Хотел Мојсез Лептокарија, Грција

Актуелно патување

Хотел Мојсез Лептокарија
Хотел Мојсез Лептокарија Хотел Мојсез Лептокарија
Хотел Мојсез Лептокарија Хотел Мојсез Лептокарија

Хотел Мојсез 2026

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Лептокарија е туристичко место на брегот на Егејско Море. Се наоѓа на околу 80 км од Солун, во подножјето на планината Олимп. Плажата е долга и песочна, а долж неа се протега преубаво шеталиште.

Шеталиштето, чистото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семеен одмор. Има многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици, како и игралишта и забавни паркови со детски активности и лулашки за најмладите.

Цените се многу пониски и поволни во таверните каде што се нудат грчки специјалитети. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Градската плажа е долга околу 5 км и има сино знаме, со што се докажува чистотата и квалитетот на водата.

Поради огромната побарувачка, оваа година за вас го имаме цел хотел Moyses на располагање.

 

Опис на хотелот Moyses

Хотел Moyses се наоѓа на приближно 80 м од плажа.

Хотелот располага со соби за 2, 3, 4 и 5 лица. Во секоја од собите има единечни кревети. Хотелот располага и со апартмани од две соби, за 5 лица.

Сите соби се на 1 и 2 спрат и имаат своја тераса каде што има маса и столчиња. Во кујната има рингли за подготовка на храна и прибор за онолку лица колку што ќе престојуваат.

Клима уред: се доплаќа 7 € од ден по соба.

Хотелот располага со базен кој патниците може бесплатно да го користат.

План за патувањето

Датум

Датум

1/2

1/3

1/4

22.05-29.05

24.05-31.05

69

69

69

29.05-05.06

31.05-07.06

79

79

79

05.06-12.06

07.06-14.06

99

99

89

12.06-19.06

14.06-21.06

120

109

103

19.06-26.06

21.06-28.06

142

131

120

26.06-03.07

28.06-05.07

164

153

142

03.07-10.07

05.07-12.07

186

175

164

10.07-17.07

12.07-19.07

197

186

175

17.07-24.07

19.07-26.07

208

197

182

24.07-31.07

26.07-02.08

219

208

182

31.07-07.08

02.08-09.08

219

208

182

07.08-14.08

09.08-16.08

219

208

182

14.08-21.08

16.08-23.08

219

208

182

21.08-28.08

23.08-30.08

197

186

182

28.08-04.09

30.08-06.09

175

164

143

04.09-11.09

06.09-13.09

142

131

110

11.09-18.09

13.09-20.09

120

109

98

18.09-25.09

20.09-27.09

79

79

79

25.09-02.10

27.09-04.10

69

69

69

 

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања во Хотел Moyses (цени по лице, без појадок).
  • Вклучен автобуски превоз од Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија.
  • Користење на базен во хотелот.
  • Користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за туристичка такса – 14 € по соба за престој (се плаќа на рецепција).
  • Патничко осигурување – задолжително, не е вклучено во цената.
  • Доплата за клима уред – 7 € од ден по соба.
  • Други лични трошоци.

Важно напомени

  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Над дозволениот број може, на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5,99 години.
  • Кога цените се ПРОМО, за уплата на два последователни термини се рачунат две ПРОМО цени.
  • За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст.
  • Попустите не се комбинираат.
  • Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
  • Сместување во собите е по 14:00 часот (локално време), а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
  • Доколку настане штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот.
  • Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи; поради тоа не може да се направи промена на термин.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите пропишани протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last Minute понуда да објави и продаде слободни капацитети по цени различни од оние во ценовникот.

Цена со рана уплата до Feb. 3, 2026

69 ЕУР / Лице

Целосна цена

219 ЕУР / Лице

7 dena

May 22, 2026

Sept. 27, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070