КИПАР 17-21.02, КИПАР

Актуелно патување

КИПАР 17-21.02
КИПАР 17-21.02 КИПАР 17-21.02
КИПАР 17-21.02 КИПАР 17-21.02

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ПРАВОСЛАВЕН КИПАР

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 

Авионски превоз на релација: Скопје - Ларнака - Скопје,

Трансфер аеродром - Хотел - аеродром

Вклучени сите посети наведени во програмата,

Придружник на целото патување,

4 ноќевања со појадок

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

Патничко осигурување

10е туристичка такса по лице за сите денови

План за патувањето

1ден – 17.02

Собир на групата на скопскиот аеродром. Краток информативен состанок. Аеродромски формалности. Полетување во 20:15 часот. Слетување на аеродромот во Ларнака во 23:25 часот, според распоредот на авиокомпанијата. Гранични формалности на аеродромот во Ларнака.Трансфер до хотел,ноќевање.

 

2ден - 18.02

Појадок. Рано станување и поаѓање кон местото Омодос, каде се наоѓа манастирот Чесниот Крст или, како што Грците го нарекуваат, Тимиос Ставрос, што значи „чесен“. Манастирот е еден од најстарите на Кипар. Во него се наоѓа честичка од Чесниот Крст со јажето со кое Христос бил врзан, натопено со крв. Исто така, во манастирот се наоѓа и главата на апостол Филип.

Доколку времето дозволи, посета и на манастирот Трикоукиа, познат по чудотворната икона на Мајката Божја Трокукиотиса. Продолжување кон манастирот Тродитиса. Манастирот Тродитиса е машки манастир на Кипарската православна црква, сместен во планините Троодос, 6 км северно од селото Платрес, во областа Лимасол. Се верува дека манастирот е основан во 1250 година. Се наоѓа на западната страна од пошумените падини на Олимп, на надморска височина од 1.350 метри. Посветен е на иконата на Богородица Тродитиса.

Оваа света икона била спасена од иконоборците во времето на иконоклазмата во 8 век и била скриена во една од пештерите во близина на денешниот манастир. По Седмиот вселенски собор во Никеја во 787 година, кога иконоборската ерес била осудена, Богородица се јавила на ова место. Враќање во Ларнака. Слободно време. Ноќевање.

 

3ден – 19.02

Појадок (можно е да биде ланч-пакет доколку присуствуваме на литургија). Рано наутро поаѓање кон манастирот Свети Јован Лампадитис, кој е вклучен во листата на културно наследство на УНЕСКО. Во манастирот се чува дел од главата на Свети Јован Крстител и дел од моштите на Свети Јован Лампадитис, ученик на Свети Ираклид.

Потоа продолжување кон манастирот Кикос. Манастирот го основал византискиот цар Алексиј I Комнин во 11 век. Се наоѓа на надморска височина од 1.318 метри, северозападно од планините Троодос. Од оригиналниот манастир не се зачувани остатоци, бидејќи повеќепати бил запалуван. Првиот претседател на Кипар, архиепископ Макариос III, неколкупати го посетувал манастирот и е погребан на три километри од него, каде му е подигнат и споменик.

Во манастирот се наоѓа една од најголемите светини на Кипар – иконата на Мајката Божја, која според преданието ја насликал апостол Лука и која била благословена со раката на самата Мајка Божја. Акатист и, доколку е можно, посета на ризницата (влезот во манастирот е вклучен во цената, но влезот во ризницата и музејот не е). Обиколка на манастирскиот комплекс. Враќање во Ларнака. Слободно време. Ноќевање.

 

4ден-20.02

Појадок. Рано наутро поаѓање кон Пафос. Апостол Павле се искрцал во Саламис и таму го ширел христијанството на своето прво мисионерско патување. Потоа патувал по целото јужно крајбрежје на Кипар сè до Пафос. Таму му се спротивставил еврејскиот врач Елима. По спротивставувањето на Павле и Варнава, Елима привремено ослепел. Римскиот проконзул Сергиј Павле тогаш се уверил во христијанството и го прифатил од Павле. Од тој момент Павле повеќе не се нарекува со своето поранешно име Савле, туку станува водач на христијаните.

Посета на катакомбите на Света Соломија. Пафос е местото каде бил камшикуван апостол Павле и Варнава и поранешен центар на римската империја на Кипар; посета на столбот каде бил камшикуван Свети апостол Павле. Слободно време во Пафос за посета на бројните археолошки локалитети.

Посета на манастирот посветен на Свети Неофит, поклонување на неговата глава, а потоа заминување кон манастирот Хрисорогијатиса, каде се наоѓа чудотворна икона на Мајката Божја, една од оние што ги насликал апостол Лука. Враќање во Ларнака. Ноќевање.

 

5ден – 21.02

Појадок.Одјавување од хотел.Продолжување кон црквата Свети Лазар Четвородневен.

Црквата Свети Лазар е црква од доцниот 9 век во Ларнака, Кипар. Таа припаѓа на Кипарската црква, автокефална грчка православна црква, и во неа се наоѓаат моштите на Свети Лазар Четвородневен, пријател на Христос. Посета на црквата и поклонување на моштите.Трансфер до аеродром и лет за скопје во 18:15часот

 

Цена со рана уплата до Jan. 15, 2026

369 ЕУР / Лице

Целосна цена

429 ЕУР / Лице

5 dena

Feb. 17, 2026

Feb. 21, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070