Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Патување каде што традицијата и иднината одат рака под рака. Каде што секој чекор е ритуал, а секој момент има значење. Добредојдовте во магијата на ЈАПОНИЈА И ЈУЖНА КОРЕА.
Од динамичниот Токио, преку космополитската Јокохама, па сè до Тоба, Осака, Кочи и Хирошима – пловидба низ култури што не се гледаат само, туку се доживуваат. Од Kanmon Straits, каде што морето раскажува приказни, продолжуваме кон Бусан во Јужна Кореа, град што пулсира со енергија, и се враќаме во Јапонија, во мистичниот Нагасаки.
Храмови покрај неонски светла, тивки градини среде мегалополиси, чајни церемонии и улици што мирисаат на улична храна и историја. Ова е патување на контрасти – каде што брзината на светот застанува токму кога вие ќе го посакате тоа.
Истокот има начин да ве смири и во исто време да ве разбуди. Овде далечината исчезнува, а чувството на присутност станува дел од секој ден на патувањето.
Овие денови поминати меѓу океанот и градовите не завршуваат со симнување од бродот. Тие продолжуваат во спомените, во фотографиите и во тивкиот момент кога ќе сфатите дека светот го гледате со поинакви очи.
Во цената е вклучено
-2 Ноќевања со појадок во хотел во Токио пред крстарење.
-Повратен авионски билет на релација Скопје – Токио – Скопје со вклучени аеродромски такси
-Багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж
-Прошетка на секој порт
-Претставник од агенцијата за време на целото патување и крстарење
Во цената не е вклучено
• Индивидуални трошоци
• Факултативни излети
• Пијалоци на бродот
• Лична потрошувачка (алкохол и сите други пијалоци кои ги нарачувате во бар/ресторан, перална, третмани за здравје и убавина, фризерски салон, телефонски повици и интернет)
• Задолжителна полиса за здравствено осигурување за патување
• Трошоци за издавање виза (доколку е потребно)
Дополнителни информации
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62,00 денари за 1 евро се изразени во евра (ЕУР). При пријавување и склучување договор за патување се плаќа 30% од целосната сума на аранжманот. Преостанатиот дел од аранжманот се доплаќа најдоцна 35 дена пред патување.
Потребни документи за пријава на патувањето се меѓународен пасош со важност најмалку од 6 месеци по датумот на враќање. За деца под 18 години кои патуваат со или без родител, изјава заверена на нотар од едниот или двата родители.
Во случај Патникот доброволно да го прекине своето патување за време на неговото траење, сите дополнителни трошоци, вклучително и превозот, се на трошок на патникот.
Типови кабини
-Внатрешна кабина 3.999е по лице
-Кабина со прозор 4.827е по лице
-Балконска кабина 5.199е по лице
| Ден | Пристаниште | Пристигнување | Поаѓање |
|---|---|---|---|
| 1 | Токио (Јокохама), Јапонија | - | 15:00 |
| 2 | Тоба, Јапонија | 07:00 | 16:00 |
| 3 | Осака (Кјото), Јапонија | 08:00 | 20:00 |
| 4 | Кочи, Јапонија | 07:00 | 15:00 |
| 5 | Хирошима, Јапонија | 09:00 | 21:00 |
| 6 | Kanmon Straits, Јапонија | 07:00 | 09:00 |
| 7 | Бусан, Јужна Кореа | 07:00 | 16:00 |
| 8 | Нагасаки, Јапонија | 07:00 | 16:00 |
| 9 | Отворено море | - | - |
| 10 | Шимизу (Фуџи), Јапонија | 10:00 | 18:00 |
| 11 | Токио (Јокохама), Јапонија | 06:30 | - |
Состанок на групата на меѓународниот аеродром во Скопје, најдоцна 2 часа пред летот. Лет од Скопје до Токио со преседнување во Истанбул.
2 ден Токио, Јапонија

Пристигнување во Токио во попладневните часови. По завршување на царинските должности не пречекува претставник од партнерската компанија. Трансфер до хотел. Сместување во хотел и слободно време за истражување на Токио. Ноќевање.
3 ден Факултативен излет Токио (вклучен во цената)

Konnichiwa, добро утро од Токио!Денот го започнуваме со појадок, а потоа нè очекува организирана прошетка низ Токио вклучена во цената. Нашата авантура започнува во трендовскиот кварт Гинза, сместен во самиот географски центар на градот. Со текот на годините, Гинза стана симбол на луксуз, гламур и врвна забава место каде што модерното и елегантното одат рака под рака. Продолжуваме кон Харајуку, срцето на јапонската младинска мода и креативна експлозија без правила. Овде светски познати дизајнери доаѓаат по инспирација, а ние, шетајќи по легендарната улица Такешита, ќе сретнеме млади луѓе со неверојатно необичен стил, ќе впиеме енергија и можеби ќе си купиме маица со сосема нестандарден принт. Следи мало бегство од урбаната врева во Хама Рикју - традиционален јапонски пејзажен парк, некогашна резиденција на најмоќниот воен клан во земјата. Мир, вода, зеленило и совршена рамнотежа. Потоа се упатуваме кон величествениот храм Меиџи, најголемиот шинтоистички храм во Јапонија, посветен на императорот Меиџи и неговата сопруга. Шетаме во сенката на древните дрвја и ја чувствуваме тивката духовна сила на ова свето место. Не можеме да го напуштиме Токио без средба со легендарниот Хачико - симболот на пријателство, лојалност и вечна посветеност. За големото финале, се искачуваме на покривот на зградата на локалната самоуправа, каде од панорамската палуба на 45-ти кат ни се открива една од најимпресивните глетки на Токио од птичја перспектива. Градот под нас блеска, огромен и жив, вистински спектакл! Враќање во хотелот, полни
4 ден Токио – Јокохама, Јапонија

Денот го започнуваме со појадок, по што се одјавуваме од хотелот. Се упатуваме кон пристаништето, каде што нè очекува нова авантура. Се пријавуваме и се качуваме на луксузниот брод Diamond Princess – нашата нова станица на море во наредните денови. Ги чувствуваме морскиот воздух и возбудата од патувањето што започнува. Пред нас се отвора сосема нов свет на уживање, релаксација и незаборавни моменти. Авантурата продолжува!
5 ден Тоба, Јапонија

Добредојдовте во Тоба! Ова е мирен крајбрежен град на јапонската бисерна обала, познат како родно место на современата култивација на бисери и како место каде што традицијата и морето живеат во совршена хармонија. Островите и заливите што го опкружуваат создаваат интимна, морска сцена, тивка, автентична и далеку од урбаниот метеж. Тоба е особено препознатлива по Mikimoto Pearl Island, остров-музеј посветен на Кокичи Микимото и уметноста на култивираниот бисер, каде што може да се видат и демонстрации на легендарните Ama жени нуркачки. Градот е дом и на Toba Aquarium, еден од водечките аквариуми во Јапонија, со импресивна колекција на локални и тропски морски видови. Посетителите можат да уживаат и во мирни прошетки до локалните шринтови и помали светилишта, како и во прекрасните крајбрежни панорами со поглед кон островчињата и малите пристанишни селца совршени за фотографии и моменти на спокој. Тоба нуди автентично доживување на традиционалниот јапонски крајбрежен начин на живот, каде времето тече побавно, а морето раскажува свои приказни. Важно: За движење до островните атракции во Тоба најчесто се користи воден шатл (water shuttle), кој овозможува пријатно и автентично доживување на крајбрежјето. Потребно е да се има предвид дека пристапот со инвалидска количка е ограничен на одредени локации. Се препорачува навремена резервација на шатлот, како и удобни обувки за пешачење, за полесно и поудобно истражување на областа.
6 ден Осака, Јапонија

Денот го започнуваме со појадок, по што следи откривање на историската душа на Осака, град кој со векови стоел како врата на Јапонија кон Азија. Преку неговото пристаниште не пристигнувале само трговски добра, туку и идеи, уметност, духовност и филозофии што длабоко ја обликувале јапонската култура. Од чајната церемонија до зен-будизмот, од науката до книжевноста сето тоа најпрво чекорело токму овде. Осака го достигнала својот зенит во 16. век, кога моќниот феудален господар Toyotomi Hideyoshi ја избрал за своја престолнина, а околу величествениот Osaka Castle се развил огромен административен и трговски центар. По неговата смрт, политичката моќ се преселила во мало рибарско село наречено Едо – денешно Токио. Но иако засенета, Осака останала вториот најголем град во земјата и денес блеска како динамична метропола со длабоки историски корени и силен идентитет. Ова пристаниште претставува и природна врата кон Кyoto, древната царска престолнина и духовното срце на Јапонија. Токму таму, низ храмови, градини и светилишта, се раскажува суштината на јапонската естетика, хармонија и тишина. Во овој регион се наоѓаат некои од најзначајните културно-историски бисери на Јапонија, како што се храмот Kiyomizu-dera со своите панорамски погледи над Кјото, позлатениот Kinkaku-ji што се огледува во мирното езерце, Nijo Castle со познатите „пееќки подови“, како и Todai-ji – домот на гигантската бронзена Буда статуа. Тука се и легендарниот Osaka Castle, мистичниот Fushimi Inari Shrine со бескрајните редови црвени тории, зен-градината на Ryoan-ji и спокојниот храм Shoren-in со своите елегантни градини. Ова е патување низ времето – каде минатото и сегашноста се испреплетуваат, а секој чекор раскажува приказна стара со векови. (*Овие атракции може да се вклучат во турата, на барање на патникот и доплата)
7 ден Кочи, Јапонија

Град каде што традицијата и морето дишат во исто темпо. По симнување од бродот, започнува пешачка тура која тргнува директно од пристанишниот терминал и трае приближно 4 до 5 часа. Заедно со водичот навлегуваме во приказните, ритамот и секојдневието на овој автентичен јапонски град. Прв стоп Harimaya Bridge – мал црвен мост што симболично го означува влезот во стариот дел од градот. Од тука патот нè води кон Hirome Market, жива и шарена област каде што се чувствуваат мирисите и вкусовите на Kochi. Имаме време за разгледвуање, дегустации и опција за ручек со локални специјалитети. По прошетката на пазарот, одиме кон Kochi Castle. Разгледуваме однадвор но постои опција за влез во замокот (по желба на патникот). Замокот, со своите древни структури и мирни градини, нуди совршен момент за фотографии и вистинско доживување на историјата. Продолжуваме низ градските улици, продавнички кафулиња, музејски изложби за секого по нешто. Се враќаме кон пристаништето и се качуваме на бродот. Распорт (истиот може да подлежи на промена): • 08:00 - Kochi Cruise Terminal • 08:15 - Harimaya Bridge (фото-стоп) • 08:30 – 10:30 - Hirome Market (разгледување, дегустации, опционален брз ручек) • 10:45 – 12:00 - Kochi Castle (надворешно разгледување; опционален внатрешен влез) • 12:00 – 13:00 - Слободно време / прошетка назад кон пристаништето • Враќање на пристаниште најдоцна 30 - 60 минути пред заминување Практични совети: Носете удобни обувки, мала сума готовина и вода. Доколку групата сака да влезе во замокот, потребно е навремено известување – тоа може да го продолжи времето за обиколка. Излетот е флексибилен и прилагодлив; Водичот ќе го регулира темпото за да се обезбеди навремено враќање на бродот Kochi нуди тивко, автентично и топло доживување, град кој се памети по чувството, а не само по местата.
8 ден Хирошима, Јапонија

Денот го започнуваме со појадок, а потоа следи откривање на историскиот град Хирошима со прошетка низ неговите најзначајни места и тивки сведоштва од минатото. Прошетката започнува во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима - простор исполнет со тишина, почит и длабока симболика. Тука се наоѓа Меморијалниот музеј на мирот, каде што преку внимателно зачувани збирки се раскажува трагичната приказна за настанот од 6 август 1945 година, момент кој засекогаш ја обликуваше историјата на градот и човештвото. Во паркот ги среќаваме и Куполата со атомска бомба, како и други споменици што носат силна порака за мир и надеж. По деталната обиколка на Меморијалниот парк, прошетката продолжува кон замокот Хирошима од 16 век, симбол на обновата и истрајноста на градот. На патот, водичот нè води низ помалку познати улици и места, откривајќи ги скриените скапоцени камења на Хирошима, познати главно на локалното население. Така, чекор по чекор, навлегуваме подлабоко во богатата историја, култура и дух на овој извонреден град. Ова е излет што не остава никого рамнодушен.
9 ден Kanmon Straits, Јапонија

Денот започнува со пловење низ Kanmon Straits, тесниот премин што ги разделува јапонските острови Honshu и Kyushu. Овој премин е познат по своите импресивни мостови, традиционални рибарски села долж брегот и живописното, тесно море низ кое секојдневно минуваат бродови. Очекувајте утринско пловење со прекрасни панорамски погледи кон градовите Shimonoseki и Kitakyushu, со високи мостови и локални чамци што го оживуваат пејзажот. Не се симнуваме од бродот па затоа ова е целосно релаксирачко и тивко доживување. Се препорачува престој на горните палуби за најдобри фотографии, мирна атмосфера и релаксација со утринско кафе додека го набљудувате јапонскиот брег момент за спокој и инспирација што останува во сеќавање.
10 ден Факултативен излет: Бусан, Јужна Кореа

За денес е предвиден факултативен излет (истиот се доплаќа) низ знаменитостите на Бусан - вториот по големина град во Јужна Кореја. Ќе имаме можност да го почувствуваме пулсот на градот, започнувајќи од традиционалниот пазар, каде што мирисите, боите и звуците раскажуваат приказни за секојдневниот живот на локалното население. Потоа, продолжуваме кон будистичкиот храм Хедонг Јонггунса, сместен на живописни крајбрежни карпи. Со фасцинантен поглед кон морето, храмот плени со својата хармонија, духовна атмосфера и архитектонска убавина – за многумина, најубавиот во јужниот дел на градот. Прошетката продолжува кон културното село Гамчеон, познато по шарените куќи распоредени во чекори по планинскиот релјеф. Овој простор нуди совршена комбинација на култура, уметност и традиција, каде секој агол е момент за фотографија и спокојна прошетка низ уличките што зборуваат за историјата и креативноста на жителите на Бусан.
11 ден Нагасаки, Јапонија

Нашата авантура денес се одвива во извонредниот град Нагасаки, симбол на историјата, трагедијата и убавината на Кјушу. За повеќето патници, Нагасаки е сведоштво за ужасот и нечовечноста на војната се проценува дека 75.000 луѓе загинале во 1945 година кога градот стана втора цел на нуклеарен напад. Денес, Паркот на мирот и музејот на атомската бомба привлекуваат посетители од целиот свет, потсетувајќи на важноста на мирот. Но, Нагасаки нуди и други неверојатни глетки. Често опишан како „Сан Франциско во Јапонија“, градот се протега низ зелени ридови опкружени со длабок воден залив. За три века, Нагасаки беше единствениот прозорец на Јапонија кон светот, а градот се слави и како дом на операта на Пучини „Мадам Батерфлај“. Од пристаништето започнуваме со кратка прошетка до станицата, каде се качуваме во локалниот градски трамвај. Уживаме во живописното возење низ раздвижените улици, набљудувајќи го секојдневниот живот на Нагасаки. Нашата тура нè води кон портата Тории со една нога, продолжува кон музејот за атомска бомба со постојаната изложба на фотографии и артефакти, и споменикот што го означува центарот на експлозијата. Прошетката завршува во Меморијалниот парк на мирот, сместен во близина на Граунд Зеро, каде се издига Статуата на мирот, висока 30 метри – силен симбол на светски мир. Со нови впечатоци, чувство на почит кон историјата и мир, се враќаме на пристаништето, носејќи ги во срцето приказните и убавината на овој извонреден град.
12 Ден на море, Јапонија
Diamond Princess е вистинска ризница на незаборавни доживувања и исклучителни задоволства. Вечерајте свежо подготвен сашими во Каи Суши, уживајте во талентот на улични изведувачи на блескавиот Пјаца, или препуштете се на раскошното продукциско шоу во нивниот најсовремен театар. А за вистинско јапонско искуство, посетете ја бањата Изуми – најголемата од ваков вид на море, каде можете да се релаксирате и да го почувствувате мирот и спокојот на водата додека го гледате хоризонтот.
13 ден Шимизу (Fuji), Јапонија

Шимизу ве повикува со својот волшебен пејзаж, почитувана културна историја и енергијата на најсветиот вулкан во Јапонија. Иако градот има репутација на раздвижено и модерно место, неговата духовна и културна страна оживува низ древните и воодушевувачки светилишта, каде може да почувствувате мир и традиција на ова место. Секако, најмногу внимание привлекува светата планина Фуџи, која се издига над регионот на приближно 12.388 стапки. Овој активен вулкан, прогласен од УНЕСКО како „место и извор на уметничка инспирација“, нуди незаборавни глетки и инспирација за секој посетител. Предлог факултативна екскурзија (120€): панорамски поглед на Фуџи, учество во традиционална чајна церемонија и посета на уметнички музеј, идеална
14 ден Токио, Јапонија
Се одјавуваме од бродот најдоцна до 06:30 наутро. Трансфер до аеродромот и лет за Скопје со преседнување во Истанбул.
15 ден Крај на патувањето
Пристигнување во Скопје во утринските часови. Крај на патуавањето.
Цена со рана уплата до March 30, 2026
3999 ЕУР / Лице
Целосна цена
4299 ЕУР / Лице
15 dena
Oct. 17, 2026
Oct. 30, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070