Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ЈОРДАН – древна земја со посебен шарм и неверојатна историја. На ова патување ќе откриеме впечатливи римски локалитети, средновековни тврдини и древни градови, ќе ја почувствуваме живата атмосфера на Аман, контрастот со мирот на Мртвото Море и магијата на пустинските пејзажи на Вади Рум. Патување исполнето со историја, култура и незаборавни доживувања.
ПЕТРА – еден од највпечатливите бисери на Јордан и древен град кој остава трага уште од првиот чекор. Ќе поминеме низ тесниот Сик, а пред нас ќе се појави прочуениот Ал Казнеа – Трезорот. Ќе продолжиме низ древниот град покрај фасадите, кралските гробници и театарот и ќе ја доживееме магијата на градот издлабен во розевите карпи.
ВАДИ РУМ – „Долината на Месечината“, место каде огромните карпести формации и црвените пустински пејзажи создаваат чувство како да сте во друг свет. Ќе се возиме со 4x4 џипови низ пустината, ќе ја почувствуваме нејзината тишина и ќе поминеме ноќ во камп среде неверојатните пустински предели.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• Авио превоз Скопје – Истанбул – Аман – Истанбул – Скопје, со вклучен чекиран багаж
• Придружник на групата за време на престојот, локални водичи, организација на аранжманот.
• Пречек и асистенција на аеродром при пристигнување и заминување, низ сите формалности.
• Модерен климатизиран приватен автобус за сите трансфери, со бесплатен Wi-Fi.
• Професионален локален водич за целото патување.
• Сместување во хотели 4* или слични: Amman Sulaf Hotel 2Н + Petra Moon 1Н + Wadi Rum Oasis Camp (Deluxe Tent) 1Н + Dead Sea Spa Hotel 1Н. Или слични хотели
• Сместување на база полупансион: 5 појадоци + 4 вечери;.
• 2 мали шишиња вода за секој патник дневно во автобусот.
• 1 проштална вечера на последниот ден, согласно програмата.
• Сместување во двокреветна / twin / трокреветна соба.
• Влезници за сите локалитети наведени во програмата.
• 2-часовна 4x4 Jeep тура во Вади Рум (без бакшиш за бедуинскиот возач).
• Влезна виза за Јордан – бесплатно; потребни се целосни податоци од пасош.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Сите видови бакшиши.
• Сè што не е наведено во делот „Цената вклучува“ и сите дополнителни лични трошоци.
• Бакшиши за локалните возачи, водичи, портири итн. во висина од 45 еур по лице.
Важни Забелешки:
• Сите пасоши мора да имаат важност од најмалку 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата. Одговорност за проверка на валидноста на патните исправи носи исклучиво патникот.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот. • За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.
• Организаторот на патуваоето го задржува правото, во слушај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродрпмски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни или вонредни причини.
• За реализација на факултативните екскурзии по дадените цени постои минимален број на пријавени патници и доколку истиот не се исполни цената може да биде соодветно корегирана.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
1 ден (15.01): СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АМАН
Патувањето започнува со вечерно полетување од Скопје кон Истанбул со лет PC354 во 17:35 часот. Пристигнување во Истанбул во 21:00 часот и продолжување кон Аман со лет PC720 во 23:50 часот. Во Аман пристигнуваме во 02:25 часот на 16.01. По пасошката и царинската контрола, пречек од локалниот партнер и трансфер до хотелот. Влез во соба одма по пристигнување во хотел. Ноќевање.
2 ден (16.01): АМАН – АЈЛУН – ЏЕРАШ – АМАН
По Појадокот се упатуваме кон градот Ајлун, каде што се издигнува импресивниот средновековен замок Ал-Рабид изграден во XII век по наредба на еден од војсководците на Саладин. Сместен на рид со прекрасен поглед кон околните предели, замокот сведочи за времето на крстоносните походи и стратешкото значење на овој регион. Потоа продолжуваме кон Џераш – еден од најдобро зачуваните антички римски градови надвор од Италија. Прошетајте по улиците обложени со камени плочи, меѓу величествените колонади, храмови, плоштади и антички театри. Секој чекор низ овој археолошки бисер открива дел од раскошниот живот во времето на Римската Империја. Во вечерните часови се враќаме во Аман, каде што следуваат вечера и ноќевање.
3 ДЕН (17.01): АМАН – МАДАБА – НЕБО – КЕРАК – ПЕТРА
По Појадокот и одјавувањето од хотелот, го продолжуваме патувањето кон јужниот дел на Јордан, откривајќи места со исклучително историско и духовно значење. Првата станица е Мадаба, град познат како „градот на мозаиците“. Тука се наоѓа прочуената мозаична карта на Светата Земја од VI век, едно од најзначајните уметнички и историски сведоштва од византискиот период. Следува посетата на планината Небо, светото место од кое, според библиското предание, Мојсеј ја здогледал Ветената Земја. Од врвот се отвораат прекрасни панорамски погледи кон долината на реката Јордан и Мртвото Море. Продолжуваме кон Керак, каде што ќе го посетиме грандиозниот крстоносен замок – тврдина со масивни камени ѕидови, таинствени ходници, кули и подземни премини, кои раскажуваат приказни за средновековните битки и некогашната моќ на оваа тврдина. Во продолжение пристигнуваме во Петра, едно од најголемите археолошки богатства на светот. По сместувањето во хотелот и вечера, слободно време за одмор и уживање во атмосферата на ова историско место
4 ДЕН (18.01): ПЕТРА – РАЗГЛЕД НА ПЕТРА – ВАДИ РУМ
Појадок во хотелот Ден посветен на едно од најфасцинантните места на планетата – древниот град Петра, познат како „Розовиот град“. Издлабена во карпите со неверојатни нијанси на розова, црвена и златна боја, Петра е ремек-дело на набатејската цивилизација и едно од новите седум светски чуда. Прошетката започнува низ тесниот кањон Сик, чии високи карпести ѕидови постепено го откриваат погледот кон најпознатата градба на Петра – величествената Ризница, Ал-Хазнех. Но ова е само почетокот: антички гробници, монументални фасади, храмови и остатоци од некогашниот трговски центар откриваат цивилизација која со својата архитектура и инженерство го надминала своето време. По незаборавното доживување во Петра, продолжуваме кон пустината Вади Рум, позната по спектакуларните црвени песоци, грандиозните карпести формации и пејзажите што потсетуваат на друга планета. Вечерта ќе ја поминеме во пустинска атмосфера, под отвореното небо, со вечера и ноќевање во камп среде пустината, под неповторливото пустинско небо.
5 ДЕН (19.01): ВАДИ РУМ – 2 ЧАСА ЏИП ТУРА – МРТВО МОРЕ
Утрото го започнуваме со вистинска пустинска авантура! По појадокот нè очекува двочасовно сафари со теренски џипови низ Вади Рум, пустина со неверојатни пејзажи, огромни песочни пространства и величествени карпи обликувани од ветерот и времето. Ова е можност да ја почувствувате суровата убавина на пустината и да направите фотографии што ќе ве потсетуваат на едно навистина посебно доживување. По одјавувањето од кампот, продолжуваме кон Мртвото Море – едно од најнеобичните природни чуда на светот. Сместено на најниската копнена точка на Земјата, ова солено езеро е познато по својата исклучително висока концентрација на минерали и по уникатното чувство на бестежинско лебдење на водната површина.. Вечера и ноќевање.
6 ДЕН (20.01): МРТВО МОРЕ – СЛОБОДНО ВРЕМЕ – АМАН – АЕРОДРОМ
Појадок во хотелот и слободно време за уживање на Мртвото Море – едно од најнеобичните природни чуда на светот. Искористете ги последните часови за релаксација покрај водата, уникатното искуство на лебдење во нејзините солени води или едноставно уживајте во прекрасните пејзажи што го опкружуваат ова природно богатство. Во попладневните часови се упатуваме кон Аман, престолнината на Кралството Јордан, град во кој илјадници години историја се испреплетуваат со ориенталниот дух и современиот начин на живот. Следува разглед на градот, при што ќе ја запознаеме богатата култура и наследството на Хашемитското Кралство. Ќе ја посетиме Цитаделата, сместена на еден од ридовите на стариот Аман, од каде што се простира прекрасен панорамски поглед кон градот, како и Римскиот театар, величествен споменик од античкиот период, кој сведочи за богатата историја на оваа престолнина. Ќе прошетаме низ стариот дел на градот, каде што се чувствува автентичната ориентална атмосфера, ќе ја запознаеме традиционалната архитектура и локалниот начин на живот, а потоа ќе го откриеме и модерното лице на Аман, со неговите современи квартови и динамичен градски ритам. Заокружување на нашето патување со вечера во центарот на Аман, каде што ќе имаме можност да ја почувствуваме локалната атмосфера и гостопримството на Јордан. По вечерата, трансфер до аеродромот во Аман за летот кон Истанбул во раните утрински часови, носејќи со себе незаборавни спомени од ова патување низ историјата, културата и природните убавини на Јордан.
7 ДЕН (21.01): АМАН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Полетување од Аман со лет PC721 во 03:45 часот и пристигнување во Истанбул во 06:15 часот. Продолжување со лет PC351 за Скопје во 10:30 часот. Пристигнување во Скопје во 09:55 часот и завршување на нашето патување низ Јордан, исполнето со историја, пустински пејзажи и незаборавни доживувања.
Цена со рана уплата до Dec. 19, 2026
1495 ЕУР / Лице
Целосна цена
1550 ЕУР / Лице
7 dena
Jan. 15, 2027
Jan. 21, 2027
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070