МАДРИД И ТОЛЕДО ВО ОКТОМВРИ, Шпанија

Актуелно патување

МАДРИД И ТОЛЕДО ВО ОКТОМВРИ
МАДРИД И ТОЛЕДО ВО ОКТОМВРИ МАДРИД И ТОЛЕДО ВО ОКТОМВРИ
МАДРИД И ТОЛЕДО ВО ОКТОМВРИ МАДРИД И ТОЛЕДО ВО ОКТОМВРИ

МАДРИД ЗА 11 ОКТОМВРИ

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје – Мадрид - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Сместување во Мадрид во Хотел 3*-  3 ноќевања со појадок
- Рачна торба торба (20x40x30cm) до 10кг
- Oрганизирани трансфери во Мадрид: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Патничко здравствено осигурување 
- Туристичка такса: 5 € по лице по ноќевање (се наплатува во агенција)
- Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
- Пријавен багаж до 20кг – информација од агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација од агенција
- Доплата за седишта еден до друг – информација од агенција

- Пешачки разглед на Мадрид со локален водич - 35€
- Факултативна посета на Толедо со локален водич и трансфер (85€)
- Доплата за 1/1 соба (148€)
- Билети за јавен превоз со метро 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на Амор Травел 

План за патувањето

  • Програма на патување :

 

  • 1 ден (09.10.2026) Скопје – Мадрид

    Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:50 часот. Полетување кон Мадрид во 16:50 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во 20:40 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

  • 2 ден (10.10.2026) МАДРИД

    Појадок. После појадокот имаме можност за организирана пешачка тура што вклучува она што се нарекува Хабсбуршки Мадрид, бидејќи вклучува обиколка низ дел од градот што е создаден во 16-ти и 17-ти век, иако ќе видиме и места што се создадени подоцна. Тргнувањето е од Пуерта дел Сол (каде традиционално се дочекува Новата година), потоа Плаза Мајор (каде што се одржале првите „официјални“ борби со бикови во Мадрид и многу други настани), пазарот „Mercado de San Miguel“, најстариот ресторан во градот „Ботин“, улицата Мајор (каде што се случил првиот масовен атентат во историјата на Шпанија). Потоа се спуштаме до катедралата Алмудена (и во зависност од тоа дали има миса или не, влегуваме), Кралската палата (најголемата палата во Западна Европа), споменикот на Филип IV и Кралската опера. По завршување на пешачкиот разглед следува време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

 

  • 3 ден (11.10.2026) МАДРИД - ТОЛЕДО

    Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид. Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан. Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко. Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање

 


  • 4 ден (12.10.2026) МАДРИД

    Појадок.Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата).... Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром. Полетување во 21:25ч. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:50ч

Цена со рана уплата до July 31, 2026

539 ЕУР / Лице

Целосна цена

589 ЕУР / Лице

4 dena

Oct. 9, 2026

Oct. 12, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070