Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
ВO ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
Прв ден 14.03.26 Сабота
Состанок на групата во 05:00 часот,поаѓање за Грција со попатни паузи и царински формалности.Пристигнување во Воден,разглед на градот и слободно време за слободни активности.
Воден ( Едеса ) е град во Егејска Македонија,северозападно од Солун или поточно во округот Постол. Населението брои 18.229 жители (2011). Преку железничка пруга Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, додека пак со Солун кон југоисток.Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и водопади на реката Вода (Воденка), кои се значнителна знаменитост — Парк на водопадите. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Исто така и низ самиот град течат голем број на поточиња. Градот е седиште на Општина Воден.
Во договорено време во папладневните часови се упатуваме кон Лутраки,сместување во апартамани,слободно време за прошетка,вечера,ноќевање.
Лутраки во Македонија позната како Термални бањи во Позар,овде посетителот наоѓа хотели, пансиони, таверни и ресторани. Направете го вашиот избор ќе уживате во незаборавен престој.Над течението на природната река се наоѓаат водопадите, а до неа термалната вода, како што блика од утробата на земјата, создава втор водопад со топла термална вода веднаш до ладната... нешто уникатно што ако го доживеете ќе го разберете. Значи не е случајна дестинација број еден преку целата година. Исто така, има голем базен со олимписки димензии со исто така топла термална вода. Постојат традиционални бањи во посебни простори украсени со камен. Водата блика одоздола и е уникатно искуство. Ќе најдете и низа нови приватни бањи каде што можете сами или со вашето друштво да уживате во корисните својства на бањите и да уживате во овој дар од природата.
Областа има природна убавина и многу опции за разни алтернативни туристички активности, како што се посета на многу атракции, посета на прекрасните предели околу Лутраки и секако уживање во локалната традиционална кујна која вклучува македонски вкусови кои се чуваат со векови.
Втор ден 15.03.26 Недела
Одјавување од апартманите,целодневно слободно време за слободни активности,прошетка,доручек,капење во базените,ручек...Во попладневните часови во договорено време поаѓање кон Македонија,со попатни паузи и царински формалности пристигнување во вечерните часови.
Цена со рана уплата до Feb. 20, 2026
60 ЕУР / Лице
Целосна цена
80 ЕУР / Лице
2 dena
March 14, 2026
March 15, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070