Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Во цената е вклучено:
-Автобуски превоз
- Посета на Костур
-Посета на црквата Св.Богородица
-Посета на островот Ахил
-Пратител
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Влезница во пештерата- 4е се плаќа на лице место
-Индивидуални трошоци
НАПОМЕНА:
1 ден 24.05.26
Планирано поаѓање во утринските часови. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во КОСТУР – прекрасен град сместен на брегот на Костурско езеро, познат по својата уникатна архитектура, калдрмисани улички, традиционални куќи и повеќе од 50 цркви кои сведочат за неговото културно наследство. Костур е исто така познат како центар на кожна индустрија со бројни продавници и можност за шопинг. Традиција на населението е производството и трговијата со крзна и кожи. Има околу 300 мали и поголеми фабрики за обработка на кожа и крзно. Дел од жителите егзистираат од туризам, производство на вино и риболов, затоа што во водата на езерото има стотици видови на риби. Прошетките покрај езерото со прекрасен поглед го прави градот идеално место за еднодневно бегство од секојдневието.
Прво ќе ја посетиме “пештерата на змејот” магичната Пештера на Змејот под карпите на градот, кој е простор стар шест милиони години. Пештерата има седум езера длабоки од 3-8 м. и безброј сталактити, сталагмити, фигури и композиции кои ги сокрило времето. Откриена во 40-тите години на минатиот век од генерал Соунгариди. Ја нарекол Пештера на змејот, врзувајќи ја со една локална легенда. Откритието е потврдено 1954 г. На реконструкцијата и реставрацијата се работело 10 години од 2000 – 2009 г.
Потоа ќе ја посетиме црквата Света Богородица Мавровска“ или Мавриотица (грчки: Παναγία Μαυριώτισσα, Панагија Мавриотиса или Μεσονησιώτισσα, Месонисиотиса) — православен манастир изграден во X век, во времето на Охридската архиепископија, кој денес ѝ припаѓа на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
По посетите на овие места одиме во центарот на градот каде ќе имаме околу три часа слободно време за индивидуални активности.
Во договорено време собир на групата и поаѓање кон островот Св.Ахил во грчкиот дел од малото Преспанско езеро. Над селото е базиликата и остатоците од средновековниот град Преспа, кој во 10 век го подигнал Цар Самоил. Во руините на базиликата Св. Ахил во 1969 година е пронајден неговиот гроб. Мирот и тишината во селото, преубавиот поглед од горниот дел предизвикуваат чуство дека времето застанало во други периоди. До островот се пристигнува преку понтонски мост кој го поврзува со копното.
Враќање за Македонија во попладневните часови.
Цена со рана уплата до April 23, 2026
1500 ЕУР / Лице
Целосна цена
1500 ЕУР / Лице
1 dena
May 24, 2026
May 24, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070