Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Патување каде што слободата има мирис на океан, а хоризонтот никогаш не е ист. Каде што секоe изгрејсонце носи нова енергија, а секој залез ве потсетува колку е широк светот. Ова е крстарење каде времето забавува, а деновите се мерат со впечатоци, не со часови. Добредојдовте на патување што ги спојува Пацификот, Хаваи и западниот брег на Америка.
16-дневно крстарење со бродот Ruby Princess (кабини на бродот со туш/тоалет, клима, сеф, ТВ, фен, крпи), полн-пансион со огромен избор на јадења, пица или бургер помеѓу оброците, вода, кафе, чај, закуски, гала вечера, тематски вечери, базени, џакузи, фитнес центар, дискотека, театар, разни дневни активности, детски клубови и клубови за сите годишни возрасти.
Од легендарниот Сан Франциско, срцето на Калифорнија, тргнуваме кон отворено море, оставајќи зад себе мостови, градска енергија и ритам што полека се топи во звукот на брановите. Деновите на море се време за одмор, тишина и уживање во самиот пат, додека океанот станува дел од секој поглед.
Мауи и Хило нè пречекуваат со вулкански пејзажи и бујна природа, а Хонолулу носи жив островски ритам и насмевки на секој чекор. Кауаи тивко освојува со својата сурова убавина и спокој, создавајќи моменти што се паметат без многу зборови.
Патувањето продолжува кон Енсенада во Мексико, каде вкусовите, боите и локалната култура носат сосема поинаква перспектива. И повторно Сан Франциско овојпат со поглед полн со спомени и чувство дека патувањето оставило трага.
Во цената е вклучено
• 4 Ноќевања со појадок во хотел во Сан Франциско
• Повратен авионски билет на релација Скопје – Сан Франциско – Скопје со вклучени аеродромски такси
• Багаж 23 кг + 8 кг рачен багаж
• Претставник од агенцијата за време на целото патување и крстарење
Во цената не е вклучено
• Индивидуални трошоци и бакшиш за персоналот
• Факултативни излети
• Пијалоци на бродот
• Лична потрошувачка (алкохол и сите други пијалоци кои ги нарачувате во бар/ресторан, перална, третмани за здравје и убавина, фризерски салон, телефонски повици и интернет)
• Задолжителна полиса за здравствено осигурување за патување
• Трошоци за издавање виза 185 американски долари (USD). Потребно е да се аплицира за виза не покасно од 01.06.2026. Доколку бидете одбиени за виза депозитот за крстарењето Ви се враќа назад (потребен е документ од амабсадата за целосен повраток)и важи само за оние кои имат аплицирано за виза пред 01.06.2026 во спротивно важи *ПОЛИТИКАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ.
• Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот во САД
• Задолжителна такса по лице на ден: 17 американски долари (USD) за кабини (внатрешни, со прозорец, со балкон), 18 американски долари (USD) за мини апартмани и Reserve, 19 американски долари (USD) за апартмани
Дополнителни информации
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62,00 денари за 1 евро се изразени во евра (ЕУР). При пријавување и склучување договор за патување се плаќа 30% од целосната сума на аранжманот. Преостанатиот дел од аранжманот се доплаќа најдоцна 35 дена пред патување.
Потребни документи за пријава на патувањето се меѓународен пасош со важност најмалку од 6 месеци по датумот на враќање. За деца под 18 години кои патуваат со или без родител, изјава заверена на нотар од едниот или двата родители.
Во случај Патникот доброволно да го прекине своето патување за време на неговото траење, сите дополнителни трошоци, вклучително и превозот, се на трошок на патникот.
Типови кабини
-Внатрешна кабина 4.180е по лице
-Кабина со прозор 4.999е по лице
-Балконска кабина 5.599е по лице
| Ден | Пристаниште | Пристигнување | Поаѓање |
|---|---|---|---|
| 1 | Сан Франциско, Калифорнија | - | 15:00 |
| 2 - 5 | Денови на море | - | - |
| 6 | Мауи, Хаваи | 08:00 | 19:00 |
| 7 | Хило, Хаваи | 08:00 | 17:00 |
| 8 | Хонолулу, Хаваи | 07:00 | 23:00 |
| 9 | Кауаи, Хаваи | 08:00 | 17:00 |
| 10-14 | Денови на море | - | - |
| 15 | Енсенада, Мексико | 07:00 | 12:00 |
| 16 | Денови на море | - | - |
| 17 | Сан Франциско, Калифорнија | 07:00 | - |
Состанок на групата на меѓународниот аеродром во Скопје, најдоцна 2 часа пред летот. Лет од Скопје до Сан Франциско со преседнување во Истанбул. Трансфер од аеродром до хотел. Слободно време за истражување. Ноќевање.
Сан Франциско, САД

Денот го започнуваме со истражување на шармантниот Сан Франциско, град што спојува урбаност, историја и неверојатни панорамски погледи. Првата станица ни е Градскиот Совет со плоштадот и авенијата на Обединетите нации, место кое ја рефлектира енергијата и културната важност на градот. Продолжуваме кон Јавната библиотека и Азискиот Музеј, каде архитектурата и изложбите ја раскажуваат мултикултурната историја на регионот. Следна станица се Операта и Театарот, симболи на уметничката сцена и културниот живот. Потоа се упатуваме кон Твин Пикс, населба која нуди спектакуларен панорамски поглед на целото градско подрачје и заливот. Ќе застанеме и на легендарната улица Ломбард, позната по своите кривулести патеки, цвеќиња и уникатна атмосфера. Не можеме да го пропуштиме и Рибарското пристаниште, место полно со кафулиња, ресторани и продавници на платформи, со прекрасен поглед кон Голден Гејт Бриџ и Алкатраз. Во попладневните часови имаме слободно време за самостојна прошетка и уживање во градската магија. Ноќевање.
Слободен ден, Сан Франциско, САД

Денес имаме слободен ден за истражување на Сан Франциско. За оние кои сакаат дополнителна авантура, нудиме факултативен излет до познатите вински долини Напа и Сонома, каде ќе уживате во прекрасните пејзажи, мирисот на лозјата и, секако, во дегустација на првокласно калифорниско вино, вистинско задоволство за сетилата!
Слободен ден, Сан Франциско, САД

Денес имате слободен ден во Сан Франциско, градот на ридови, мостови и неверојатни погледи, каде може сами да ја почувствувате магијата на неговите улици и уникатни квартови. За оние кои сакаат дополнителна авантура, нудиме факултативен полудневен излет Муир Вудс, Саусалито и Бегство од карпата (5 часа, 149€ од лице) со тргнување од Gray Line Office at Union Square. Ова воодушевувачко патување започнува со преминување на мостот Голден Гејт и возење низ грубите крајбрежни планини на округот Марин, со прекрасен поглед на заливот Сан Франциско и долините каде некогаш живеел крајбрежниот Мивок. Првата станица е Муир Вудс, национален споменик со џиновски црвени дрва (Sequoia Sempervirens) надвиснати над Редвуд Крик. Тука имаме повеќе време за прошетка меѓу импресивните дрвја, отколку што нуди која било друга туристичка компанија, а влезот е вклучен во понудата. Потоа следува Саусалито, крајбрежна населба изградена во медитерански стил со шармантни продавници, уметнички галерии и ресторани, каде често живеат познати личности од музиката и уметноста. Во продолжение, имате можност за прошетка со брод околу островот Алкатраз. Ве молиме имајте во предвид дека внатрешноста на затворот не е вклучена. Вклучено: Wi-Fi на бродот, возење со брод, превоз со луксузен климатизиран автобус. Не е вклучено: пијалоци, бакшиши, оброк.
Сан Франциско, САД
По појадокот го напуштаме хотелот и се упатуваме кон пристаништето за качување на Ruby Princess. По завршување на формалностите за качување и сместување во кабините, имате можност да уживате во вкусен ручек во ресторанот со шведска маса. Бродот испловува во 16:00 часот, започнувајќи нова незаборавна морска авантура!
Денови на море
Уживајте во слободното време на бродот Ruby Princess, истражувајте ги палубите, релаксирајте се или се забавувајте со богатиот избор активности и шоу програми кои ве очекуваат!
Kahului, Maui, Hawaii , САД

Денот го започнуваме со нуркање во кристално чистите води на јужниот брег на Мауи, каде што коралните гребени преполни со тропски риби создаваат вистински подводен рај. Нашата прва станица е кратерот на вулканот Молокини, полумесечест природен резерват формиран пред околу 230.000 години, кој денес е заштитена област за морскиот свет и засолниште за птици. Недалеку од тука, кај плажата Малуака, ќе го посетиме градот на желките и ќе ги видиме хавајските зелени морски желки - хону како мирно се сончаат на песокот. Следната авантура нè води кон најстариот и можеби најубавиот остров на архипелагот, Кауаи. Нашиот факултативен излет (не е вклучен во цената) започнува со легендарниот резервоар Менехун, изграден во 15 век, каде што ќе се запознаеме со историјата на првобитните жители на островот. Потоа ќе посетиме локална плантажа за кафе, каде што ќе имаме можност да пробаме хавајско кафе и кратко да прошетаме низ плантажата. Продолжуваме кон Големиот Кањон на Тихиот Океан, каде црвената плодна почва и магичното зеленило создаваат спектакуларни глетки. Во градот Валмеа ќе имаме пауза за ручек (не е вклучено во цената) и ќе го истражиме историскиот град Ханапепе, пред да се упатиме кон јужниот брег на Кауаи и да го посетиме Spouting Horn, едно од најфотографираните места на островот. И овде ќе имаме можност да видиме хавајски зелени желки како се движат покрај брегот.
Hilo, Hawaii, САД

Пристигнуваме во Hilo, го напуштаме бродот и се впуштаме во утринска прошетка покрај океанот, каде воздухот мириса на тропски дожд и свежа морска сол. Патеката по Banyan Drive нè води под сенките на гигантските банјан дрвја, додека шумолењето на палмите создава спокојна симфонија со морскиот бриз. Следна станица е Liliʻuokalani Gardens, јапонска оаза во срцето на Хаваи, мостови, црвени порти и езерца кои се изгледаат како живописни слики. Краткиот премин на мостот до Coconut Island нуди панорамски поглед на заливот, каде брановите танцуваат во ритам со светлината. Продолжуваме кон центарот на Hilo, низ шармантни улички полни со мирис на свежо кафе и локални специјалитети. Доколку е отворен, го посетуваме Hilo Farmers Market, место каде шарените плодови, уникатната уметност и насмевките на продавачите создаваат автентична хавајска атмосфера. Следува кратко возење со такси до Rainbow Falls, каде водата паѓа низ древни карпи, создавајќи магла што блеска на сонцето. Тука застануваме за фотографии и момент на тишина, во срцето на тропската шума. Околу 13:30 - 14:00 се враќаме назад кон пристаништето, полни со впечатоци, мирис на океан и спокој што само Hilo може да го подари.
Honolulu, Hawaii, САД

Хонолулу, родниот град на поранешниот американски претседател Барак Обама, нуди уникатна мешавина од историја, култура и тропска убавина. Нашата тура започнува со кулата Алоха, висока 134 метри, каде што од видиковецот се пружа панорамски поглед на градот. Следна станица е палатата Лолани, зачувана како наследство од монархот на островите, а потоа продолжуваме кон зградата на Врховниот суд - Алијолани Хејл, архитектонско ремек-дело со богата историја. Невозможно е да се посети Хонолулу без прошетка по најпознатата плажа во светот - Ваикики, каде што може да уживате во неверојатниот поглед на замрзнатиот кратер Дијамант Хед. За оние кои сакаат повеќе авантура, турата нуди можност за посета на гејзерот Халона и природниот резерват, заливот Ханаума и храмот Бјодо. Неизбежна станица е и заливот Ваимеа, место полно со историја каде во 18 век Капетанот Кук прв пат стапнал на островот. Продолжуваме кон историскиот град Халеива, каде што ќе се запознаете со колонијалниот начин на живот, ќе нурнете во кристално чистите води исполнети со шарен подводен свет, вистинска бајка за љубителите на природата и авантурите.
Kauai (Nawiliwili), Hawaii, САД

Четвртиот по големина остров во Хаваите, Кауаи, познат како „Градинскиот остров“, ве повикува на утро исполнето со зелени ридови, шумски патеки и морски мириси. Теренот се прелива од вулканските падини на планината Вајалеале до пустинските карпи на кањонот Ваимеа и раскошниот папрат Грото на реката Ваилуа. Иронично, ова некогаш изолирано место било сведок на првата средба меѓу Европејците и Хавајците и тоа на 19 јануари 1778 година, капетанот Џејмс Кук пристигнал тука, оставајќи траен печат во историјата. По симнување од бродот, тргнуваме по брегот каде што ветерот носи мирис на тропски цвеќиња и свеж островски воздух. Полека се движиме кон Nawiliwili Bay, самата патеката нè води покрај палми и мали плажи, идеални за кратка пауза или момент на тишина. Следна станица е Kalapaki Beach, каде брановите танцуваат пред хотелите и малите кафулиња на брегот. Тука имаме кратка пауза за кафе, свеж сок од ананас или едноставно боси нозе во песокот додека гледаме во бескрајниот хоризонт. Потоа со такси имаме кратко возење до Wailua River Lookout и Opaekaa Falls, каде што водопадите паѓаат меѓу густа зелена шума, реките течат мирно, а видиковците наликуваат на разгледници. Околу 13:30 - 14:00 се враќаме кон пристаништето, со чувство дека сме прошетале низ живописна галерија на „The Garden Isle“.
Денови на море
Уживајте во слободното време на бродот Ruby Princess, истражувајте ги палубите, релаксирајте се или се забавувајте со богатиот избор активности и шоу програми кои ве очекуваат!
Ensenada, Мексико (излет вклучен во цената)

Енсенада, сместена на само 70 милји јужно од меѓународната граница меѓу Мексико и САД и на околу 90 минути возење од Сан Диего, не пречекува со топла клима, пријателска атмосфера и лесен пристап по копно, море и воздух. Овој шармантен град го прави второто најпосетувано пристаниште во Мексико за сите крстарења, а неговата енергија и локалниот дух веднаш се чувствуваат. Нашата полудневна екскурзија започнува со обиколка на градот, каде што се запознаваме со убавините и културното наследство на Енсенада. Следна станица е спектакуларниот природен гејзер La Bufadora, морски феномен кој во висина исфрла вода и до 100 метри. Од платформата за гледање, секој момент е фотографска прилика, а звукот на водата и морските бранови создаваат магична атмосфера. Потоа продолжуваме кон Ривиера дел Пацифико, некогашно гламурозно казино и луксузно одморалиште. Тука посетуваме голема сала за танц, музеј и галерија, каде што историјата и уметноста се спојуваат во еден здив. На крајот, имате време да го истражите главниот трговски кварт на Енсенада или да се вратите на бродот со автобус и придружба на водич, полни со нови впечатоци од овој живописен мексикански град.
Ден на море
Уживајте во слободното време на бродот Ruby Princess, истражувајте ги палубите, релаксирајте се или се забавувајте со богатиот избор активности и шоу програми кои ве очекуваат!
Сан Франциско, САД
Пристигнување на бродот во Сан Франциско. Се одјавуваме од бродот најдоцна до 07:30 наутро. Трансфер до аеродромот и лет за Скопје со преседнување во Истанбул.
Пристигнување во Скопје
Пристигнување во Скопје во попладневните часови. Крај на патуавањето.
Цена со рана уплата до April 30, 2026
4180 ЕУР / Лице
Целосна цена
4380 ЕУР / Лице
22 dena
Nov. 26, 2026
Dec. 16, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070