Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Островот Крф, магичен, посебен, единствен. Дури и боговите своето прибежиште го наоѓале тука, а цела Европа се обидувала што повеќе да го задржи под своја власт. Остров со бурна историја и многу природни богатства. Токму затоа денеска е еден од најпосетуваните острови во Грција. Крф изобилува со прекрасни плажи, но и места кои ќе ви го одземат здивот. Совршено бегство за уживање во сончевите зраци за празникот 24 Mај.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ:
Апартманско сместување:
22.05.2026 (петок)
ПРВ ДЕН: Состанок на групата кај Хотел Континентал во вечерите часови. Ноќно возење преку граничниот Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.
23.05.2026 (сабота)
ВТОР ДЕН: Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следувa возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.
Некаде околу 17-18 часот, се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата. Ќе го посетиме и познатиот видиковец Канони, кое е местото со најубавиот поглед кон островот на Глувчињата, црквата Влахерна, а од десната страна има поглед кон еден од најмалите комерцијални аеродроми во Европа. Во текот на летниот период е главна туристичка атракција бидејќи туристите имаат прилика да ги гледаат пристигнувањата на авионите, буквално над нивните глави. Потоа следува панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето, кратка прошетка покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Потоа слободно време за прошетка и запознавање со градот.
Во договорено време, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.
24.05.2026 (недела)
ТРЕТ ДЕН: Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи, но во месецот мај, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за да го истражуваме островот. Групата ќе има можност, факултативно да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, од кој се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот.
По завршувањето на посетата, се враќаме во Ипсос.
25.05.2026 (понеделник)
ЧЕТВРТ ДЕН: Последниот ден е резервиран за уживање во Ипсос. Голема е веројатноста во тој период времето да е веќе доволоно топло за да може да се искористат и придобивките на морето. Во договорено време се прави чек аут од апартманите и се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови на 26.05.
Цена со рана уплата до May 11, 2026
99 ЕУР / Лице
Целосна цена
129 ЕУР / Лице
4 dena
May 22, 2026
May 25, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070