Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Во цената е вклучено:
- 3 ноќевања во хотел 3* во Ларнака
- Појадок
- Туристички такси
- Аеродромски такси
- Сите трансфери и факултативни посети спрема програмата
- Авионски билети
- Рачен багаж 40x30x20 до 8кг
- Локален водич
- Организација и придружник на патувањето од агенцијата
28.03.2027 (недела) Скопје-Ларнака
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:30ч, полетување за Ларнака во 17:35. Пристигнување во 20:35 пасошки и царински формалности. Трансфер до Ларнака сместување и слободно време за слободни активности. Ноќевање.
29.03.2027 (понеделник) Ларнака -Пафос- Лимасол
Појадок. По појадокот организирано заминување и посета на Лимасол и Пафос. Откријте го еден од најимпресивните антички град-кралства на Кипар, спектакуларно сместен над Средоземното Море. Посетете го неговиот величествен грчко-римски театар и археолошките остатоци, кои нудат фасцинантен увид во богатата историја на островот. Заминување кон Пафос и пристигнување на пристаништето во Пафос и слободно време за ручек. Уживајте во опуштената атмосфера на сликовитото пристаниште, со неговите ресторани и кафулиња покрај водата, како и прекрасните глетки кон Средоземното Море и средновековниот замок. Ќе го видимие Археолошки парк Пафос и римски мозаици. Откријте ги извонредните римски мозаици во Пафос, кои се дел од светското наследство на УНЕСКО. Овие прекрасно зачувани ремек-дела прикажуваат фасцинантни сцени од грчката митологија и нудат увид во луксузниот живот на Кипар во римско време. Поаѓање кон Лимасол. Пешачка тура низ стариот град Лимасол. Уживајте во водена прошетка низ историскиот центар на Лимасол, откривајќи ја областа околу средновековниот замок, шармантните пешачки улици, традиционалните продавници и живата локална атмосфера. на стариот град Лимасол. Лимасол е втор град по големина на Кипар (после Никозија) и најпопуларно летувалиште на островот на Афродита после Аја Напа. Лимасол е голем туристички центар, со долги шеталишта во центарот на градот, до самото море. На брегот од лева и десна страна се нижат безброј хотели и туристички населби. Градот ви нуди голем избор на продавници од секаков тип .Враќање во хотел во попладневните часови. Слободна вечер. Ноќевање.
30.03.2027 (вторник) Ларнака – Фамагуста-Агиа Напа
Појадок. Слободно време за истражување на градот или пак организирана екскурзија на Агиа Напа и Фамагуста. Екскурзијата ја започнуваме со застанување на чекпоинтот Деринија каде ќе се запознаеме со историски моменти на Кипар, со отворање на два контролни пункта по повеќе од половина век. Официјални лица од двете страни ги отвориле ови гранични премини за првпат по многу години, поддржани од ОН. Поделените кипарски Грци поминувале низ источниот граничен пункт Деринија, минувајќи покрај мировниците на Обединетите нации кон отцепениот север поддржан од Турција. Во исто време, преминот Лефка-Аплики бил отворен во северозападниот дел на источниот медитерански остров. Пред повторното отворање на преминот Деринија, војниците ги отстраниле бариерите завиткани со ‘рѓосана бодликава жица. Продолжуваме кон Градот на Духовите-Фамагуста.Фамагуста, грчки Амохостос, турски Гази Магуса, главно пристаниште во делот на северен Кипар под управа на кипарските Турци. Лежи на источниот брег на островот во заливот помеѓу Кејп Греко и Елоеа и е на околу 50 км источно од Никозија. Пристаништето се одликува како најдлабокото пристаниште на Кипар. Фамагуста е франска кованица на неговото грчко име, што значи „закопана во песок“, опис на заленото устие на реката Педиеос северно од градот. Основана е како Арсиноа од македонскиот египетски крал Птоломеј II (308–246 п.н.е.). Заминување за Агиа Напа. Аја Напа е живо место, популарна туристичка дестинација сместена на југоисточниот брег на Кипар, а името го добила по Света Напа, која е заштитничка на градот. Од 70-тите години на минатиот век, од мирно рибарско место, Аја Напа станува најпосетена дестинација на островот. Денес изобилува со модерни хотели и други видови на сместувачки капацитети, продавници за се’ и сешто (и да пристигнете без куфер – овде може се што ви треба да си купите, буквално ништо не недостасува), огромен број на ресторани со разновидни кујни (грчка, италијанска, азиска, мексиканска…), кафе барови, популарни барови на плажи, ноќни клубови . Враќање во Ларнака. Ноќевање.
31.03.2027 (среда) Ларнака – Скопје Појадок. Одјавување од хотел.
Заминување на разглед на еден од најстарите градови на светот, град со испреплетени години историја, култура и уметност, во кој се измешале повеќе цивилизации како Персиjци, Грци, Египќани, Византици, Отоманци, Турци и Британци. Град со посебен шарм и поволна блага клима. Панорамски разглед на градот Стар Китон (Ларнака), Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Црквата Аг.Лазарос, Археолошки музеј на Ларнака. Слободно време за ручек. Во 18:30ч трансфер до аеродром. Лет за Скопје во 21:05ч, пристигнување 22:30ч.
Цена со рана уплата до Jan. 25, 2027
399 ЕУР / Лице
Целосна цена
459 ЕУР / Лице
4 dena
March 28, 2027
March 31, 2027
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070