде симболично сите се потопуваат од страна на свештеникот во светите води на Јордан и добиваат сертификат за крштевање. Потоа се упатуваме кон Гората на Блаженствата кадешто ќе ги прочитаме блаженставата од Евангелието според Матеј, изречени на ова место. Го посетуваме градот Капернаум, родното место на светите апостоли Петар, Андреј, Јован и Јаков Заведееви. Овде Господ Исус Христос најмногу поучувал и овде се наоѓа куќата на Св. Апостол Петар и остатоци од синагога од Христово време. Го посетуваме прекрасниот манастир на 12 Апостоли.
Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ДЕН: ЦРКВА РОЖДЕВСТВО ХРИСТОВО – РУСКИ ГОРНЕНСКИ МАНАСТИР – СТАРИОТ ГРАД ЕРУСАЛИМ – СТРАДАЛЕН ПАТ (VIA DOLOROSA) – ЦРКВА НА ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО 10.04.2026
Рано наутро одиме на литургија во црквата на Раѓањето Христово. Потоа се упатуваме во рускиот горненски манастир во Еин Карем, родното место на Св. Јован Крстител, како и во манастирот посветен на Чесниот Крст, кој е изграден на местото каде Аврамовиот син Лот го посадил дрвото на Покајанието од кое дрво покасно неколку века римјаните ќе го направат Крстот на кој е распнат Господ Исус Христос. Најисточна капија на северниот горен зид се вика Иродова капија бидејќи таму била куќата на Ирод. На исток се наоѓа Лавјата Капија и таа е најзначајна бидејќи преку таа капија се влегува во улицата на страданието. Друго име на таа капија е Св. Стефан бидејќи пред таа капија е каменуван Св. Стефан. Овие градски зидини се од 16 век. Кога ќе поминеме преку Лавјата Капија, оддесно влегуваме во црква која е изградена на местото каде што се родила Пресвета Богородица и местото на кое се верува дека се упокоиле Јоаким и Ана. Потоа ќе го посетиме Православното светилиште каде што се наоѓа Христовиот затвор. Потоа го одеме страдалниот пат по којшто одел Господ Исус Христос кон Голгота носејќи го својот крст. Овој пат има околу 1 000 чекори и 9 места на застанување се на отворено додека другите 5 се внатре во црквата на Христовото Воскресение. Потоа влегуваме во црквата на Воскресение Христово и веднаш доаѓаме до плочата на миропомазанието на која светите Јосиф и Никодим го положиле безживотното тело на Господ Исус Христос и го помазале со свето миро. И ден денеска од оваа плоча излегува свето миро. Ги посетуваме параклисите на Трновиот венец на местото каде е бичуван Христос и Адамовиот гроб кој се наоѓа веднаш под Голгота. Потоа одеме во параклисот Калвари или Голгота и таму се наоѓа точното место каде е забоден крстот. Таму ја целиваме 12 краката звезда, место на кое Господ Исус Христос е симнат од крстот. Го посетуваме параклисот на Царица Елена, мајката на Светиот Цар Константин, подигната на местото кадешто Царица Елена во 4 век го пронашла Чесниот Крст. Ги посетуваме параклисите на Св. Лонгин Стотникот, Марија Магдалена и главната црква или Каталикон (центар на светот). Во средиштето на црквата Христово Воскресение се наоѓа Христовиот гроб или Кувуклија.
Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
5 ДЕН : МАСЛИНОВА ГОРА – ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО 11.04.2026
Литургија во црквата на Рождевство Христово. Појадок. Се упатуваме кон Маслиновата Гора. Го посетуваме седиштето на Руската Православна мисија во Светата Земја манастирот на Вознесението Христово. Во склоп на овој манастир се наоѓа параклисот на Отсекување на главата на Св. Јован Крстител кој е подигнат на местото кадешто е пронајдена неговата главата. Го посетуваме местото и стапалката одкаде се вознел Господ Исус Христос на небото. Можност за прекрасен поглед и фотографирање. Ја посетуваме црквата Оче Наш која е напишана на многу светски јазици. Потоа го посетуваме прекрасниот руски манастир посветен на Марија Магдалена, каде се чуваат светите мошти на руската кнегиња Елисавета Федоровна. Се упатуваме во црквата на Св. архиѓакон Стефан изградена на местото на неговото страдање. Попатно ја посетуваме Гетсиманската градина каде Господ Исус Христос се молел со најтешката молитва и каде што е фатен. Потоа се упатуваме кон црквата на Успение на Пресвета Богородица. Во оваа црква се наоѓа гробот на Пресвета Богородица и чудотворната икона Богодорица (Ерусалимска), како и кивот со моштите на Светиот Јоаким и Праведниот Јосиф.
Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
6 ДЕН: СИОНСКА ГОРА – СТАРИОТ ГРАД ЕРУСАЛИМ 12.04.2026
Појадок.Се упатуваме кон црквата на Воскресение Христово.Присуство на Света литургија.Слободно време и можност за причест.Се упатуваме кон Сионската Гора, каде ја посетуваме римокатоличката црква Успение на Пресвета Богородица, изградена на местото каде се наоѓала куќата на Св. Јован Богослов и каде се упокоила Пресвета Богородица. Потоа ја посетуваме собата на Тајната Вечера, каде Господ Исус Христос ја востановил Евхаристијата. Се упатуваме во посета на рускиот манастир Св. Александар Невски и ќе поминеме преку Иглените уши, место кое се споменува во Светото Писмо во расказот за младиот богат човек.Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
7 ДЕН : ЛИДА – ТЕЛ АВИВ – СОЛУН 13.04.2026
Појадок. Поаѓаме кон градот Лида на поклонение на моштите на Светиот Великомаченик Ѓеорѓиј.Се упатуваме кон Јафа и Тел Авив. Од Јафа пророкот Јона испловил а царот Соломон увезувал материјали од Либан за изградба на Соломоновиот храм. Се упатуваме кон аеродромот Бен Гурион. Лет за Солун во 15:35 часот, пристигнување во 18:10 часот. Трансфер до Македонија.
Цена со рана уплата до Feb. 15, 2026
1200 ЕУР / Лице
Целосна цена
1400 ЕУР / Лице
8 dena
April 6, 2026
April 13, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070