Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ИНФОРМАЦИИ:
Попусти за деца:
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
Прв ден – четврток (09.04)
Средба на групата кај хотел Континентал околу15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул околу 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.
Втор ден – петок (10.04)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија, како и некогашниот Хиподром, Аја Софија, Топ Капи палатата и Сината Џамија.
Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.
Трет ден – сабота (11.04)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме џамијата на турскиот претседател Ердоган, која е најголемата џамија во Турција и се наоѓа на азиската страна на највиското брдо Чамлиџа. Бидејќи е пуштена во употреба во 2019-та година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџа кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквално ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Разгледот продолжува со местото Кадикој на азиската страна. Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.
Вечерта враќање во хотел и ноќевање.
Четврт ден – недела (12.04)
По појадокот, можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета.
Потоа се упатуваме кон една од најпознатите џамии, Сулејмание џамијата, која веројатно е најпривлечната. Ова не се должи само на огромната големина на џамијата, туку и поради нејзината прекрасна локација, историската важност и грандиозниот дизајн. Како една од најимпозантните градби во градот, џамијата Сулејманије е вистинска штета да не се посети. Изградена од најпознатиот империјален архитект на Отоманската империја, Мимар Синан, по наредба на Сулејман Величествениот, не била изградена само како место за богослужба. Тоа е масивен комплекс во кој некогаш имало народна кујна, библиотека, медреса, подготвително училиште, градина каде што можеле да се прошетаат и многу повеќе. Додека џамијата се уште се користи за богослужба, многу делови се затворени и се користат за туристички цели. На пример, она што некогаш било народна кујна, сега е мало слатко кафуле наречено Дарузијаје, каде што можете да уживате во шолја чај. Џамијата Сулејмание има голема историска вредност поради многу причини. Прво, затоа што го изградил најталентираниот отомански архитект што некогаш живеел. Втората причина е затоа што има одредени многу важни гробишта на личности, како Сулејман Величествениот, неговата сопруга Хурем Султан и нивната ќерка Михримах.
Веднаш во близина на џамијата се наоѓа Египетскиот пазар на зачини, познат и како Mısır Çarşısı, кој е еден од најживописните и најшарените атракции во Истанбул. Се наоѓа во историската област Еминону и е рај за сите сетила. Замислете да се шетате низ тесни улички опкружени со егзотични мириси, живописни бои и метежот и вревата на традиционалниот турски пазар – совршено место за живописни фотографии на Инстаграм!
Во вечерните часови несекојдневна можност за да се доживее духот на Турција. Одиме на турска вечер на брод на Босфорот со забавна програма, традиционални турски танци, танчерки, музика, неограничен алкохол и одлична храна (предјадење, главно јадење и десерт).
После забавата враќање во хотелот со организиран трансфер и ноќевање.
Петти ден – понеделник (13.04)
По појадокот, следува одјавување од хотелот и се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 3 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови во вторник на 14.04.
Цена со рана уплата до Jan. 30, 2026
139 ЕУР / Лице
Целосна цена
159 ЕУР / Лице
5 dena
April 9, 2026
April 13, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070