КАВАЛА И ДРАМА, ГРЦИЈА

Актуелно патување

КАВАЛА И ДРАМА
КАВАЛА И ДРАМА КАВАЛА И ДРАМА
КАВАЛА И ДРАМА КАВАЛА И ДРАМА

КАВАЛА И ДРАМА БОЖИЌЕН БАЗАР

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Кавала е еден од најубавите и најпознатите градови на Егејското Море. Сместен покрај брегот, градот плени со својата автентична атмосфера, прекрасните морски пејзажи и богатата историја. За време на божиќните празници, Кавала добива посебна празнична магија. Секоја година, во централното пристаниште се поставува и украсува традиционален мал брод, кој претставува еден од препознатливите симболи на празничната атмосфера во градот.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Организација на патувањето и пратител


 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Драма и Божиќниот маркет - 20 евра
  • Задолжителна туристичка такса 10 евра по лице се плаќа во автобус кај водичот
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето со С. Македонија.
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Амор Травел

План за патувањето

Ден 1: 05.12.2026 (сабота)
  • Состанок на групата во 04ч и поаѓање . Патување преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Влезот во соби е после 14:00ч. Краток разглед на градот. Се посетува стариот град, аквадуктите, тврдината... Слободно време за индивидуални активности. Вечерта факултативна вечера во ресторан во Кавала. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

Ден 2: 06.12.2026 (недела)
  • По појадокот се упатуваме на факултативна посета на градот Драма каде групата ќе има можност да го посети едно од најпознатите Божиќни села во Грција. Слободно време за индивидуални активности и можност да се пробаат божиќни слатки "kourabiedes" (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и "melomakarono" (колачи со ореви полиени со сируп). Во договорено време враќање назад во Кавала. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

Ден 3: 07.12.2026 (понеделник)
  • Појадок, по појадокот се упатуваме во центарот на Солун. Слободно време (2 часа) за индивидуални активности. Во попладневните часови и во договореното време тргнуваме назад кон Македонија.

Цена со рана уплата до Nov. 19, 2026

139 ЕУР / Лице

Целосна цена

169 ЕУР / Лице

3 dena

Dec. 5, 2026

Dec. 7, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070