МАГИЧНАТА ТОСКАНА ЗА 8ми МАРТ, ТОСКАНА

Актуелно патување

МАГИЧНАТА ТОСКАНА ЗА 8ми МАРТ
МАГИЧНАТА ТОСКАНА ЗА 8ми МАРТ МАГИЧНАТА ТОСКАНА ЗА 8ми МАРТ
МАГИЧНАТА ТОСКАНА ЗА 8ми МАРТ МАГИЧНАТА ТОСКАНА ЗА 8ми МАРТ

МАГИЧНА ТОСКАНА

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Цената на аранжманот вклучува:

  • 3 ноќевања во хотел 3* со појадок во Монтекатини или околината
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Посета на Болоња
  • Организација со професионален туристички придружник на патувањето
  • Организиран трансфер: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€
  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) и посета на Пиза – 50€
  • Посета на Фиренца – 30€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ на ден по лице)
  • Патничко здравствено осигурување 400ден
  • Индивидуални трошоци (влезници за објекти…)

Специјален пакет на факултативи со 10 евра попуст (наместо 130 евра) по цена од 120 евра по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА

План за патувањето

Прв ден 05.03 (среда) Скопје – Италија

Состанок на групата околу 11:00ч. на паркингот кај хотел Континентал. Поаѓање за Италија, околу 11:30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

Втор ден 06.03 (четврток) Болоња – Монтекатини

Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци“, плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање.

Трет ден 07.03 (петок) Монтекатини- Cinque Terre-Пиза-Монтекатини

Појадок. После појадкот заминување на целодневна посета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на  регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Можност во слободното време за уживање на прекрасните плажи (препорака во селцето Monterosso). Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia.

Во вечерните часови се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

Четврт ден 08.03 (сабота) Монтекатини- Сиена – Сан Џимињано–Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање.

Петти ден 09.03 (недела) Монтекатини –ФИРЕНЦА – Скопје

Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…Во попладневните часoви (17:00- 18 :00) поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

Шести ден 10.03 (понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните  часови .

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

Цена со рана уплата до Jan. 20, 2025

189 ЕУР / Лице

Целосна цена

229 ЕУР / Лице

5 dena

March 5, 2025

March 9, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070