ЈАШИ ЗА ПРВИ МАЈ, РОМАНИЈА

Актуелно патување

ЈАШИ ЗА ПРВИ МАЈ
ЈАШИ ЗА ПРВИ МАЈ ЈАШИ ЗА ПРВИ МАЈ
ЈАШИ ЗА ПРВИ МАЈ ЈАШИ ЗА ПРВИ МАЈ

ПРВИ МАЈ ВО ЈАШИ

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Цената вклучува :

-2 ноќевања во Њамц

-1 ноќевање во Букурешт со појадок

-Превоз на дадените релации

-Пратител за време на патувањето

-Посета на сите наведени манстири

 

Цената не вклучува :

-Патничко осигурување

-Лични и индивидуални трошоци

План за патувањето

Прв ден: 29.04.2026 (Среда)

Тргнување од Кочани (кај судот) во 16:00ч. Патување со високотуристички автобус преку Бугарија со попатни паузи.

 

Втор ден: 30.04.2026 (Четврток) 

Во попладневните часови пристигнување во Њамц,сместување во конаците и можност за посета на Шарената црква Свети Андреј,слободно време и можност за присуство на вечерна служба.Ноќевање

 

Трет ден: 01.05.2026 (Петок)   

Рано наутро присуство на Света литургија на македонски јазик во манастир Њамц, кој е познат како „романски православен Ерусалим“ и е една од најважните монашки заедници на Романската православна црква во Молдавија и можност за причест за сите оние кои имаат благослов.По завршување на литургијата разглед на манастирскиот комплекс и народниот музеј со еден од монасите на српски јазик.

Се упатуваме кон манастир Секу, тој е најстариот манастир во регионот. Во неговата архитектура доминира карактеристичниот молдавски стил. Комплексот вклучува црква, две параклиси и манастирски згради.

Манастир Сихастрија недалеку одовде се наоѓаше скитот Сихла (монашки испосник) како и пештерата на Свети Пиј Теодора; ковчегот со нејзините мошти денеска се чува во манастирот Пецерска-Киев под името „Богобојазливата Теодора од Карпати(гробот и ќелијата на старец Клеопа)

Манастир Агапиа уништена и повторно изградена, изгорена и повторно преправена,Агапија на ридот стана многу шармантен испосник.

Манастир Варатек ,овој православен манастир, кој се наоѓа во североисточниот дел на рурална Романија, има вкупно околу 450 монахињи. Многу од овие калуѓерки живеат во мали групи во приватни куќи, расфрлани меѓу обичните селани, наместо внатре во ѕидовите на заедничката опатија.Во попладневните часови можност за присуство на вечерна служба и молитва во шарената црква која се наоѓа во близина на богословското училиште.Враќање во Њамц – ноќевање.

 

Четврт ден: 02.05.2026 (Сабота)

Одјавување од конаците и заминување кон Јаши  познат како културен главен град на Романија,Јаши е симбол на романската историја. Историчарот Николае Јорга изјавил дека „не треба да има Романец кој не знае за тоа“.Сè уште познат како „Молдавската престолнина“, Јаши е главниот економски и деловен центар на романскиот молдавски регион.Присуство на Света литургија и поклонение на моштите на Св.Петка.Разглед на градот Јаши.Во попладнвните часови тргнување кон Букурешт.Сместување во хотел,ноќевање

 

Петти ден: 03.05.2026 (Недела)

Појадок и одјавување од хотел.Прошетка во Букурешт,културна, индустриска и финансиска престолнина на Романија.Воедно е и најголемиот град во Романија,сместен на југоистокот на земјата, и лежи на бреговите на реката Дунав  – посета на партијаршијата и присуство на света литургија.Од 1925 година,Романската православна црква е организирана како Патријаршија.Таа година,на 4 февруари, Светиот синод донесе одлука за основање на Романската православна патријаршија.Претседателскиот митрополит (митрополит на Унгровлахија) беше подигнат во чин Патријарх.Законот за основање на Патријаршијата бил објавен на 25 февруари 1925 година, а на 1 ноември 1925 година Мирон Кристеа бил устоличен за прв патријарх на Романија (1925-1939 година).Посета на стариот дел на Букурешт и црквата на Благовештение, посета на храм Св.Димитрија,посета на една од најстарите манастири во централното градско подрачје Ставрополеус.Слободно време за кафе пауза и разглед на стариот дел на Букурешт.Во попладневните часови поаѓање кон Македонија.

Цена со рана уплата до March 31, 2026

219 ЕУР / Лице

Целосна цена

269 ЕУР / Лице

5 dena

April 29, 2026

May 3, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070