КИПАР ВО ФЕВРУАРИ, КИПАР

Актуелно патување

КИПАР ВО ФЕВРУАРИ
КИПАР ВО ФЕВРУАРИ КИПАР ВО ФЕВРУАРИ
КИПАР ВО ФЕВРУАРИ КИПАР ВО ФЕВРУАРИ

КИПАР ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

 

-Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје

-Аеродромски такси

-Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;

-Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром

-Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Ларнака  

- Посета на Ларнака, Аја Напа, Лимасол

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

 

-Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm) – информации во агенција

-Влезници за локалитети и карти за локален превоз

-Патничко осигурување 300,00 денари

-Факултатива-НИКОЗИЈА-50е

-Туристичка такса 2 еур по лице од ден

-Индивидуални трошоци

 

 

План за патувањето

План за патувањето

 

Прв ден 14.02.2026 (сабота)

Состанок на групата на аеродром Скопје во 18часот. Полетување во 20:15часот, а пристигнување во 23:25 во Ларнака. Трансфер, Сместување во хотелот. Ноќевање.

 

Втор ден 15.02.2026 (недела)  

Појадок.  Заминување за градот Аја Напа. Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центарна Кипар, со многу сонце, кристалночистоморе и прекрасни пејзажи. Некогаш имало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар.Друго име му е и„втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажи, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км и Nissi Beach – долга 2км.Можност за капење.Враќање во хотел.Слободни активности. Ноќевање.

 

Трет ден 16.02.2026 (понеделник)- Никозија 50е

Појадок. Упатување кон Никозија. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот е единственот во светот кој припаѓа на двете држави и главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Во северниот дел на градот кој се наоѓа во Р.Турција, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција.Ноќевање

 

Четврт ден 17.02.2026 (вторник)

Појадок.Одјавување од хотел.Целодневна посета на Пафос и Лимасол

На пат кон Пафос поминуваме низ Лимасол каде имаме пауза во марината на Лимасол. Прошетка низ популарната марина и шеталиштето во Лимасол. По пауза продолжуваме помеѓу плантажата со лимон и портокал Фасури се до античката грчка тврдина Куриум. По посетата на тврдината поминуваме низ британските воени бази Епископи и пристигнуваме на плажата Афродита каде според легендата божицата на љубовта се родила во морска пена. Пауза за освежување и одмор со поглед на карпата на Афродита и кристално чистото море.
Следува продолжување на патот кон градот Пафос, кој има историски споменици под заштита на УНЕСКО, на кој се насликани грчката историја и митологија и првите геометриски зачетоци од античка Грција. На крајот од посетата, време е за пауза во еден од многуте барови во пристаништето за кафе или ручек по ваш избор.

Трансфер до аеродром.Лет за Скопје во 18:15часот. Пристигнување во 19:40часот

 

Цена со рана уплата до Dec. 20, 2025

299 ЕУР / Лице

Целосна цена

349 ЕУР / Лице

4 dena

Feb. 14, 2026

Feb. 17, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070