Кралство Јордан- Велигденска Пустинска Авантура, Хашемитско Кралство Јордан

Актуелно патување

Кралство Јордан- Велигденска Пустинска Авантура
Кралство Јордан- Велигденска Пустинска Авантура Кралство Јордан- Велигденска Пустинска Авантура
Кралство Јордан- Велигденска Пустинска Авантура Кралство Јордан- Велигденска Пустинска Авантура

Велигден во Кралството Јордан

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Јордан, античка земја со неверојатна историја која секако зазема посебно место во развојот на светската цивилизација. Официјалното име на земјата е Хашемитско Кралство Јордан. Зборот „хашемит“ значи дека владејачката династија потекнува од семејството на пророкот Мухамед а.с. Се наоѓа во југозападна Азија, помеѓу Сирија, Ирак, Саудиска Арабија, Израел и Палестина. Главен град е Аман, кој е економски, политички и културен центар на Јордан.

Аман, Акаба, Петра, пустински мир во недоглед… Јордан… Високите карпи и црвениот песок ја карактеризираат пустината Вади Рум,  позната и како Долина на Месечината со голем избор на бедуински кампови за незаборавно искуство. Самото име доаѓа од арапскиот збор wadi што значи „долина“ и рум што значи „подигнат“ или „висок“. Оваа локација сведочи за еволуцијата на човечкиот живот, човечките мисли и раниот развој на пишувањето. Во карпите можете да видите разни натписи, а се проценува дека ги има над 25.000. Многумина го споредуваат Вади Рум со Марс поради неговиот изглед, па затоа стапнете на Марс доколку сте во посета на Јордан.

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Трансфер Скопје – аеродром Софија – Скопје
  • Авионски карти Софија – Аман – Софија
  • Аеродромски такси – подложни на промена
  • Ранец (40 x 30 x 20 cm) и Рачен багаж од 10 кг. (55 x 40 x 20 cm)
  • Пречек и помош при пристигнување и заминување
  • Трансфери од и до аеродромот во Аман
  • 7 ноќевања во хотели со 4* на база полупансион (Споменатите хотели може да се променат во зависност од достапноста)
  • Превоз обезбеден во текот на целата програма
  • Професионален водич на англиски јазик
  • Мало шише вода секој ден за секој патник
  • Влезници со ручек до Мртвото Море
  • Сафари со 4x4 џип во Вади Рум (времетраење 2 часа)
  • Виза за Јордан (потребна е копија од пасошот најдоцна до 14 дена пред патувањето)
  • Wi-Fi конекција

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Бакшиш за водич (3 USD од ден/препорачливо), хотели, шофер (4 USD од ден/препорачливо), возач на џип и ресторани
  • Влезници за локалитететите согласно програмата со задолжителна доплата на лице место
  • Доплата за било што друго што не е наведено погоре во програмата
  • Оброк ручек

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

–  За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

–  Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршување на патувањето.

–  По купувањето на картата важат условите на авио компанијата.

–  Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

– Наведените саатници на летовите во програмата се подложни на промени и зависат од авио компанијата.

– Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

– Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија, а агенцијата во однос на рефундација и/или промени на термини, ќе постапи согласно условите на авиокомпанијата и хотелите.

– Формалностите за влез се предмет на промена. Препорачуваме повторно проверка пред поаѓање.

– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот или авионските карти.

–  Цените и расположивоста на места се подложни на промени.

 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената на аранжманот е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • Плаќањето може да биде готовинско или на фактура на физичко/правно лице.
  • Услови за плаќање: 50% од уплатата треба да се изврши при потврда на резервацијата и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.

Влезници за локалитететите согласно програмата со задолжителна доплата на лице место (цена по лице):

  • Џераш – 15 USD; Аџлун – 5 USD; Мадаба – 5 USD; Планината Небо – 5 USD; Петра – 71 USD; Вади Рум – 10 USD; Местото за крштевка (опционално) – 18 USD; Аман – 7 USD

План за патувањето

Прв ден (10.04./11.04.2026) СКОПЈЕ – СОФИЈА – АМАН

 Во вечерните часови состанок на групата пред Хотел Континентал во договорено време и поаѓање кон Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија три часа пред летот кој полетува за Аман во 09:55 часот и слетува во 12:35 часот.
По пристигнувањето на Меѓународниот аеродром „Кралица Алија“ не пречекуваат претставниците на локалната партнер агенција кои ќе ни помогнат во процесот на имиграцијата. Организиран трансфер до хотелот во Аман. Сместување во собите, вечера и ноќевање.

Втор ден (12.04.2026) АМАН – ЏЕРАШ – АЏЛУН – АМАН

Појадок. После појадокот денот започнува со истражување на еден од најзачуваните римски градови на Декаполис - Џераш. Потоа се посетува Аџлун, Замокот Саладин со поглед на долината Јордан. Во попладневните часови враќање назад во Аман за вечера и ноќевање.

Трет ден (13.04.2026) АМАН – МАДАБА – ПЛАНИНА НЕБО – ПЕТРА

Појадок. По појадокот, се упатуваме кон Мадаба - Градот на мозаиците, кој ја има најстарата позната мозаична карта на светата земја. Ја посетуваме грчката православна црква Свети Ѓорѓи каде што се наоѓа познатата византиска мозаична карта од 6-ти век на светите места во библискиот свет.
Потоа одиме да ја разгледаме долината Јордан од познатата планина Небо, местото каде што се верува дека бил погребан Мојсеј. Оттаму продолжиме кон главниот град на Набатејците - Петра, кој од неодамна бил изгласан за едно од седумте светски чуда. Сместување во хотел и кратка пауза. После паузата вечера во хотелот и ноќевање.

Четврт ден (14.04.2026) ЦЕЛОДНЕВНА ПОСЕТА НА ПЕТРА – ВАДИ РУМ

Појадок. После појадокот следува целодневна посета на јорданскиот бисер Петра. Античкиот набатејски град Петра во 1985 година бил прогласен за Светско наследство на УНЕСКО. Посетата започнува со прошетка или кратко возење со коњ од главниот влез на Петра до влезот на стариот град „Ал Сик“. Како што ќе се пристигне до крајот на Сик, полека се појавува првиот и најголем споменик на Петра - познатиот споменик на ризницата „Al Khazneh“. Се препуштаме и шетаме низ архитектонските и духовните чуда на оваа величествена локација испитувајќи го секој детал на повидок. После посетата на Петра организиран трансфер до Вади Рум. Сместување во хотелот, вечера и ноќевање.

Петти ден (15.04.2026) ВАДИ РУМ – АКАБА

После појадокот заминување кон Долината на Месечината, која била позната како „Земјата на Лоренс од Арабија“. Уживање во сафари со џип и истражување на пустината во времетраење од два часа.
Потоа возење до одморалиштето Акаба на Црвеното Море. После кратката пауза за одмор вечера и ноќевање.

Шести ден (16.04.2026) АКАБА

Слободно време во Акаба за индивидулани прошетки и сончање на плажа. Во доцните попладневни часови вечера во хотелот и ноќевање.

Седми ден (17.04.2026) АКАБА – МРТВО МОРЕ – ЦИТАДЕЛ – РИМСКИ ТЕАТАР – АМАН

После појадокот се упатуваме на север кон Мртвото Море возејќи по патот Вади Араба кој води покрај брегот на Мртвото Море. Можност за пливање во солените води на Мртвото Море - најниската точка на земјата (400 метри под нивото на морето).
Мртвото Море има свое историско и духовно наследство. Се верува дека е местото на пет библиски градови: Содом, Гомора, Адма, Севоим и Сигор. Поминете го денот сончајќи се, пливајќи и релаксирајќи се во нежните води на Мртвото Море и бидете изненадени што никогаш нема да потонете. Организиран трансфер до хотелот во Аман за вечера и ноќевање.

Осми ден (18.04.2026) АМАН - (Местото за крштевка е опционално) – СОФИЈА – СКОПЈЕ

По појадокот панорамски разглед на стариот и новиот Аман, посета на тврдината и римскиот театар. Во договорено време организиран трансфер до аеродромот во Аман со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 13:00 часот и слетува во Софија 16:00 часот по локално време. Организиран трансфер до Скопје.

 

Цена со рана уплата до Feb. 28, 2026

1050 ЕУР / Лице

Целосна цена

1250 ЕУР / Лице

8 dena

April 11, 2026

April 18, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070