Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Лорет де Мар, Барселона
Коста Брава е крајбрежен регион на Каталонија во североисточна Шпанија. Се смета дека се протега од градот Бланес, 60 км. североисточно од Барселона, до француската граница – со други зборови се состои од брегот на провинцијата Гирона. Брег исполнет со нерамни заливи, средновековни села, песочни плажи, лозја и секако делата на Салвадор Дали. Многу патници доаѓаат во овој живописен регион на Шпанија за да ги истражат селата со најразлични екскурзии, пловења со катамарани, патувања со кајак или со посета на саканиот град Барселона.
Барселона е софистициран и тренди главен град на Каталонија полн со позитивна енергија кој нуди единствен летен одмор во кој може да се ужива и во изобилство на култрурно – уметнички, гастрономски и урбани доживувања. Град кој симболизира забава, дружење, различност, авантури, а пред се е град со богата душа.
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Факултативни излети:
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
1 ден Скопје-Барселона-Лорет де Мар
Пристигнување на аеродромот во Скопје три часа пред летот кој полетува за Барселона во 18:50 часот и слетува во 21:40 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Лорет де Мар.
Сместување и слободно време за одмор.
Кратка прошетка во околината и забава во ноќен клуб.
2 ден Лорет де Мар
Слободно време за уживање и заедничка дружба на една од плажите во Лорет де Мар.
Во попладневните часови враќање во хотел, кратка пауза за подготовка и прошетка во Лорет де Мар. После прошетката посета на ноќен клуб и забава до раните утрински часови.
3 ден Барселона
Слободно време за релаксација на плажата во Лорет де Мар и дружба во некој од beach баровите во кои секојдневно се организираат различни забави.
Во попладневните часови се упатуваме кон Барселона каде разгледот го започнуваме со посета на Arc de Triomf, паркот Ciutadella, , плоштадот Каталонија, катедралата Catedral de Barcelona, Готскиот кварт,авенијата Рамблас каде ќе имаме пауза за заедничка дружба во локален ресторан. Прошетката ја продолжуваме со Каса Мило, Каса Батло, катедралата Саграда Фамилија и прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во светот.
Враќање во Лорет и забава во ноќен клуб.
4 ден Лорет де Мар
Слободен ден за уживање на плажа во Лорет де Мар.
Во вечерните часови прошетка во Лорет. После прошетката групата се упатува на забава во еден од многубројните клубови во градот до раните утрински часови.
05 ден Boat party по брегот на Коста Брава
Неколку часовно крстарење со катамаран по брегот на Коста Брава. Турата започнува од Лорет де Мар и е во времетраење од околу 4 часа. Прво се упатиме на север во потрага по прекрасните заливи и пештери кои се наоѓаат помеѓу Кала Левадо, Тоса де Мар и Кала Футадера. За време на целото патување можеме да пиеме безалкохолни пијалоци, сангрија и пиво.
Во текот на крстарењето ќе се закотвиме во заливот со можности за капење, нуркање и сончање. За време на паузата ќе се служи ручек: тестенини со салата или „Al dente“ сос од домати, скара подготвена на бродот со говедски плескавици и маринирани коцки пилешко заедно со овошен коктел. За време на кружното патување до и од заливите ќе има музика и танцување, со диџеј.
После крстарењето во вечерните часови заедничка дружба во локално кафуле.
06-07 ден Лорет де Мар
Слободни денови за уживање на плажа во Лорет де Мар или некој од околните градчиња.
8 ден Лорет де Мар-Барселона-Скопје
Одјавување од собите и оставање на багажот во хотелот. Во договорено време со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Барселона со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 22:15 часот и слетува во Скопје во 01:00 часот.
Цена со рана уплата до March 20, 2026
769 ЕУР / Лице
Целосна цена
919 ЕУР / Лице
8 dena
July 18, 2026
July 25, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070