Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Во цената е вклучено:
3 ноќевања во хотел во Кутаиси
2 ноќевања во Тбилиси
Сите факултативи во програмата
Авионски билет со вклучен рачен багаж 55x40x23cm/8kg
Организиран трансфер Скопје-Солун-Скопје
Трансфер за сите денови во Грузија
Групно патничко осигурување
Туристички водич,пратител и свештено лице за време на патувањето
Организација и реализација на патувањето
Сите посети според програмата се вклучени во цената
Во цената не е вклучено:
Факултативна вечера - 25 евра
Индивидуални трошоци
Ден 1-11.12.2024 среда
Состанок на групата во 14:00 часот и трансфер до Солун. Полетување за Кутаиси во 20:20 часот и предвидено пристигнување во 00:55 часот. Трансфер и сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 2-12.12.2024 четврток- Кутаиси
Појадок. Се упатуваме кон провинцијата Имерети во западна Грузија и нејзиниот главен град Кутаиси, кој е втор по големина град во Грузија. Во регионот Кутаиси ќе гo посетиме манастирот Гелати од 12 век под заштита на УНЕСКО.Посета на Манастир Мотсамета неговото име, чие значење е „Местото на мачениците“, е поврзано со браќата од благородничкото семејство Аргвети, Давид и Константин, кои организирале бунт против окупаторските Арапи во 8 век.Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3-13.12.2024 петок Кутаиси
Појадок.Разглед на Кутаиси.Посета на плоштадот Давид Агмашенели и Колхиската фонтана.Посета на Храмот на Светото Благовештение.Сосема за разлика од која било друга православна црква во Грузија, таа има трио од заоблени потпори на предната фасада испишани со зборовите „Безгрешно зачнување“. Ова е доволно за да ви кажеме дека зградата не отсекогаш припаѓала на православната црква – таа го започнала животот како католичка црква.Посета Капелата во Кутаиси, издлабена од дрво или позната како и „Светилиште во дрво“ - е најмалата црква во Грузија. Доволно голема за да собере само еден или двајца приврзаници, таа е сместена во издлабеното стебло на живо дрво. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 4-14.12.2024 сабота Тбилиси-Факултивна вечера
Пристигнување во Тбилиси и панорамски разглед. Почнуваме од Стариот град, посетувајќи ја црквата Метехи од 13 век, Сулфурните бањи и тврдината Наркита од 4 век, која нуди спектакуларен поглед. Вечера во традиционален грузиски ресторан. Враќање во хотел.Ноќевање.
Ден 5- 15.12.2024 недела
Појадок.Патувањето продолжува до старата престолнина и верски центар Мцхета и посета на гробот на Св.Нина. Таму ќе ги посетиме и манастирот Јвари од 6 век. Манастирот Јвари е православен манастир и е редок случај на раносредновековна грузиска црква која преживеала до денес речиси непроменета. Посета на Манастирот Самтавро.Грузиски православен христијански манастирски комплекс кој ги комбинира црквата Преображение Самтавро каде што се наоѓа гробот на Гаврил Грузиски,кој бил духовен отец, жив печат на историјата на Грузиската Црква и сведок Божји во денешното време и манастирот Света Нина изграден во 4 век. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 6 16.12.2024 понеделник
Појадок и одјавување од хотел. Слободно време за слободни активности. Трансфер до аеродромот во Кутаиси, полетување во 18:50 и пристигнување во Солун 19:45, локално време. Трансфер до Скопје.
Цена со рана уплата до Nov. 15, 2024
599 ЕУР / Лице
Целосна цена
679 ЕУР / Лице
6 dena
Dec. 11, 2024
Dec. 16, 2024
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070