Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
1 ноќевање со појадок, (шведска маса) во центарот на Истанбул
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
* Доплата за седиште 10еур во двата правци.
1 Ден 07.Октомври.2025 СКОПЈЕ – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:
Состанок на групата на паркингот кај хотел Континентал во 08 30 ч.. Поаѓање во 09:00 часот. Се патува преку Грција, граничен премин Богородица ( Солун, Кавала, Истанбул...), со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 Ден 08.Октомври.2025 СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) - ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА:
Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 80 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро... По одморот продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови. Сместување во одбран хотел. Индивидуална прошетка и запознавање со местото.
Во пoпладневните часови започнува магијата на Кападокија:
Предлагаме возбудлива посета на ЦРВЕНА ДОЛИНА и запознавање со првите приказни за Кападокија. Потоа прошетка низ стара грчка напуштена населба но и стари селџучки куќи се уште во употреба. Прошетка покрај “самовилините оџаци“. Можност за освежување со свежо цеден сок од калинка. Посета на остатоците од старата тврдина - место со најубавиот залез на сонцето(факултативно). Вечера. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Ѓореме. Ноќевање.
03 Ден 09.Октомври.2025 ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА : ЛЕТ СО БАЛОН - ГОЛЕМА ТУРА – ТУРСКА ВЕЧЕР
Денот е предвиден за 3 возбудливи факултативни излети:
ЛЕТ СО БАЛОН:
Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите... уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно се издига. Слушајте го татнежот на печката што го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балони во лет, и секако... магичното изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.
Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. Летот на балоните најмногу зависи од временските услови (ветер, дожд, магла). Појадок.
2. КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земја, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината, по течението на реката Мелендиз, со пауза за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Пауза за ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река... Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години (факултативно). Враќање во хотел. Вечера.
3. ТУРСКА ВЕЧЕР: Во вечерните часови факултативно ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Враќање во хотел. Ноќевање.
04 Ден 10.Октомври.2025: ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА: СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА
Појадок. Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина а најзначајна од нив е црквата Св. Василиј... Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Одиме кон замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме... Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Следи разглед на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила... а потоа посета на долината на имагинации Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци. Посета на долината на љубовта и за крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
05 Ден 11.Октомври.2025: ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА - Истанбул
Појадок. ... Полни со впечатоци, поаѓаме кон Истанбул. По пристигнувањето во Истанбул сместување во хотел.По краток одмор одиме на една од најатрактивните улици Истиклал и Таксим плоштадот. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
06 Ден 12.Октомври.2025: Истанбул - СКОПЈЕ
Појадок. Се упатуваме кон разглед на градот со локален водич. (факултативно) Посета на Султанахмет, првиот двор на Топкапи, Сина Џамија и хиподромот. По завршување се упатуваме кон една од најголемите продавници за слатки и баклави. Тргнување кон Македонија во попладневните часови. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во утринските часови.
Цена со рана уплата до Sept. 15, 2025
259 ЕУР / Лице
Целосна цена
299 ЕУР / Лице
6 dena
Oct. 7, 2025
Oct. 12, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070